Во насока на доближување до постојните и потенцијално новите клиенти, како и заради побрз и поедноставен пристап до услугите на Банката, Централна кооперативна банка АД Скопје на 28.12.2012 отвори нова експозитура во Скопје. Со новата експозитура деловната мрежа на ЦКБ брoи 23 експозитури на територијата на Република Македонија. Новата експозитура, со високообразувани и стручни лица ќе овозможи ефикасна и брза услуга за користење на производите и услугите кои ги нуди Банката. Новата експозитура во Скопје се наоа на ул. Ј. Лукровски бр.2 вл.1. во близина на Аутомакедонија, веднаш до бензиската пумпа на Макпетрол. Банката и понатаму ќе вложува во унапредувањето на професионалноста и ефикасноста во пласирањето на банкарските производи и услуги со цел да биде чекор поблиску до своите клиенти.