ccb logo
  • ЗА НАС
    • За ЦКБ АД Скопје
    • За ЦКБ АД Софија
    • Организациона шема
    • Раководство
    • Извештаи за банката
      • Финансиски извештаи
      • Извештаи и податоци
    • Меѓународна коресподенција
    • Заштита на лични податоци
    • Новости
    • Јавен повик
      • ЈАВЕН ПОВИК за свикување вонредна седница на Собрание на акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје 23.03.2023
      • ЈАВЕН ПОВИК за свикување вонредна седница на Собрание на акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје 17.01.2023
      • ЈАВЕН ПОВИК за свикување вонредна седница на Собрание на акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје 22.11.2022
      • ЈАВЕН ПОВИК за свикување вонредна седница на Собрание на акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје 26.07.2022
      • ЈАВЕН ПОВИК за свикување вонредна седница на Собрание на акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје 17.12.2021
      • Покана за запишување и уплата на долгорочни должнички хартии од вредност - конвертибилни обврзници по пат на јавна понуда
      • Покана за свикување седница на Годишно собрание на акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје (31.05.2022)
      • Покана за свикување седница на Годишно собрание на акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје (21.05.2021)
    • Интерни акти
    • Преглед на референтни каматни стапки
  • ФИЗИЧКИ ЛИЦА
    • Финансиска едукација
    • Кредити
      • Кредитен пакет "Доверба"
      • Кредитен пакет „Доверба - Македонски Полициски Синдикат МПС“
      • Станбен кредит со валутна клаузула во ЕУР
      • Хипотекарен кредит со валутна клаузула во ЕУР
      • Стандарден потрошувачки кредит
      • Кредитен пакет за пензионери
      • Автомобилски кредит
      • Автомобилски кредит во соработка со М Кар и Стар Моторс дооел Скопје
      • Кредит обезбеден со паричен депозит
      • Експрес кредит со залог на злато
      • Земјоделски кредит- Агро техника
      • Бескаматен кредит
      • Банкарски гаранции за физички лица
      • Тарифа на надоместоци за услугите кредитирање на населеие
    • Депозити
      • Стандарден депозит
      • Хит депозит
      • Отворен депозит
      • Рентен депозит
      • Детско штедење
      • Депозит по видување
      • Супер депозит
    • Платежни картички
      • Дебитни картички
      • Кредитни картички
      • СМС Известување
    • Платежни услуги во земјата
    • Платежни услуги со странство
      • Платежни услуги со странство за физички лица - Резиденти
      • Платежни услуги со странство за физички лица - Нерезиденти
    • Електронско банкарство CCB Online
    • Мобилно банкарство CCB Mobile
    • Western Union
    • Сефови
    • Стандардна табела со податоци по одделни кредити и депозити
    • DCC exchange list for AТМ
  • ПРАВНИ ЛИЦА
    • Кредити
      • Бизнис кредит „Доверба -овердрафт“
      • Бизнис кредит - Обрт
      • Бизнис кредит - Раст
      • Бизнис кредит - Микро
      • Микро земјоделски кредит
      • Бизнис кредит - Експорт
      • ЦКБ Бизнис кредит обезбеден со залог на денарски или девизен депозит
    • Гаранциско работење
    • Депозити
    • Платежни картички
      • Mastercard® Business Card – кредитна картичка
      • Visa Business – кредитна картичка
      • СМС Известување за платежни картички
    • Платежни услуги во земјата
    • Платежни услуги со странство
      • Платежни услуги со странство за правни лица - Резиденти
      • Платежни услуги со странство за правни лица - Нерезиденти
    • Електронско банкарство CCB Online
    • Сефови
  • КОНТАКТ
Преглед на целата листа
  • EUR | 61.2000 | 61.8500 | 61.6950
  • EUR | 61.2000 | 61.8500 | 61.6950
  • NOK | 4.8900 | 5.9800 | 5.4323
  • AUD | 36.1000 | 39.7000 | 37.9358
  • CAD | 39.8300 | 43.6800 | 41.8555
  • GBP | 67.9000 | 72.0100 | 69.9807
  • CHF | 59.9000 | 63.8000 | 61.9241
  • SEK | 4.9200 | 5.9900 | 5.4579
  • JPY | 0.4079 | 0.4424 | 0.4272
  • USD | 54.7000 | 58.4900 | 56.6737

1

2

3

Анкета
Вашето мислење е најважно за нас!

Мобилно банкарство CCB Mobile


Мобилно банкарство – CCB Mobile 

Системот за Мобилно банкарство на Централна кооперативна банка АД Скопје, е информативно-финансиски сервис на Банката кој на корисникот му овозможува 24 часа ефикасен, флексибилен и едноставен начин на пристап до информациите за состојбата на своите сметки во реално време, реализација на потребните финансиски трансакции како и праќање и прием на електронски пораки во комуникација со Банката, од својот мобилен уред или таблет, надвор од нејзините простории насекаде во светот.

Опсег на услуги 

Банката во својот систем за Мобилно банкарство нуди определен опсег на услуги кои Корисникот ги прифаќа со потпишувањето на Договорот, и тоа:

1. Информативен сервис

  • информација за приливите и одливите преку сметките во текот на денот;
  • извештаи за платежните и депозитните сметки за изминати денови;
  • преглед на девизните курсеви;
  • договарање на курс за купопродажба на девизни средства;
  • информација за депозитните сметки (каматна стапка, датум на отворање, датум на доспевање и сл.);
  • извештај за промените и состојбата на платежните картички за одреден период;
  • информација  за дневните лимити, кредитниот лимит како и рокот на важност кај платежните картички;
  • увид во состојбата и промени на кредитна партија на Корисникот;
  • прием и праќање на електронски пораки.

2. Финансиски сервис

  • платежни трансакции, односно кредитни трансфери кон сметки во рамките на Банката, како и плаќања кон иматели на сметки кај други даватели на платежни услуги преку системот на КИБС и системот на МИПС (итни плаќања);
  • платежни трансакции, односно кредитни трансфери кон Трезорската сметка и сметката на Фондот за здравствено осигурување на РСМ;
  • налози за купување и продажба на девизни средства, согласно важечката регулатива  и правилата на Банката, вклучувајќи и договарање на курс;
  • платни налози за плаќање на доспеани обврски кон Банката;
  • иницирање платни налози за девизни плаќања кон сметки во Банката (интерни девизни плаќања) согласно важечката регулатива  и правилата на Банката;
  • иницирање платни налози за девизни плаќања кон сметки во други банки во РСМ и кон странство, преку системите на МИПС/ТАРГЕТ2 или SWIFT, согласно важечката регулатива и правилата на Банката; и
  • поставување и промена на права и лимити на износите за плаќања од сметките на Корисникот.

Услови за користење на CCB Mobile

За користење на услугите на системот за Мобилно банкарство, Корисникот треба да има отворено платежна сметка (сметки) во Банката.

Банката го одобрува користењето на Мобилното банкарство врз основа на следното:

            - Барање за користење на системот за електронско банкарство, и

            - Договор за користење на системот за електронско банкарство.

Пред да го достави пополнетото барање за користење на Мобилното банкарство до Банката, Корисникот сам се најавува на интернет страната на Банката www.ccbank.mk и врши првична регистрација согласно Упатството за користење на системот за електронско банкарство достапно на интернет адресата на Банката во делот за електронско банкарство .

Со првичната регистрација, Корисикот  сам го определува корисничкото име и лозинка.

За користење на мобилната апликација CCBank Mobile MK, Корисникот е должен на свој трошок да обезбеди:

-        мобилен уред базиран на Android оперативен систем со верзија 5.0 или понова, или за мобилен уред базиран на IOS со минимална верзија 9.0 или понова; и

-        интернет пристап.

Корисникот или лицето овластено од негова страна можат од Листата на продавници за мобилни апликации да ја превземат мобилната апликација и да ја инсталираат на својот мобилен уред.

Мобилната апликација CCBank Mobile MK како и сите верзии на измени и дополнувања, Банката ја поставува  на следните продавници:

  • Google play – Google Inc, платформа овозможена од Google и наменета за мобилни уреди базирани на Android оперативен систем: https://play.google.com/store/apps/details?id=mk.ccbmobile.app
  • App Store – Apple Inc, платформа овозможена од Apple и наменета за мобилни уреди базирани на IOS оперативен систем: https://apps.apple.com/us/app/ccbank-mobile-mk/id1559031044
  • HUAWEI AppGallery - Huawei Technologies Co.,Ltd, платформа овозможена од Huawei и наменета за мобилни уреди базирани на Android оперативен систем: https://appgallery.huawei.com/#/app/C104493373

Лимити на износите за плаќања и ограничувања

При извршување на платежните трансакции во денари кон други банки преку мобилната апликација, максималниот износ за плаќања во текот на 24 часа Банката го определува на 100.000 МКД. Над овој износ Корисникот може да реализира платни налози само преку CCB Online, или преку шалтерите на Банката. Во овој износ не се вклучени трансферите меѓу сопствени сметки.

Корисникот може во секое време, согласно своите потреби самиот преку WEB апликацијата CCB Online да го промени дневниот (24 часовен) максимален износ на лимитот за плаќања поставен при потврдување на регистрацијата за CCB Mobile.

Услугите на електронско банкарство за купување и продажба на странски платежни средства може да бидат достапни во рамките на официјалната сесија на девизниот пазар, само за валутите прифатливи за Банката.

При извршување на трансакциите за купопродажба на девизни средства, ќе се применува последната курсна листа објавена од Банката.

Банката може во секое време да ја ограничи услугата за купопродажба на девизни средства за одредени валути или износи.

Корисникот може да изврши промена на начинот на користење, права, лимити, сметки за услугите поврзани со Мобилното банкарство во согласност со важечките акти на деловната политика на Банката.

При тоа Корисникот може и привремено да го блокира мобилниот уред од кој пристапува на апликацијата за мобилно банкарство.

Предности на Мобилното банкарство

Системот за Мобилно банкарство на Централна кооперативна банка АД Скопје овозможува сигурен и едноставен пристап до информациите за состојбата на Вашите сметки во реално време, 24 часа 7 дена неделно, реализација на финансиските трансакции како и праќање и прием на електронски пораки во комуникација со Банката, од својот мобилен уред или таблет, надвор од нејзините простории насекаде во светот.

  • Сигурност – ccbmobile е систем за Мобилно банкарство каде се користи најсовремена технологија на заштита на податоците. Сите податоци кои се разменуваат се во криптирана форма и истите се достапни само на оној на кого се однесуваат.
  • Намалени трошоци – вклучувањето во системот за Мобилно банкарство и користењето на информативниот дел на системот е без надомест, а налозите извршени преку истиот се со значително помали цени од налозите доставени на хартија во Банката.
  • Заштеда на време – можноста да ги добиете потребните информации за прометот и состојбата на вашите сметки, извршување на трансакции како и праќање на електронски пораки без при тоа да доаѓате на шалтерите на Банката, значи заштеда на вашето драгоцено време и можност повеќе да се посветите на вашиот бизнис.

Склучување на Договор

Корисник на Мобилното банкарство може да стане физичко лице кое во Банката има отворено денарска платежна сметка/сметки, ги прифаќа Општите услови на ЦКБ АД Скопје за склучување рамковни договори за отворање и одржување на платежни сметки и за користење на платежни услуги, поднесе Барање и потпише Договор за користење на системот за електронско банкарство.

Барањето и Договорот физичкото лице може да ги превземе на оваа страна најдолу.

Наплата  на надоместоци

Корисникот е согласен надоместоците за услугите за користење на системот за Мобилно банкарство, Банката да ги наплатува автоматски од неговите сметки согласно Одлуката за Тарифата на надоместоци на Банката.

Информации на тел. 02/3249-361, 02/3249-340, 02/3249-371,

Техничка поддршка на тел. 02/3249-331

ibank@ccbank.mk

 

google play           

apple store

appgallery

Упатство за регистрација на корисници - Физички лица
Барање за користење на Електронско банкарство - Физички лица
Барање за користење на Електронско банкарство - Правни лица
Барање за издавање на сертификат - Физички лица
Барање за издавање на сертификат - Правни лица
Барање за потврда на заборавена лозинка - Физички лица
Барање за потврда на заборавена лозинка - Правни лица
Барање за прекин на услугите од Електронско банкарство - Физички лица
Барање за прекин на услугите од Електронско банкарство - Правни лица
Договор за Електронско банкарство - Физички лица
Договор за Електронско банкарство - Правни лица
Тарифа на надоместоци за платежни услуги
Упатство за користење Електронско банкарство - Физички лица

  • Електронско Банкарство

    Влез | Регистрација
  • Мапа на банкомати

  • Мапа на експозитури

  • Понуда на недвижности

  • Вработување и пракса

  • Конвертор на валути

  • Калкулатор за кредити

  • Калкулатор за депозити

  • Тарифник

shdw


ckb footer logo

icon 1

Ул. 1732 бр.2, 1000 Скопје

icon 2

02/3249-300

icon 3 info@ccbank.mk


  • ЗА НАС
  • ФИЗИЧКИ ЛИЦА
  • ПРАВНИ ЛИЦА
  • КОНТАКТ


  • facebook
  • instagram

© 2014 Централна Кооперативна Банка АД Скопје

semos


Конвертор на валути

* Пополнете ги сите полиња погоре пред да го извршите пресметувањето.

Пресметај Избриши

Дали сте задоволни од професионалноста и љубезноста на вработените во ЦКБ?

Гласај

Мапа на банкомати

Мапа на експозитури