Политика за приватност на личните податоци
Политиката за приватност на личните податоци на веб-страницата го уредува начинот на кој Централна Кооперативна Банка АД Скопје ги собира, користи, одржува и ги открива податоците собрани од корисниците на www.ccbank.mk. Оваа политика за приватност на личните податоци се однесува само за информациите кои се собираат преку нашата веб-страница и не се однесува за личните податоци кои се собираат на други начини.
Кои информации ги собираме?
Банката ги собира следниве податоци при посета на веб-страницата:
Лични идентификациски информации
Ние може да собираме лични идентификациски информации од корисниците на различни начини во врска со активностите, услугите, карактеристики или достапните ресурси на веб-страницата. Корисниците можат да ја посетат веб-страницата и анонимно. Ние ги собираме личните идентификациски информации од корисниците единствено доколку тие сами се согласат да ги достават до нас. Корисниците можат во секое време да одбијат да ги достават своите лични идентификациски информации, освен доколку тоа ги спречува во остварување на одредени активности поврзани со посетата на веб-страницата.
Идентификациски информации кои не се лични
Ние можеме да собираме и идентификациски информации за корисниците кои не се лични, а се прават секогаш кога тие ја посетуваат веб-страницата. Идентификациските информации кои не се лични може да ги вклучуваат името на интернет пребарувачот, типот на компјутерот како и техничките информации за конекцијата што ја користи корисникот при прегледување на веб-страницата, како што се оперативниот систем и испорачувачот на интернет услугата и слични информации.
Колачиња на интернет пребарувачот
Нашата веб-страница може да користи „колачиња" за да се подобри корисничкото искуство. Интернет пребарувачот на корисникот ги чува колачињата на нивниот компјутер заради цели на чување на записи за посетите на веб-страницата. Корисниците можат да изберат да ги нагодат нивните интернет пребарувачи да ги одбијат колачињата или да јават предупредување секогаш кога тие ќе се пратат. Доколку корисниците ја одберат таа можност, одредени делови од веб-страницата можеби нема да функционираат како што е предвидено.
Гугл аналитика
Веб-страницата користи Гугл аналитика за да помогне при анализа на начинот на користење на веб-страницата од страна на корисниците. Оваа алатка користи колачиња. Генерираните информации од колачињата за вашето користење на веб-страницата (вклучувајќи ја и ИП-адресата) се проследуваат до Гугл. Овие информации се користат за да се евалуира користењето на веб-страницата од страна на корисниците и да се креираат статистички извештаи за активноста на веб-страницата на Банката. Ние нема (ниту ќе им дозволиме на трети страни) да ја користиме статистичката аналитичка алатка за следење или собирање на какви било лични податоци за идентификација на корисниците на нашата веб-страница. Гугл нема да ја придружи вашата ИП-адреса со кои било други ваши податоци што се чуваат во Гугл. Ниту Банката ниту Гугл нема да ја поврзе или да бара да ја поврзе ИП-адресата со идентитетот на корисникот.
Како ги користиме собраните информации?
Банката ги собира и користи информациите од корисниците за следниве цели: • За подобрување на нашата веб-страница Постојано се стремиме да ја подобриме понудата на нашата веб-страница што се базира на повратните информациите кои ги добиваме од Вас. • За подобрување на услугите кон клиентите Вашите информации ни помагаат поефикасно да одговориме на Вашите барања за определени услуги или поддршка кога ви треба. • За администрирање на содржината, промоциите, анкетите и други функционалности на веб-страницата За праќање информации на корисниците кои ќе се согласат да ги примат содржините кои мислиме дека се од нивни интерес.
Како ги штитиме Вашите информации?
Ние применуваме сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на Вашите лични податоци, како и податоци кои не се лични а се складирани на нашата веб-страница.
Обработка на Вашите лични информации
Ние не ги продаваме, разменуваме или изнајмуваме лични идентификациски информации на корисникот на трети лица. Личните податоци може да се откријат само во согласност со законските прописи наведени во регулативата за заштита на личните податоци, како и останатата важечка регулатива.
Веб-страници на трети лица
Корисниците можат да најдат реклами или друга содржина на нашата веб-страница кои водат кон други веб-страници и сервиси на нашите партнери, набавувачи, рекламни фирми, спонзори, лиценцни фирми и други трети лица. Ние не ја контролираме содржината или врските кои се присутни на тие веб-страници и не сме одговорни за постапките на вработените од веб-страниците кои се поврзани кон или од нашата веб-страница. Дополнително, наведените веб-страници или сервиси, вклучувајќи ги содржината и врските, може постојано да се менуваат. Наведените веб-страници или сервиси може да имаат сопствени политики за приватност на личните податоци на нивните веб-страници и посебни политики за односи со клиенти. Пребарувањето и интеракцијата со која било друга веб-страница, вклучувајќи ги и веб-страниците кои имаат врски со нашата, е предмет на конкретните правила и политики на односните веб-страници.
Промени во политиката за приватност на личните податоци
Банката има право да ја ажурира оваа политика за приватност на личните податоци во кое било време. Кога тоа ќе го направиме, ќе дадеме известување на главната страница на веб-страницата и ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на оваа страница. Им обврнуваме внимание на корисниците често да ја проверуваат оваа страница за какви било измени за да бидат информирани на кој начин овозможуваме заштита на личните податоци што ги прибираме. Корисникот прифаќа и се согласува дека тој има одговорност периодично да ја проверува политиката за приватност и дека е свесен за промените.
Прифаќање на условите
Со користење на оваа веб-страница, корисникот се согласува со одредбите од политиката за приватност на личните податоци на веб-страницата. Доколку не се согласувате со политиката, Ве молиме да не ја користете нашата веб-страница. Вашето континуирано користење на веб-страницата, следејќи ги промените на оваа политика, ќе се смета дека ги прифаќате дадените промени.
Стапете во контакт со нас
Доколку имате прашања во врска со политиката за приватност на личните податоци на веб-страницата, практиките или комуникацијата со веб-страницата, може да не контактирате преку испраќање на емаил на следнава емаил адреса info@ccbank.mk.