Почитувани клиенти,
Со цел подобрување на квалитетот на понудените услуги, Ве информираме дека е планирана промена во инфраструктурата на информациските системи на ЦКБ АД Скопје во периодот од 11.07.2025 18:00 часот до 13.07.2025 година (вклучително).
Услугите CCB Mobile и CCB Online нема да бидат достапни во наведениот период, а банкарските експозитури нема да работат.
Во тој период, трансакциите со дебитни и/или кредитни картички на ЦКБ АД преку банкомати и плаќања на ПОС терминали ќе се извршуваат со расположиви средства заклучно со 11.07.2025 18:00 часот.
Ви благодариме за разбирањето и се извинуваме за предизвиканата непријатност.
Со почит,
Вашата Централна кооперативна банка АД Скопје