Централна Кооперативна Банка АД Скопје предупредува дека, на територија на Република Србија, непознати сторители злоупотребувајќи го идентитетот на Банката, преку лажно претставување прават обид за измама на потенцијалните клиенти на Банката.
Банката не стои зад рекламната содржина која преку социјални мрежи се пласира на територија на Република Србија и целосно се оградува од истата.
Банката апелира до своите клиенти и до граѓаните, крајно внимателно да ги доверуваат своите лични податоци на трети лица.
Препорачуваме во целост да се следат насоките и препораките на Агенцијата за заштита на личните податоци.
Со почит,
Централна Кооперативна Банка АД Скопје