ccb logo
  • ЗА НАС
    • За ЦКБ АД Скопје
    • За ЦКБ АД Софија
    • Организациона шема
    • Раководство
    • Извештаи за банката
      • Финансиски извештаи
      • Извештаи и податоци
    • Меѓународна коресподенција
    • Заштита на лични податоци
    • Новости
    • Јавен повик
      • ЈАВЕН ПОВИК за свикување вонредна седница на Собрание на акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје 23.03.2023
      • ЈАВЕН ПОВИК за свикување вонредна седница на Собрание на акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје 17.01.2023
      • ЈАВЕН ПОВИК за свикување вонредна седница на Собрание на акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје 22.11.2022
      • ЈАВЕН ПОВИК за свикување вонредна седница на Собрание на акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје 26.07.2022
      • ЈАВЕН ПОВИК за свикување вонредна седница на Собрание на акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје 17.12.2021
      • Покана за запишување и уплата на долгорочни должнички хартии од вредност - конвертибилни обврзници по пат на јавна понуда
      • Покана за свикување седница на Годишно собрание на акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје (31.05.2022)
      • Покана за свикување седница на Годишно собрание на акционерите на Централна кооперативна банка АД Скопје (21.05.2021)
    • Интерни акти
    • Преглед на референтни каматни стапки
  • ФИЗИЧКИ ЛИЦА
    • Финансиска едукација
    • Кредити
      • Кредитен пакет "Доверба"
      • Кредитен пакет „Доверба - Македонски Полициски Синдикат МПС“
      • Станбен кредит со валутна клаузула во ЕУР
      • Хипотекарен кредит со валутна клаузула во ЕУР
      • Стандарден потрошувачки кредит
      • Кредитен пакет за пензионери
      • Автомобилски кредит
      • Автомобилски кредит во соработка со М Кар и Стар Моторс дооел Скопје
      • Кредит обезбеден со паричен депозит
      • Експрес кредит со залог на злато
      • Земјоделски кредит- Агро техника
      • Бескаматен кредит
      • Банкарски гаранции за физички лица
      • Тарифа на надоместоци за услугите кредитирање на населеие
    • Депозити
      • Стандарден депозит
      • Хит депозит
      • Отворен депозит
      • Рентен депозит
      • Детско штедење
      • Депозит по видување
      • Супер депозит
    • Платежни картички
      • Дебитни картички
      • Кредитни картички
      • СМС Известување
    • Платежни услуги во земјата
    • Платежни услуги со странство
      • Платежни услуги со странство за физички лица - Резиденти
      • Платежни услуги со странство за физички лица - Нерезиденти
    • Електронско банкарство CCB Online
    • Мобилно банкарство CCB Mobile
    • Western Union
    • Сефови
    • Стандардна табела со податоци по одделни кредити и депозити
    • DCC exchange list for AТМ
  • ПРАВНИ ЛИЦА
    • Кредити
      • Бизнис кредит „Доверба -овердрафт“
      • Бизнис кредит - Обрт
      • Бизнис кредит - Раст
      • Бизнис кредит - Микро
      • Микро земјоделски кредит
      • Бизнис кредит - Експорт
      • ЦКБ Бизнис кредит обезбеден со залог на денарски или девизен депозит
    • Гаранциско работење
    • Депозити
    • Платежни картички
      • Mastercard® Business Card – кредитна картичка
      • Visa Business – кредитна картичка
      • СМС Известување за платежни картички
    • Платежни услуги во земјата
    • Платежни услуги со странство
      • Платежни услуги со странство за правни лица - Резиденти
      • Платежни услуги со странство за правни лица - Нерезиденти
    • Електронско банкарство CCB Online
    • Сефови
  • КОНТАКТ
Преглед на целата листа
  • EUR | 61.2000 | 61.8500 | 61.6950
  • EUR | 61.2000 | 61.8500 | 61.6950
  • NOK | 4.8900 | 5.9800 | 5.4323
  • AUD | 36.1000 | 39.7000 | 37.9358
  • CAD | 39.8300 | 43.6800 | 41.8555
  • GBP | 67.9000 | 72.0100 | 69.9807
  • CHF | 59.9000 | 63.8000 | 61.9241
  • SEK | 4.9200 | 5.9900 | 5.4579
  • JPY | 0.4079 | 0.4424 | 0.4272
  • USD | 54.7000 | 58.4900 | 56.6737

1

2

3

Анкета
Вашето мислење е најважно за нас!

Платежни услуги со странство за физички лица - Нерезиденти


Платежни услуги со странство за физички лица - Нерезиденти

Отворање на платежна сметка во девизи

Физичко лице-Нерезидент може да отвори една или повеќе платежни сметки во девизи во една или повеќе деловни банки во РС Македонија при што со Банката како давател на платежни услуги потпишува Рамковен договор за отворање и одржување на платежни сметки и користење на платежни услуги.

Пред воспоставување на деловен однос со клиентот, Банката врши негова идентификација согласно одредбите од Законот за спречување на перење пари и финансирање тероризам и Програмата на Банката за имплементација на мерките за заштита од спречување на перење пари и финансирање тероризам. За таа цел клиентот задолжително пополнува и соодветна Апликација. При отворање на платежната сметка во девизи задолжително е клиентот да има отворено и денарска платежна сметка во Централна кооперативна банка АД Скопје.

За вршење работи на платежни услуги со странство, банката на барање на клиентот отвора платежна сметка во девизи, при што е потребно клиентот да ја достави и потпише следната документација:

Физичко лице – Нерезидент:

  • Апликација за идентификација/ажурирање на клиент за носителот и овластеното лице (формулар од банката);
  • Барање за отворање на платежна сметка (формулар од банката);
  • Пријава за овластени лица на платежна сметка (формулар од банката);
  • Пријава за овластени потписници на платежна сметка (специмен-формулар од банката);
  • Рамковен договор за отворање и одржување на платежна сметка (формулар од банката);
  • Полномошно заверено на нотар ако носителот на сметката не е лично присутен во банката;
  • Фотокопија од важечка лична или патна исправа на лицето-барател или лицето овластено да отвори и/или располага со средствата на сметката;
  • Фотокопија од важечка патна исправа на лицето-барател односно носител или лицето овластено да отвори и располага со средствата на сметката, или важечка лична карта ако лицето е државјанин на земја членка на Европската Унија, земја потписничка на Шенгенскиот договор или земја, држава со која Република С.Македонија има склучено билатерална спогодба за прекугранично патување на државјани на двете земји;
  • Изјава од носителот на сметка или овластеното лице за статус Резидент или Нерезидент, информираност за позитивните законски прописи во РСМ и за термините и условите за отворање и одржување на платежна сметка (Формулар од банката);

Наведената документација (на македонски јазик или на англиски со превод на македонски јазик од овластен судски преведувач) се доставува во оригинал (или фотокопија заверена на нотар) во најблиската експозитура на Банката.

Банката може да побара и друга документација доколку од доставената не може да се утврдат неопходните податоци за идентификација на клиентот при отворање на платежна сметка за работа со странство.

Клиентите кои претходно се идентификувани и во банката имаат важечка документација, потребно е да ги пополнат и достават само предвидените формулари од Банката.

Платежни услуги со странство за физички лица - Нерезиденти

Централна кооперативна банка АД Скопје преку својот интегриран и софистициран систем со најсовремени технолошки решенија за сите свои клиенти-корисници на банкарски услуги овозможува брз, ефикасен и сигурен начин на сите наплати и плаќања ширум светот, применувајки стандардизирани меѓународни платни инструменти и користејќи ја притоа широката мрежа на кореспондентски финансиски односи со странски и домашни банки.

Централна кооперативна банка АД Скопје извршува режимски денарски и девизни кредитни трансфери во платежни услуги со странство за нерезиденти - странски физички лица по основ наплата од нерезиденти и резиденти и плаќања кон нерезиденти или резиденти со посредство на:

  • SWIFT - Глобален сервис за пренос на сигурни финансиски трансакции;
  • CCB Sofia,Bulgaria - за најефтини интерни девизни трансфери за клиенти на ЦКБ групација,
  • BISERA 7 - за евтини и брзи трансфери во евра до EUR 50.000,00  за банки во/од Р.Бугарија,
  • МИПС - за итни и големи плаќања во денари преку Народната банка на РСМ;
  • КИБС - Клириншки интербанкарски систем - каде налогопримачот може да располага со средствата на крајот од тековниот ден;
  • ЦКБ АД Скопје – за интерни трансфери помеѓу платежни сметки на корисници во Банката.

Кредитни трансфери од странство/ приливи/

Кредитните трансфери од странство /приливи/ се слободни и се извршуваат согласно важечките законски прописи во државата.

За да насочите кредитен трансфер од странство /прилив/ на вашата платежна сметка, неопходно е да го известите праќачот со следните податоци:

  • Central Cooperative Bank AD Skopje;
  • SWIFT BIC CODE: CECBMK22;
  • Вашиот IBAN број на платежната сметка;
  • Вашиот назив/име и презиме и целосна адреса.

Согласно законските прописи во државата слободни се внесувањата на ефективни странски пари /девизи/ за износи до EUR 10,000,00 /или противвредност во друга валута/ на месечна основа само од овластеното лице - Носител на сметка.

Внесувањето на ефективни девизи во износ и над EUR 10.000,00 / или противвредност во друга валута/ на месечна основа е дозволена само со приложување на писмено барање од носителот на сметката и приложена писмена потврда (Сертификат) издадена од Царинската Управа на Република С.Македонија која има рок на важност до 5 работни дена.

Депонираните средства по основ на кредитни трансфери од странство /приливи/ можат слободно да се користат.

Кредитни трансфери од странство /приливи/ се вршат во текот на тековниот работен ден од 08:00 часот до 16:00 часот.

Внесувањето на ефективни денари е режимска операција и се извршува согласно законските прописи во државата.

Кредитните трансфери во денари од нерезиденти се вршат согласно терминскиот план за платежни услуги во земјата.

Кредитни трансфери во странство /дознаки/

Кредитните трансфери со странство /дознаки или прекугранични трансфери/ се слободни и се извршуваат согласно важечките законски прописи во државата.

Плаќачот-Нерезидент правно лице го пополнува платниот налог за извршување кредитен трансфер со странство со назначување на задолжителните елементи на платниот налог и е одговорен за настанатите последици од неправилното пополнување.

Платниот налог за извршување кредитен трансфер со странство задолжително ги содржи следниве податоци:

  • наименување на давателот на платежните услуги до кој е назначен платниот налог;
  • наименување на плаќачот;
  • број на платежната сметка (ИБАН или ББАН) или друга единствена идентификациска ознака на плаќачот;
  • наименување на примачот;
  • број на платежната сметка (ИБАН или ББАН) или друга единствена идентификациска ознака на примачот;
  • износ на кредитниот трансфер;
  • валута на кредитниот трансфер;
  • датум на (валута) извршување;
  • опис на плаќањето;
  • дополнителни појаснувања за плаќањето;
  • назив на платниот систем;
  • датум на поднесување;
  • потпис на плаќачот.
  • идентификациска ознака SWIFT/BIC на давателот на платежните услуги на примачот;
  • назначување на корисникот на платежните услуги којшто ги плаќа надоместоците за извршување на кредитниот трансфер;
  • назначување на резидентноста на плаќачот;

Според стандарите на SWIFT дефинирани се три опции за плаќање на надоместоците за извршување на кредитниот трансфер со странство /дознаки/, по налог на плаќачот од сметката во ЦКБ АД Скопје:

  • OUR - сите банкарски провизии се на сметка на плаќачот. Во оваа опција се вклучени провизиите на банката на плаќачот, на банката - посредник /кореспондент/ и на банката на примачот;
  • SHA - провизијата на банката на плаќачот се на сметка на плаќачот, провизијата на банката - посредник /кореспондент/ и на банката на примачот се на сметка на примачот.
  • BEN - сите банкарски провизии се на сметка на примачот. Во оваа опција банката на плаќачот си ја наплаќа провизијата од износот на дознаката.

Провизиите кои што ЦКБ АД Скопје ги наплатува се согласно важечката Тарифа на надоместоци.

Кредитните трансфери со странство/дознаки/ кон други сметки кај други даватели на платежни услуги /странски или домашни банки/ се извршуваат со поднесување на:

  • уредно пополнет и потпишан налог за  извршување на кредитен трансфер за платежни трансакции со странство;
  • обезбедено покритие и провизија за плаќањето;
  • пропратна документација за соодветното плаќање согласно важечката законска регулатива.

Платниот налог за кредитен трансфер со странство /дознака/ кон други платежни сметки, клиентот може да го достави лично до банката или да ја овласти банката да го изготви истиот во негово име и за негова сметка.

Кредитните трансфери со странство (ностро дознаки) се извршуваат согласно Терминскиот план за прием на налози на ЦКБ АД Скопје.

Денарските кредитни трансфери и готовински плаќања се режимски трансакции и се извршуваат согласно законските прописи во државата:

  • Во корист на резиденти по останати обврски;
  • Во корист на овластени учесници на пазарот на хартии од вредност;
  • Во корист на Буџетски корисници ;
  • Кон нерезиденти по основ на пренос на денари помеѓу нерезидентни сметки;
  • По основ на исплата на ефективни денари од денарска сметка на нерезидент.

Кредитните трансфери во денари  се вршат согласно терминскиот план за платежни услуги во земјата.

Дополнителни информации за платежните услуги со странство може да се добијат во сите Експозитури/Филијали на банката и/или по телефон или електронска пошта.

Контакт информации:

Телефон: (00 389 2) 3249 371, 3249 395

e-mail: pps@ccbank.mk

Bank fees for Nonresident
Тарифа на надоместоци за платежни услуги
Апликација за идентификација/ажурирање на клиент (МК/EN)
Барање за отворање, промена и затворање на платежна сметка
Рамковен договор за отворање на платежни сметки
Општи услови за отворање на платежни сметки во ЦКБ
Термински план за прием на платни инструменти
Информативен документ за надоместоци
Изјава за познавање на прописи за девизно работење

  • Електронско Банкарство

    Влез | Регистрација
  • Мапа на банкомати

  • Мапа на експозитури

  • Понуда на недвижности

  • Вработување и пракса

  • Конвертор на валути

  • Калкулатор за кредити

  • Калкулатор за депозити

  • Тарифник

shdw


ckb footer logo

icon 1

Ул. 1732 бр.2, 1000 Скопје

icon 2

02/3249-300

icon 3 info@ccbank.mk


  • ЗА НАС
  • ФИЗИЧКИ ЛИЦА
  • ПРАВНИ ЛИЦА
  • КОНТАКТ


  • facebook
  • instagram

© 2014 Централна Кооперативна Банка АД Скопје

semos


Конвертор на валути

* Пополнете ги сите полиња погоре пред да го извршите пресметувањето.

Пресметај Избриши

Дали сте задоволни од професионалноста и љубезноста на вработените во ЦКБ?

Гласај

Мапа на банкомати

Мапа на експозитури