ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на едно лице на работно место Соработник за проценка на имот.
Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
За ова работно место предвидена е основна нето плата од 15.000 до 20.000 денари, а главните задачи и одговорности воглавно се однесуваат на учество во изготвување на нови процени на имот, правење на репроцени на имот и ревизија на процени на имот согласно потребите на Банката.
Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и познавања:
- Најмалку високо образование стекнато на Градежен факултет – отсек градежништво или Архитектонски факултет;
- Солидно познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање и работа со компјутери;
- Возачка дозвола „Б“ – категирија (искусен возач)
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
- Солидни комуникациски способности;
- Позитивен приод кон работата;
- Висок степен на прецизност.
Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, пополнете ја апликацијата на нашата интернет страница www.ccbank.mk во делот вработување и пракса или испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk.
Огласот ќе биде активен заклучно со 23.06.2017 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308