Централна кооперативна банка АД Скопје вработува кандидат за работнo местo: Соработник за архивирање – Скопје.
Работниот однос е на определено време 6 месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
Работното место воглавно ги опфаќа следниве работни активности:
∙ Евидинтирање и заведување на примените акти во деловодник;
∙ Распоредување на актите;
∙ Прием и експедиција на целокупната пошта;
∙ Заверка и дистрибуција на поштата и навремено доставување до надлежните организациони делови;
∙ Групирање, средување и слагање на архивскиот материјал по хронолошки ред, видови материјал и шифри на организационите делови;
∙ Чување и употреба на штембилот и печатите во архивата на Банката;
∙ Заведување на внатрешни упатства и наредби во деловодниците на Банката;
∙ Стручно, навремено и квалитетно извршување на поставените задачи;
∙ Средување на работната документација;
∙ Информирање на претпоставениот за сите активности и за други значајни проблеми од областа на работењето на организационата единица;
∙ Поставување и одржување на позитивни работни врски со внатрешни и надворешни субјекти, за постигнување на целите на Банката;
∙ Учество во изготвување на политики, правилници, одлуки, упатства за работата на организационата единица;
∙ Подготовка на редовни извештаи за своето работење до Директорот на Дирекцијата за административна поддршка, Управниот одбор и другите органи и одбори;
∙ Вршење на други работи и работни задачи.
Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и познавања:
- Најмалку средно образование;
- Најмалку 1 година релевантно работно искуство од областа на архивското работење;
- Основно познавање на англискиот јазик;
- Основни познавања од работа со компјутери;
Избраниот кандидат треба да ги поседува следниве компетенции и вештини:
- Да умее да постави и одржува позитивни работни врски и односи со внатрешни и надворешни субјекти, за постигнување на поставените цели;
- Ефективна комуникација;
- Тимска работа;
- Прецизност;
- Лојалност и одговорност.
За ова работно места е предвидена основна нето плата во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот.
Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете го Вашето CV на hr@ccbank.mk. Вашата апликација задолжително треба да го содржи работното место за кое аплицирате.
Огласот ќе биде активен заклучно со 18.08.2025 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308