НАМАЛЕТЕ ЈА ЦЕНАТА, ДОДАЈТЕ ЕМОЦИИ СО ПРОГРАМАТА CCB BONUS И ВАШАТА КАРТИЧКА ОД ЦКБ
Централна Кооперативна Банка со задоволство Ви го претставуа најновиот каталог - CCB Bonus, создаден со многу внимание и стремеж да одговори на Вашите желби, потреби и стил на живот. Специјално за Вас се селектирани нашите предлози за шопинг со попусти кај нашите многубројни партнери.
CCB Bonus внесува добро расположение во Вашето секојдневие и Ве полни со ентузијазам додека пазарувате во омилените продавници, Ве изненадува со попусти за време на Вашето патување и Ви нуди можности за поволни купувања.
Мобилната верзија на каталогот CCB Bonus е достапна за Вас во секое време, која ќе Ви помогне да ги откриете местата на кои може да добиете попуст.
За да имате корист од најатрактивните попусти на нашите партнери, плаќајте со својата дебитна или кредитна картичка, издадена од Централна Кооперативна Банка. Кај некои од нашите партнери попустот важи само при плаќање со кредитна картичка од ЦКБ.
Попустот е валиден за период од 01.05.2017 до 30.04.2018 година.
Ве молиме не заборавајте да напоменете за својот попуст за време на купувањето.
Попустите важат за производи и услуги кои не се вклучени во промоциите, освен ако не е поинаку наведено.
НАКРАТКО ЗА CCB BONUS
• Попустите на продажните места, вклучени во каталогот, при плаќање со картички издадени од ЦКБ АД, се валидни за периодот од 01.05.2017 до 30.04.2018 година.
• Попустите важат за стоки и услуги кои не се вклучени во промоциите, освен ако не е поинаку наведено.
• Попуст за хотелско сместување не се применува за време на национални и државни празници, како и кај локални празници и специјални настани, освен со согласност на трговецот.
• Попуст се добива на продажното место во моментот на купувањето.
• Попустите не важат при купување и користење на ваучери, освен ако не е наведено поинаку.
• Информирајте се за својот попуст пред плаќањето на сметката или напоменете дека ќе платите со картичка на ЦКБ АД.
• Во случај продажното место да не Ви одобри попуст, Ве молиме да не информирате на телефон: 02/3249 343 или на mail-от cards@ccbank.mk.
• Банката не сноси одговорност за направени печатни грешки.
• За време на важноста на каталогот можно е да дојде до промена на условите посочени од продажните места. Најновите информации се објавени на http://bonus.ccbank.bg/
• Во случај картичката да Ви биде изгубена или украдена, за да ја блокирате, Ве молиме да се јавите веднаш на следниот телефонски број: 02/3293 888