Во насока на намалување на ризикот и заштита на здравјето на клиентите и вработените во Банката, средствата по основ на пензии за месец февруари ќе бидат пренесени на сметките на корисниците на датум 24.02.2022 година.
Сите клиенти кои имаат дебитни картички, пензиите може да ги подигнат на банкоматите на ЦКБ или да ги користат средствата за плаќање во трговија почнувајќи од 24.02.2022.
Исплатата на средствата по основ на пензии на шалтерите во Банката ќе се врши врз основа на висината на пензијата во следните 4 групи:
|
1. До 11.000 денари
2.11.001-14.000 денари
3. 14.001-18.000 денари
4. Над 18.001 денари
|
24.02.2022г. (четврток) 25.02.2022г. (петок) 28.02.2022г. (понеделник) 01.03.2022г. (вторник)
|
Со почит,
Централна кооперативна банка АД Скопје