Mastercard® Revolving
Mastercard® Revolving - кредитна картичка
Карактеристики и поволности
- Картичката Mastercard® Revolving на Централна кооперативна банка овозможува едноставно, брзо и сигурно бесконтактно плаќање (секоја трансакција во износ до 2.000 денари можете да ја направите со доближување на картичката до ПОС терминалот и плаќањето ќе биде завршено за неколку секунди, без внесување ПИН код или потпишување потврда);
- Картичката е со чип-технологија и истовремено може да се користи и како контактна картичка, Ви нуди помал ризик, поголема сигурност, поголема ефективност, поголема заштита и побрзи трансакции;
- Картичката може да се користи секаде во светот, каде што е означено логото на Mastercard®, за подигнување готовина и за плаќање во трговија;
- Можност за дополнителни картички;
- Без провизија може да плаќате на сите продажни места;
- Без надомест за издавање на картичката;
- Без месечен надомест за првата година од користењето на картичката.
Потребни документи:
- Корисник на кредитна картичка може да биде секое деловно и кредитоспособно физичко лице-резидент , кое е во редовен работен однос, како и пензионери не постари од 70 години.
- Потребни документи за Mastercard® Revolving: пополнето барање, потврда за редовен работен однос заверена од работодавачот (за пензионери чек од пензија) и копија од лична карта.
- Обезбедување: административна забрана, меница со менична изјава, a за клиенти кои примаат плата во Банката и траен налог за подмирување на долгот од платежна сметка.
Услови:
- Кредитен лимит: клиенти кои се во редовен работен однос, во висина до пет нето-плати, а за пензионери до три нето-пензии;
- Минимален износ за плаќање: 3% од вкупното задолжување, не помалку од 200 МКД;
- Рок за плаќање: последен ден во следниот месец;
- Грејс период: до 60 дена за сите трансакции, при целосна уплата на вкупниот долг;
- Каматна стапка: 12%** годишно;
- Казнена камата: 14% годишно, на неплатениот доспеан долг.
*Банката го задржува правото да побара дополнително обезбедување/жирант.
** Променлива каматна стапка дефинирана како збир на референтна каматна стапка на денарски депозити без валутна клаузула објавена на интернет страната на НБРСМ www.nbrm.mk и која изнесува 2,23% и основна компонента од 9,77 %. Доколку редовната каматна стапка е повисока од стапката на законската казнена камата, Банката ќе пресметува камата во висина на законската казнена каматна стапка, која во моментот е 14% на годишно ниво.
Mastercard® Gold
Mastercard® Gold – премиум кредитна картичка за VIP клиенти
Карактеристики и поволности:
- Картичката Mastercard® Gold на Централна кооперативна банка овозможува едноставно, брзо и сигурно бесконтактно плаќање (секоја трансакција во износ до 2.000 денари можете да ја направите со доближување на картичката до ПОС терминалот и плаќањето ќе биде завршено за неколку секунди, без внесување ПИН код или потпишување потврда);
- Картичката е со чип-технологија и истовремено може да се користи и како контактна картичка, Ви нуди помал ризик, поголема сигурност, поголема ефективност, поголема заштита и побрзи трансакции;
- Картичката може да се користи секаде во светот, каде што е означено логото на Mastercard®, за подигнување готовина и за плаќање во трговија;
- Месечен кредитен лимит - до 500.000 мкд;
- Без провизија може да плаќате на сите продажни места;
- Без надомест за издавање на картичката;
- Без месечен надомест за првата година од користењето на картичката;
- Можност за дополнителни картички;
- Премиум услуги: итна замена на картичка, итна исплата на готовина, патничко осигурување.
Потребни документи:
- Корисник на кредитна картичка може да биде секое деловно и кредитоспособно физичко лице - резидент, кое е во редовен работен однос со вкупни месечни примања не помалку од 50.000 мкд;
- Потребни документи за Mastercard® Gold: пополнето барање, потврда за редовен работен однос заверена од работодавачот и копија од лична карта;
- Обезбедување: административна забрана, меница со менична изјава и траен налог за подмирување на долгот од платежна сметка.
Услови:
- Минимален износ за плаќање: 3% од вкупното задолжување, не помалку од 200 МКД;
- Рок за плаќање: последен ден во следниот месец;
- Грејс период: до 60 дена за сите трансакции, при целосна уплата на вкупниот долг;
- Каматна стапка: 12%** годишно;
- Казнена камата: 14% годишно, на неплатениот доспеан долг.
*Банката го задржува правото да побара дополнително обезбедување/жирант.
** Променлива каматна стапка дефинирана како збир на референтна каматна стапка на денарски депозити без валутна клаузула објавена на интернет страната на НБРСМ www.nbrm.mk и која изнесува 2,23% и основна компонента од 9,77 %. Доколку редовната каматна стапка е повисока од стапката на законската казнена камата, Банката ќе пресметува камата во висина на законската казнена каматна стапка, која во моментот е 14% на годишно ниво.
Со користење на Mastercard® Gold станувате дел од ексклузивниот клуб на корисници на премиум картички од брендот Mastercard®.
Mastercard® Gold се премуиум картички за физички лица со дополнителни бенефити за кориснците: LoungeKey, Airport Security Fast Track и Global Data Roaming by Flexiroam, едниствени на пазарот во Република Северна Македонија.
Како корисник на Mastercard® Gold картичката, Банката Ви овозможува членство во LoungeKey програмата односно пристап во над 1.100 деловни зони насекаде во светот, без разлика на изборот на авиокомпанија и класа. За да се користи услугата, потребно е само да ја имате со себе Mastercard® Gold картичката.
Се регистрирате на интернет страницата LoungeKey
Регистрацијата на картичката овозможува пристап во LoungeKey програмата, креирање на профил и листа на деловни зони.
LoungeKey апликацијата за мобилни уреди може да се преземе од Apple App Store за IOS уреди, односно Google Play Store за Android уреди.
Користејќи го своето LoungeKey корисничко име и лозинка (кое сте го креирале на интернет страната или директно во апликацијата), пристапувате до профилот каде има информации за LoungeKey зоните (пребарување на најблиска LoungeKey зона, работно време, опременост, кои услуги може да се користат).
За секоја посета на LoungeKey зона, Банката наплатува согласно Тарифникот на Mastercard.
Ексклузивна можност за бесплатен пристап и бесплатно користење на услугите во деловните зони на меѓународните аеродроми во Скопје, Виена, Белград, Истанбул и Софија.
Како корисник на Mastercard® Gold картичката, Банката Ви обезбедува дигитално решение за проблемот со чекање на аеродромите - Mastercard® Airport Security Fast Track.
Повеќе нема потреба да чекате во ред на повеќе од 70 аеродроми низ светот, затоа што брзата лента за движење ви е загарантирана со Mastercard® Airport Security Fast Track, услуга овозможена од Dragon Pass.
Погледнете ги цените за пристап и деталите за програмата на:Mastercard Travel Experiences - Home page
Апликацијата Mastercard® Travel Experiences можете да ја преземете бесплатно од Apple App Store за IOS уреди, односно Google Play Store за Android уреди.
Visa Revolving
Visa Revolving - кредитна картичка
Карактеристики и поволности:
- Картичката Visa Revolving на Централна кооперативна банка овозможува едноставно, брзо и сигурно бесконтактно плаќање (секоја трансакција во износ до 2.500 денари можете да ја направите со доближување на картичката до ПОС терминалот и плаќањето ќе биде завршено за неколку секунди, без внесување ПИН код или потпишување потврда);
- Картичката е со чип-технологија и истовремено може да се користи и како контактна картичка, Ви нуди помал ризик, поголема сигурност, поголема ефективност, поголема заштита и побрзи трансакции;
- Картичката може да се користи секаде во светот, каде што е означено логото на Visa, за подигнување готовина и за плаќање во трговија, на повеќе од 1 800 000 банкомати и на повеќе од 24 000 000 продажни места, во 200 држави;
- Можност за дополнителни картички;
- Без провизија може да плаќате на сите продажни места;
- Без надомест за издавање на картичката;
- Без месечен надомест за првата година од користењето на картичката.
Потребни документи:
- Корисник на кредитна картичка може да биде секое деловно и кредитоспособно физичко лице - резидент , кое е во редовен работен однос, како и пензионери не постари од 70 години;
- Потребни документи за Visa Revolving: пополнето барање, потврда за редовен работен однос заверена од работодавачот (за пензионери, чек од пензија) и копија од лична карта;
- Обезбедување: административна забрана, меница со менична изјава, a за клиенти кои примаат плата во банката и траен налог за подмирување на долгот од платежна сметка.
Услови:
- Кредитен лимит: клиенти кои се во редовен работен однос, во висина до пет нето-плати, а за пензионери - до три нето-пензии;
- Минимален износ за плаќање: 5% од вкупното задолжување, не помалку од 200 МКД;
- Рок за плаќање: последен ден во следниот месец;
- Грејс период: до 60 дена за сите трансакции, при целосна уплата на вкупниот долг;
- Каматна стапка: 12%** годишно;
- Казнена камата: 14% годишно, на неплатениот доспеан долг.
*Банката го задржува правото да побара дополнително обезбедување/жирант.
** Променлива каматна стапка дефинирана како збир на референтна каматна стапка на денарски депозити без валутна клаузула објавена на интернет страната на НБРСМ www.nbrm.mk и која изнесува 2,23% и основна компонента од 9,77 %. Доколку редовната каматна стапка е повисока од стапката на законската казнена камата, Банката ќе пресметува камата во висина на законската казнена каматна стапка, која во моментот е 14% на годишно ниво.
CCB BONUS
НАМАЛЕТЕ ЈА ЦЕНАТА, ДОДАЈТЕ ЕМОЦИИ СО ПРОГРАМАТА CCB BONUS И ВАШАТА КАРТИЧКА ОД ЦКБ
Централна Кооперативна Банка со задоволство Ви го претставуа - CCB Bonus, создаден со многу внимание и стремеж да одговори на Вашите желби, потреби и стил на живот. Специјално за Вас се селектирани нашите предлози за шопинг со попусти кај нашите многубројни партнери.
CCB Bonus внесува добро расположение во Вашето секојдневие и Ве полни со ентузијазам додека пазарувате во омилените продавници, Ве изненадува со попусти за време на Вашето патување и Ви нуди можности за поволни купувања.
За да имате корист од најатрактивните попусти на нашите партнери, плаќајте со својата дебитна или кредитна картичка, издадена од Централна Кооперативна Банка. Кај некои од нашите партнери попустот важи само при плаќање со кредитна картичка од ЦКБ.
Ве молиме не заборавајте да напоменете за својот попуст за време на купувањето.
Попустите важат за производи и услуги кои не се вклучени во промоциите, освен ако не е поинаку наведено.
НАКРАТКО ЗА CCB BONUS
• Попустите важат за стоки и услуги кои не се вклучени во промоциите, освен ако не е поинаку наведено.
• Попуст за хотелско сместување не се применува за време на национални и државни празници, како и кај локални празници и специјални настани, освен со согласност на трговецот.
• Попуст се добива на продажното место во моментот на купувањето.
• Попустите не важат при купување и користење на ваучери, освен ако не е наведено поинаку.
• Информирајте се за својот попуст пред плаќањето на сметката или напоменете дека ќе платите со картичка на ЦКБ АД.
• Во случај продажното место да не Ви одобри попуст, Ве молиме да не информирате на телефон: 02/3249 343 или на mail-от cards@ccbank.mk.
• Банката не сноси одговорност за направени печатни грешки.
• За време на важноста на каталогот можно е да дојде до промена на условите посочени од продажните места. Најновите информации се објавени на http://bonus.ccbank.bg/
• Во случај картичката да Ви биде изгубена или украдена, за да ја блокирате, Ве молиме да се јавите веднаш на следниот телефонски број: 02/3293 888