ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД, објавува оглас за вработување на едно лице за работна позиција Соработник за клиентска услуга во Експозитура Кавадарци на определено време од 6 месеци со можност за продолжување на работниот однос на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување, основна почетна плата од 15.000 денари во нето изнoс и можност за дополнителни бонуси и награди во согласност со вложениот ангажман и остварените резултати.
Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации:
- Најмалку високо образование од областа на економските науки;
- Солидно познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери;
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
- Одлични комуникациски способности;
- Висок степен на прецизност;
- Позитивен приод кон работата.
Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, Ве молиме да ја пополните online апликацијата на нашата Интернет страница www.ccbank.mk во делот „Вработување и пракса“
Огласот трае заклучно со 18.03.2016 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои ги исполнуваат условите во огласот, ќе бидат повикани на тестирање /интервју, кое ќе се одржи во просториите на Централна кооперативна банка АД Скопје.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.