ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Централна кооперативна банка АД Скопје објавува оглас за вработување на едно лице за работна позиција Соработник за кредитна анализа за клиенти – правни лицаво Филијала Струмица, на определено време од 6 месеци со можност за продолжување на работниот однос на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување, основна почетна нето плата од 26.000 денари со тоа што може да се договори и повисок износ во зависност од искуството и квалификациите на кандидатот, како и можност за високи дополнителни бонуси и награди во согласност со вложениот ангажман и остварените резултати.
Работното место во основа ги опфаќа следниве работни задачи:
- тековна анализа на пазарот и конкуренцијата;
- извршување на теренски промотивни и продажни активности;
- координација и поддршка на продажната мрежа во промотивни и продажни активности;
- контрола на активности на продажната мрежа врзано за продажби и промоции;
- исполнување на поставени месечни и квартални цели;
- анализа на примени барања за кредити;
- аквизиција на продажни места и поставување на ПОС терминали;
- целосна поддршка на експозитурите на Банката во рамките на Филијалата од аспект на одржување на обуки на вработените;
- извршување на тековно следење и грижа на постоечките клиенти на банката во работни задачи;
- изготвување понуди кои директно се доставуваат до клиентите и сл.
Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации:
- Најмалку високо образование од областа на економските науки (предност имаат насоките: сметководство, банкарство и финансии);
- Минимум 2 години релевантно работно искуство од областа на кредитна анализа на правни лица;
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
- Самомотивираност и способност за самостојно работење;
- Флексибилен и креативен приод кон луѓето и проблемите;
- Добри аналитички способности и искуство во анализи на финансиски извештаи;
- Висок степен на прецизност;
- Креативност и способност за паралелно извршување на повеќе активности;
- Способност за работа со утврдени временски рокови;
- Можност и афинитети за работа на терен;
- Солидно познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери;
- Возачка дозвола „Б“ – категорија.
Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, Вашите кратки биографии заедно со мотивационо писмо испратете ги во електронска форма на e-mail: hr@ccbank.mk со назнака „за оглас“. Вашата апликација задолжително треба да го содржи работното место за кое аплицирате.
Огласот ќе биде активен заклучно со 15.07.2018 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308