Износ на кредитот
|
- Минимален: 123 000 МКД
- Максимален: 1 538 000 МКД
|
Сопствено учество
|
- Без сопствено учество за проекти, одобрени од Агенцијата ИПАРД по Програмата за развој на селските подрачја;
- мин. 15% од вредноста на земјоделска техника којашто се купува, со цена на проектот до 10 000 ЕУР;
- мин. 25% од вредноста на земјоделска техника којашто се купува со цена над 10 001 ЕУР
Банката може да финансира до 100% од вредноста на проектот /без ДДВ/ при давање на дополнително обезбедување за кредитот.
|
Рок на искористување
|
|
Валута
|
|
Искористување на кредитот
|
- Рок за искористување – до 6 месеци
- Рокот за искористување се определува согласно рокот на преземање на инвестицијата.
- Начин на искористување - на делови, срема доставени документи кои ги оправдуваат расходите. Средствата од кредитот се префрлуваат на сметка на добавуваачот на земјоделска техника.
|
Начин на отплата на главница
|
- Грејс период – до 3 месеци после рокот на искористување на кредитот.
- По индивидуален амортизационен план, усогласен со приходите од работењето на кредитобарателот.
- Банката договара отплата на кредитот со очекуваната субвенција во целосниот износ од проектот.
|
Каматни услови
|
1. За кредитобаратели со одобрен проект и потпишан договор за субвенции:
- 7,00% - За кредитобаратели со одобрен проект и потпишан договор за субвенција
2. За кредитобаратели без потпишан договор за субвенција, но коишто купуваат механизација од овластени продавачи со кои ЦКБ АД Скопје има потпишано Договор за соработка, со еднократна провизија којашто се плаќа на Банката од страна на друштвото продавач
- 7,00% - за кредити со рок до 48м.,
- 6,70% - за кредити со рок до 36м.
|
Провизија и административни трошоци
|
- 610 МКД - Барање за кредит,
- 1,5% административни трошоци – еднократно од одобрениот износ, се задржува од одобрениот кредит при искористувањето,
- 900 МКД - провизија при промена на амортизационен план, по барање на клиентот,
- 200 МКД - провизија за достасаност и известување до клиентите и жирантите. Провизијата се пресметува месечно за секој неплатен ануитет, согласно Тарифа на Банката.
|
Обезбедување
|
- Невладетелски регистриран залог од прв ред на земјоделската техника којашто се купува со кредитот. Банката применува коефициент на редукција на вредноста на земјоделската техника до 0,90,
- Невладетелски регистриран залог од прв ред на побарување согласно договор за финансиска помош, склучен со ДА “ИПАРД”,
- Меница, издадена и акцептирана од кредитокорисникот и авалирана од сопруг/сопруга,
*По проценка на Банката може да бара дополнителни обезбедувања, согласно Правилата за кредитна активност.
|
Осигурување на обезбедувањето
|
Воспоставените обезбедувања се осигуруваат во корист на ЦКБ АД Скопје за сите ризици, прифатени во трговската размена. Осигурувањето е на сметка на кредитокорисникот.
|