- Наменето за микро, мали и средни трговци регистрирани согласно Законот за трговски друштва, кои:
- се со седиште во Република Северна Македонија,
- се најмалку 51% во приватна сопственост,
- се класифицирани во А ризична категоризација согласно последниот достапен кредитен регистар на Народна банка на Република Северна Македонија или немаат кредитна изложеност,
- не се со основна дејност во тековната состојба лизинг, финансиски услуги, игри на среќа и производство на тутун, дрога и други опојни средства, производство и дистрибуција на оружје или воена опрема и трговија со недвижнини,
- немаат аплицирано и примено друг кредит покриен со оваа кредитно-гарантна шема
- Максимален износ на кредит до 30.750.000 денари
- Рок на отплата до 8 години за кредит за основни средства и до 3 години за кредит за обртни средства, со можност за вклучен грејс период до 1 година