Почитувани клиенти,
Го споделуваме официјалното соопштение на Народната банка на РСМ во врска со вчерашниот обид за хакерски напад на веб страниците на домашните банки и Народна банка:
https://www.nbrm.mk/ns-newsarticle-soopstenie-23022022.nspx
Ве информираме дека како резултат на имплементираните системи за заштита и брзата интервенција на стручните лица, во ниту еден момент не беше доведена во прашање сигурноста и доверливоста на податоците и функционалноста на веб страницата на Банката. ЦКБ АД Скопје континуирано превзема и ќе продолжи да превзема мерки за унапредување на системите за заштита и отпорноста на хакерски напади.
Со почит,
ЦКБ АД Скопје