Почитувани клиенти,
Ве информираме дека Централна коооперативна банка АД Скопје почнувајќи од 08.03.2021 година започна соработка со Македонското кредитно биро АД Скопје со која ќе понуди нова услуга за издавање на Сопствен извештај од МКБ за сите физички и правни лица преку деловната мрежа на Банката.
ЦКБ АД Скопје е прва банка во банкарскиот сектор која ја нуди оваа услуга на сите физички и правни лица без оглед дали истите се клиенти на Банката. Секое правно или физичко лице со поднесување соодветно барање во една од експозитурите на Банката на брз и едноставен начин ќе го добие сопствениот извештај од Македонското кредитно биро АД Скопје без да има потреба да се обрати директно во просториите на МКБ АД Скопје.
Со оваа услуга, ЦКБ АД Скопје ја зголемува понудата на банкарски услуги кои се целосно ориентирани кон потребите на постоечките и потенцијалните клиенти што е една од главните цели на Банката.
Повеќе информации на следниот линк: https://mkb.mk/sopstven-izveshtaj-fizicki-lica/
Со почит,
Централна кооперативна банка АД Скопје