Централна кооперативна банка АД Скопје информира дека почнувајќи од 7.10.2025 година, официјално ќе започне со извршување на СЕПА (Single Euro Payments Area) кредитни трансфери. Со ова нашите клиенти, правни и физички лица, ќе можат побрзо, побезбедно, поефтино и поефикасно да извршуваат плаќања во евра кон земјите членки на СЕПА зоната.
СЕПА е иницијатива на Европската Унија што ги поедноставува плаќањата во евра, овозможувајќи им на поединците, бизнисите и владите поедноставно управување со платежните услуги преку побрзи, поефикасни, потранспарентни и побезбедни плаќања во евра, кон и од земјите членки на СЕПА.
Надоместоците за трансакции во евра ќе бидат пониски во споредба со досегашните меѓународни плаќања.
Средствата до примателот ќе стигнуваат во рок од еден работен ден, без разлика во која земја членка на СЕПА се врши плаќањето.
СЕПА плаќањата ќе може да се извршуваат преку електронско и мобилно банкарство на Банката , што значи поголема удобност и заштеда на вашето време.
За бизнисите, ова значи намалување на административните и финансиските бариери при соработка со европски партнери.
Со приклучувањето кон СЕПА се прави значаен чекор кон европските интеграции, унапредување на финансиската инфраструктура и придобивки кои директно ќе ги почувствуваат и физичките лица и компаниите.