Средствата по основ на примања од социјални права за месец јули ќе бидат пренесени на сметките на корисниците на 04.08.2023 година (петок).
Сите клиенти кои имаат дебитни картички, средствата може да ги подигнат на банкоматите на ЦКБ или да ги користат средствата за плаќање во трговија почнувајќи од 04.08.2023.
Исплатата на средствата по основ на примања од социјални права на шалтерите во Банката ќе се врши врз основа на азбучен ред од почетната буква на презимето на клиентите во следните 2 групи:
- 04.08.2023 (петок) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ;
- 07.08.2023 (понеделник) – М, Н, Њ, О, П, Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
Со почит,
Централна кооперативна банка АД Скопје