Почитувани клиенти,
Со задоволство Ве известуваме за најновата услуга со електронското банкарство на ЦКБ АД Скопје.
ЦКБ АД Скопје воведе можност за девизни плаќања преку електронското банкарство, што е уште една современа дигитална услуга, која е лесна за користење, безбедна и овозможува брзи и едноставни плаќања.
Дигиталните банкарски услуги со својата достапност, едноставност, брзина и безбедност при користењето, на клиентите им овозможуваат заштеда на време и средства и им даваат можност да ги завршат своите банкарски обврски 24 часа на ден, седум дена во неделата.
Ви стоиме на располагање за дополнителни информации како и сугестии за системот за Електронско банкарство.
Со почит,
Централна кооперативна банка АД Скопје