ccb logo
  • ЗА НАС
    • За ЦКБ АД Скопје
    • За ЦКБ АД Софија
    • Организациона шема
    • Раководство
    • Извештаи за банката
      • Финансиски извештаи
      • Извештаи и податоци
    • Меѓународна коресподенција
    • Заштита на лични податоци
    • Новости
    • Јавен повик
      • ЈАВЕН ПОВИК за свикување вонредна седница на Собрание на акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје 23.03.2023
      • ЈАВЕН ПОВИК за свикување вонредна седница на Собрание на акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје 17.01.2023
      • ЈАВЕН ПОВИК за свикување вонредна седница на Собрание на акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје 22.11.2022
      • ЈАВЕН ПОВИК за свикување вонредна седница на Собрание на акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје 26.07.2022
      • ЈАВЕН ПОВИК за свикување вонредна седница на Собрание на акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје 17.12.2021
      • Покана за запишување и уплата на долгорочни должнички хартии од вредност - конвертибилни обврзници по пат на јавна понуда
      • Покана за свикување седница на Годишно собрание на акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје (31.05.2022)
      • Покана за свикување седница на Годишно собрание на акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје (21.05.2021)
    • Интерни акти
    • Преглед на референтни каматни стапки
  • ФИЗИЧКИ ЛИЦА
    • Финансиска едукација
    • Кредити
      • Кредитен пакет "Доверба"
      • Кредитен пакет „Доверба - Македонски Полициски Синдикат МПС“
      • Станбен кредит со валутна клаузула во ЕУР
      • Хипотекарен кредит со валутна клаузула во ЕУР
      • Стандарден потрошувачки кредит
      • Кредитен пакет за пензионери
      • Автомобилски кредит
      • Автомобилски кредит во соработка со М Кар и Стар Моторс дооел Скопје
      • Кредит обезбеден со паричен депозит
      • Експрес кредит со залог на злато
      • Земјоделски кредит- Агро техника
      • Бескаматен кредит
      • Банкарски гаранции за физички лица
      • Тарифа на надоместоци за услугите кредитирање на населеие
    • Депозити
      • Стандарден депозит
      • Хит депозит
      • Отворен депозит
      • Рентен депозит
      • Детско штедење
      • Депозит по видување
      • Супер депозит
    • Платежни картички
      • Дебитни картички
      • Кредитни картички
      • СМС Известување
    • Платежни услуги во земјата
    • Платежни услуги со странство
      • Платежни услуги со странство за физички лица - Резиденти
      • Платежни услуги со странство за физички лица - Нерезиденти
    • Електронско банкарство CCB Online
    • Мобилно банкарство CCB Mobile
    • Western Union
    • Сефови
    • Стандардна табела со податоци по одделни кредити и депозити
    • DCC exchange list for AТМ
  • ПРАВНИ ЛИЦА
    • Кредити
      • Бизнис кредит „Доверба -овердрафт“
      • Бизнис кредит - Обрт
      • Бизнис кредит - Раст
      • Бизнис кредит - Микро
      • Микро земјоделски кредит
      • Бизнис кредит - Експорт
      • ЦКБ Бизнис кредит обезбеден со залог на денарски или девизен депозит
    • Гаранциско работење
    • Депозити
    • Платежни картички
      • Mastercard® Business Card – кредитна картичка
      • Visa Business – кредитна картичка
      • СМС Известување за платежни картички
    • Платежни услуги во земјата
    • Платежни услуги со странство
      • Платежни услуги со странство за правни лица - Резиденти
      • Платежни услуги со странство за правни лица - Нерезиденти
    • Електронско банкарство CCB Online
    • Сефови
  • КОНТАКТ
Преглед на целата листа
  • EUR | 61.2000 | 61.8500 | 61.6950
  • EUR | 61.2000 | 61.8500 | 61.6950
  • NOK | 4.8900 | 5.9800 | 5.4323
  • AUD | 36.1000 | 39.7000 | 37.9358
  • CAD | 39.8300 | 43.6800 | 41.8555
  • GBP | 67.9000 | 72.0100 | 69.9807
  • CHF | 59.9000 | 63.8000 | 61.9241
  • SEK | 4.9200 | 5.9900 | 5.4579
  • JPY | 0.4079 | 0.4424 | 0.4272
  • USD | 54.7000 | 58.4900 | 56.6737

1

2

3

Анкета
Вашето мислење е најважно за нас!

Платежни услуги со странство за физички лица - Резиденти


Платежни услуги со странство за физички лица - Резиденти

Отворање на платежна сметка во девизи

Физичко лице-Резидент може да отвори една или повеќе платежни сметки во девизи во една или повеќе деловни банки во РС Македонија при што со Банката како давател на платежни услуги потпишува Рамковен договор за отворање и одржување на платежни сметки и користење на платежни услуги.

Пред воспоставување на деловен однос со клиентот, Банката врши негова идентификација согласно одредбите од Законот за спречување на перење пари и финансирање тероризам и Програмата на Банката за имплементација на мерките за заштита од спречување на перење пари и финансирање тероризам. За таа цел клиентот задолжително пополнува и соодветна Апликација. При отворање на платежната сметка во девизи задолжително е клиентот да има отворено и денарска платежна сметка во Централна кооперативна банка АД Скопје.

За вршење работи на платежни услуги со странство, банката на барање на клиентот отвора платежна сметка во девизи, при што е потребно клиентот да ја достави и потпише следната документација:

Физичко лице – Резидент:

  • Апликација за идентификација/ажурирање на клиент за носителот и овластеното лице (формулар од банката);
  • Барање за отворање на платежна сметка (формулар од банката);
  • Пријава за овластени лица на платежна сметка (формулар од банката);
  • Пријава за овластени потписници на платежна сметка (специмен-формулар од банката);
  • Рамковен договор за отворање и одржување на платежна сметка (формулар од банката);
  • Полномошно заверено на нотар ако носителот на сметка не е лично присутен во банката;
  • Фотокопија од важечка лична или патна исправа на лицето-барател или лицето овластено да отвори и/или располага со средствата на сметката;
  • Изјава од носителот на сметка или овластеното лице за статус Резидент или Нерезидент, информираност за позитивните законски прописи во РСМ и за термините и условите за отворање и одржување на платежна сметка (Формулар од банката);

Физичко лице – Резидент по основ ДЕВИЗНА ПЕНЗИЈА:

  • Апликација за идентификација/ажурирање на клиент за носителот и овластеното лице (формулар од банката);
  • Барање за отворање на платежна сметка (формулар од банката);
  • Пријава за овластени лица на платежна сметка (формулар од банката);
  • Пријава за овластени потписници на платежна сметка (специмен-формулар од банката);
  • Рамковен договор за отворање и одржување на платежна сметка (формулар од банката);
  • Полномошно заверено на нотар ако носителот на сметката не е лично присутен во банката;
  • Фотокопија од важечка лична или патна исправа на лицето-барател или лицето овластено да отвори и/или располага со средствата на сметката;
  • Изјава од носителот на сметка или овластеното лице за статус Резидент или Нерезидент, информираност за позитивните законски прописи во РСМ и за термините и условите за отворање и одржување на платежна сметка (формулар од банката);
  • Пријава на корисник на странска девизна пензија (формулар од банката);
  • Изјава за остварено право на странска девизна пензија (формулар од банката);
  • Овластување за враќање на девизна пензија (формулар од банката).

Наведената документација се доставува во оригинал (или фотокопија заверена на нотар) во најблиската експозитура на Банката.

Банката може да побара и друга документација доколку од доставената не може да се утврдат неопходните податоци за идентификација на клиентот при отворање на платежна сметка за работа со странство.

Клиентите кои претходно се идентификувани и во банката имаат важечка документација, потребно е да ги пополнат и достават само предвидените формулари од Банката. 

Платежни услуги со странство за физички лица - Резиденти 

Централна кооперативна банка АД Скопје преку својот интегриран и софистициран систем со најсовремени технолошки решенија за сите свои клиенти-корисници на банкарски услуги овозможува брз, ефикасен и сигурен начин на сите наплати и плаќања ширум светот, применувајки стандардизирани меѓународни платни инструменти и користејќи ја притоа широката мрежа на кореспондентски финансиски односи со странски и домашни банки.

Централна кооперативна банка АД Скопје извршува режимски денарски и девизни кредитни трансфери во платежни услуги со странство за резиденти - домашни физички лица по основ наплата од нерезиденти и резиденти и плаќања кон нерезиденти или резиденти со посредство на:

  • SWIFT - Глобален сервис за пренос на сигурни финансиски трансакции;
  • CCB Sofia,Bulgaria - за најефтини интерни девизни трансфери за клиенти на ЦКБ групација,
  • BISERA 7 - за евтини и брзи трансфери во евра до EUR 50.000,00  за банки во/од Р.Бугарија,
  • МИПС - за итни и големи плаќања во денари преку Народната банка на РСМ;
  • КИБС - Клириншки интербанкарски систем - каде налогопримачот може да располага со средствата на крајот од тековниот ден;
  • ЦКБ АД Скопје – за интерни трансфери помеѓу платежни сметки на корисници во Банката.

Кредитни трансфери од странство/приливи/

Кредитните трансфери од странство /приливи/ по налог на Физичко лице - Нерезидент кон Физичко лице - Резидент се слободни и без никакви ограничувања. Сите останати девизни и денарски приливи се извршуваат согласно важечките законски прописи во државата.

За да насочите кредитен трансфер од странство /прилив/ на вашата платежна сметка, неопходно е да го известите праќачот со следните податоци:

  • Central Cooperative Bank AD Skopje;
  • SWIFT BIC CODE: CECBMK22;
  • Вашиот IBAN број на платежната сметка;
  • Вашиот назив/име и презиме и целосна адреса.

Депонираните средства по основ на кредитни трансфери од странство /приливи/ можат слободно и неограничено да останат на сметка или да се користат за плаќања кон нерезиденти, за сопствени трансфери на сметка или за продажба на истите на девизниот пазар.

Kредитните трансфери од странство /приливи/ се вршат во текот на работниот ден од 08:00 часот до 16:00 часот.

Кредитен трансфер во денари - банката извршува наплати во денари по налог на нерезиденти клиенти на банката или по налог на платежни денарски нерезидентни сметки отворени во друга домашна банка а во корист на платежни сметки на Резиденти-клиенти на банката по основ на :

  • побарувања од нерезиденти со соодветна документација.

Кредитните трансфери во денари се вршат согласно терминскиот план за платежни услуги во земјата.

Кредитни трансфери во странство /дознаки/

Кредитните трансфери во девизи /дознаки/ од Физичко лице - Резидент кон Физичко лице - Нерезидент се слободни за вкупен износ до EUR 2.500,00 (или противвредност во друга валута) на месечна основа.

Сите останати девизни и денарски кредитни трансфери /дознаки/ се извршуваат согласно важечките законски прописи во државата.

Плаќачот – резидент физичко лице го пополнува платниот налог за извршување кредитен трансфер со странство со назначување на задолжителните елементи на платниот налог и е одговорен за настанатите последици од неправилното пополнување.

Платниот налог за извршување кредитен трансфер со странство задолжително ги содржи следниве податоци:

  • наименување на давателот на платежните услуги до кој е назначен платниот налог;
  • наименување на плаќачот;
  • број на платежната сметка (ИБАН или ББАН) или друга единствена идентификациска ознака на плаќачот;
  • наименување на примачот;
  • број на платежната сметка (ИБАН или ББАН) или друга единствена идентификациска ознака на примачот;
  • износ на кредитниот трансфер;
  • валута на кредитниот трансфер;
  • датум на (валута) извршување;
  • опис на плаќањето;
  • дополнителни појаснувања за плаќањето;
  • назив на платниот систем;
  • датум на поднесување;
  • потпис на плаќачот.
  • идентификациска ознака SWIFT/BIC на давателот на платежните услуги на примачот;
  • назначување на корисникот на платежните услуги којшто ги плаќа надоместоците за извршување на    кредитниот трансфер;
  • назначување на резидентноста на плаќачот;
  • назначување на резидентноста на примачот

Според стандарите на SWIFT дефинирани се три опции за плаќање на надоместоците за извршување на кредитниот трансфер со странство /дознаки/, по налог на плаќачот од сметката во ЦКБ АД Скопје:

  • OUR - сите банкарски провизии се на сметка на плаќачот. Во оваа опција се вклучени провизиите на банката на плаќачот, на банката - посредник /кореспондент/ и на банката на примачот;
  • SHA - провизијата на банката на плаќачот се на сметка на плаќачот, провизијата на банката - посредник /кореспондент/ и на банката на примачот се на сметка на примачот.
  • BEN - сите банкарски провизии се на сметка на примачот. Во оваа опција банката на плаќачот си ја наплаќа провизијата од износот на дознаката.

Провизиите кои што ЦКБ АД Скопје ги наплатува се согласно важечката Тарифа на надоместоци.

Кредитните трансфери со странство/дознаки/ кон други сметки кај други даватели на платежни услуги /странски или домашни банки/ се извршуваат со поднесување на:

  • уредно пополнет и потпишан налог за  извршување на кредитен трансфер за платежни трансакции со странство;
  • обезбедено покритие и провизија за плаќањето;
  • пропратна документација за соодветното плаќање согласно важечката законска регулатива.

Кредитни трансфери во денари од резидент кон нерезидент

Банката извршува кредитни трансфери во денари во корист на денарски платежни сметки на Нерезиденти отворени во банката или кај друг давател на платежни услуги во земјата по налог на Резидент-клиент на банката по основ на:

  • други обврски според приложена соодветна документација;
  • уредно пополнет и потпишан налог за кредитен трансфер кон нерезидент.

Кредитните трансфери во денари  се вршат согласно терминскиот план за платежни услуги во земјата.

Дополнителни информации за платежните услуги со странство може да се добијат во сите Експозитури/Филијали на банката и/или по телефон или електронска пошта.

Контакт информации:

Телефон: (00 389 2) 3249 371, 3249 395

e-mail: pps@ccbank.mk

 

Апликација за идентификација/ажурирање на клиент
Барање за отворање, промена и затворање на платежна сметка
Рамковен договор за отворање на платежни сметки
Општи услови за отворање на платежни сметки во ЦКБ
Термински план за прием на платни инструменти
Тарифа на надоместоци за платежни услуги
Информативен документ за надоместоци-Платежна сметка во валута различна од денари
Изјава за познавање на прописи за девизно работење
Пријава на корисник на странска девизна пензија
Изјава за остварено право на странска девизна пензија
Овластување за враќање на средства од странска пензија
Листа на држави со кои РСМ има Договор или Конвенција за социјално осигурување

  • Електронско Банкарство

    Влез | Регистрација
  • Мапа на банкомати

  • Мапа на експозитури

  • Понуда на недвижности

  • Вработување и пракса

  • Конвертор на валути

  • Калкулатор за кредити

  • Калкулатор за депозити

  • Тарифник

shdw


ckb footer logo

icon 1

Ул. 1732 бр.2, 1000 Скопје

icon 2

02/3249-300

icon 3 info@ccbank.mk


  • ЗА НАС
  • ФИЗИЧКИ ЛИЦА
  • ПРАВНИ ЛИЦА
  • КОНТАКТ


  • facebook
  • instagram

© 2014 Централна Кооперативна Банка АД Скопје

semos


Конвертор на валути

* Пополнете ги сите полиња погоре пред да го извршите пресметувањето.

Пресметај Избриши

Дали сте задоволни од професионалноста и љубезноста на вработените во ЦКБ?

Гласај

Мапа на банкомати

Мапа на експозитури