Почитувани клиенти,
Врз основа на добиена претходна согласност од НБРСМ за вршење на нова финансиска активност, Централна кооперативна банка АД Скопје отпочна со посредување при продажба на инвестициско злато.
Посредувањето при продажба на инвестициското злато Банката го врши за компанијата Инвест Метал ДООЕЛ Скопје.
За тековната продуктна понуда на инвестициско злато и актуелните цени може да се информирате на веб страницата https://www.investmetal.mk/.
Подетални информации за спроведување на процесот на нарачување и купување на инвестициско злато, може да добиете во нашите филијали: Скопје Центар и Скопје Парк.