Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на едно лице на работно место Соработник за клиентска услуга во Експозитура Битола.
Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и познавања:
- Најмалку високо образование од областа на економските науки;
- Солидно познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на македонски јазик;
- Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери.
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Работно искуство најмалку 1 година;
- Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
- Одлични комуникациски способности;
- Позитивен приод кон работата;
- Висок степен на прецизност.
За ова работни места предвидена е основна нето плата до 25.000 денари во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот, како и можност за дополнителни бонуси и награди во согласност со вложениот ангажман и остварените резултати. Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk.