НАМЕНА И ПАРАМЕТРИ НА КРЕДИТОТ
• Редовен работен однос на неопределено време најмалку 6 месеци пред аплицирањето.
• Работен однос на определено работно време, најмалку 12 месеци пред аплицирањето за кредит.
• Кредитобаратели односно пензионери кои до истекот на кредитот ќе наполнат најмногу 75 години.
• Односот помеѓу обврските кон сите банки, штедилници и други финансиски институци и вкупните приходи на кредитобарателот, на месечна основа, (ДСТИ) не смее да биде повисок од 50%.
Овој процент ја вклучува и валутната компонента на кредитниот ризик.
• Односот меѓу износот на вкупната кредитна изложеност на кредитобарателот кон сите банки, штедилници и други финансиски институции и вкупните приходи коишто истиот ги остварува, на годишно ниво (ТДТИ), не смее да биде поголем од 15 доколку користи и кредити со залог или 6 доколку користи само кредити без залог.
Износ на кредитот -
Минимум 123 000 МКД
Максимум 18 500 000 МКД
Рок на кредитот - До 240 месеци
Грејс-период - до 12 месеци
РЕДОВНИ КАМАТНИ СТАПКИ
Кредитобаратели кои платата ја примаат на сметка во Банката за кредити одобрени со валутна клаузула и одобрено дозволено пречекорување или кредитен лимит:
|
Кредитобаратели кои не примаат плата на сметка во Банката и на кои им се одобрени минимум 2 дополнителни производи * во следните 30 дена по исплатата на кредитот, за кредити одобрени со валутна клаузула:
|
• 4,90% фиксна каматна стапка на годишно ниво за првите 4 години и 5,60% (шестмесечен ЕУРИБОР од 2,577% + 3,023% фиксен дел) променлива каматна стапка на годишно ниво за периодот потоа или 5,10% (шестмесечен ЕУРИБОР од 2,577% + 2,523% фиксен дел) променлива каматна стапка на годишно ниво за целиот период. Дозволени се дополнителни корекции на наведените каматни стапки: o За минус 0,20 п.п.кај фиксната каматна стапка при: рефинансирања изложености во други банки и штедилници со повеќе од 50% од кредитот или во случај личните нето месечни примања на кредитобарателот да се повисоки од 40,000 мкд или семејните повисоки од 70,000 мкд o За минус 0,10 п.п. кај фиксната каматна стапка кога: показателот ЛТВ е понизок или еднаков на 60% или показателот ДСТИ е понизок или еднаков на 40%. o За 0,40 п.п. кај променливата каматна стапка или променливата стапка за целиот перидот само сопретходна дозвола) кога во корист на банката е винкулирана ризико полиса или полиса за животно осигурување која покрива најмалку 30% од одобрениот кредит.
|
6,00% (шестмесечен ЕУРИБОР од 2,577% + 3,423% фиксен дел) променлива каматна стапка на годишно ниво за целиот период
|
* Преглед на референтни каматни стапки
РЕДОВНИ ПРОВИЗИИ И НАДОМЕСТОЦИ
Провизии и надоместоци:
- 1990 мкд провизија за аплицирање
- 1,50% управувачка провизија за првиот месец и 0,01% за секој нареден месец
- Без трошоци за проценка во случај кредитот да се одобри
- 2.400 МКД надомест за изработка на правно мислење
Провизии за предвремена отплата на долгот:
- Без провизија за предвремена отплата на кредитот од сопствени средства по истек на периодот со фиксна каматна стапка
- 0,25% провизија за предвремена отплата на кредитот од сопствени средства во периодот со фиксна каматна стапка
- 4,00% провизија за предвремено затворање на кредит, при рефинансирање со кредити од други банки - еднократно на остатокот од долгот
Останати трошоци:
- 3000 МКД за промена на амортизациски план по барање на клиентот
- 200 МКД провизија за известување за секој неплатен долг
- 0,10% провизија за продолжување на период со фиксна или пониска предвидена каматна стапка на секои нови 12 месеци
- трошоци за осигурување
- трошоци за интеркаларна камата
СТАПКА НА ВКУПНИ ТРОШОЦИ
СВТ при промотивни услови:
4,67% - за кредит во износ од 2 460 000 мкд (40 000 ЕУР), при рефинансирање на необезбеден кредит, со рок на враќање од 240 месеци, со фиксна каматна стапка од 4,00% за првите 5 години, а потоа 5,00% променлива каматна стапка. Вкупните трошоци ќе изнесуваат 1.315.455 мкд.
СВТ при редовни услови:
5,18% - за кредит во износ од 2 460 000 мкд (40 000 ЕУР), при рефинансирање на необезбеден кредит, со рок на враќање од 240 месеци, со фиксна каматна стапка од 4,70% за првите 4 години, а потоа 5,20% променлива каматна стапка. Вкупните трошоци ќе изнесуваат 1.459.347 мкд.
Примерот е даден за кредитобаратели кои ги исполнуваат следните услови:
- при рефинансирање изложености во други банки и штедилници со повеќе од 50% од кредитот, во случај личните нето месечни примања на кредитобарателот да се повисоки од 40 000 мкд или семејните повисоки од 70 000 мкд
- доколку вредноста на кредитот изнесува најмногу 60% од вредноста на обезбедувањето или односот помеѓу обврските кон сите банки, штедилници и други финансиски институции и вкупните приходи на кредитобарателот, на месечна основа не се повисоки од 40%
- при винкулирана ризико полиса или полиса за животно осигурување која покрива најмалку третина од одобрениот кредит
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ И ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА
Обезбедување:
- Односот помеѓу износот на кредитната изложеност кон физичкото лице и вредноста на недвижноста над која е воспоставен залог (ЛТВ), не смее да надминува 85% (како дополнителен интерен лимит се поставува 75% за имоти во Скопје и 70% за имоти надвор од Скопје).
- Односот помеѓу износот на кредитната изложеност кон физичкото лице и вредноста на недвижноста над која е воспоставен залог (ЛТВ), не смее да надминува 85% во следните случаи (само со претходна консултација и одобрување):
Обезбеден е дополнителен кокредитобарател, иако кредитобартелот и сам го исполнува условите за одобрување на кредитот. Во овој случај кокредитобрателот треба да исполнува услови за кредитоспсособност кои одговораат на 70% од износот на одобрениот кредити
Винкулирана е полиса за животно осигурување со штедна компонента која покрива најмалку 30% од одобрениот кредит
- Хипотека
- Полиса винкулирана во корист на Банката
Потребни документи :
- Барање за кредит
- Фотокопија од важечка лична исправа (лична карта пасош) за кредитобарателот
- Потврда за работен однос и плата или други месечни приходи за кредитокорисникот
- Имотен лист
- Полиса винкулирана во корист на Банката
- Доказ за сопственост на имотот
ЕКСПОЗИТУРИ