Депозити
Штедни влогови
Во Централна кооперативна банка АД Скопје, парични средства може да вложи секое домашно или странско физичко лице (резидент или нерезидент).
Вложувањето средства е одличен начин да штедите, а, притоа, и да го зголемите вложениот износ со исклучително поволни каматни стапки. За вложените средства, физичкото лице и Банката склучуваат Договор.
Штедните влогови орочени на определено време може да бидат краткорочни или долгорочни, односно орочени на 1, 3, 6, 12, 13, 24, 25, 36, 37 или 60 месеци, или друга договорена рочност.
За вложените средства гарантира Банката, а истите се осигурани во Фондот за осигурување на депозити АД Скопје (осигурувањето на депозити е до 30.000 ЕУР по депонент во банка).
Отворање депозитна сметка (штеден влог) се врши на шалтерите во сите експозитури на Банката, со важечка лична исправа за идентификација, и тоа, лична карта или патна исправа за резиденти (домашни физички лица) или со патна исправа за нерезиденти (странски физички лица).
За отворање депозитна сметка на малолетно лице (до навршување на 18 години), барањето го искажува неговиот законски застапник, или од него овластено лице.
Со вложените средства располага сопственикот на депозитната сметка (штедниот влог), а во согласност со условите и општите карактеристики на депозитниот производ. Со средствата може да располага и овластено лице, врз основа на полномошно дадено пред овластен работник на Банката а во присуство на двете страни (сопственикот на сметката и лицето кое се овластува). Полномошно за располагање со средствата од депозитот може да се даде и дополнително во периодот на важење на договорот за депозитот, и тоа, на шалтерите на Банката или пред надлежен орган, кое во оригинал се доставува до Банката.
Ополномоштеното лице нема право да го раскине Договорот и да ја затвори депозитната сметка во Банката, ниту правото за располагање со средствата да го пренесе на друго лице.
Податоците за депозитната сметка на физичкото лице се деловна тајна на Банката, а може да се соопштат само доколку сопственикот на депозитот дал писмена согласност на Банката, или доколку податоците се доставуваат на писмено барање од надлежен орган согласно со закон.
Во согласност со Вашите потреби, Вие го избирате моделот на штедење кој најмногу Ви одговара. Пред да ја донесете Вашата одлука, може да се информирате за општите карактеристики, рочноста, каматните стапки и за другите услови за одделните депозитни производи на Банката и да го изберете моделот кој најмногу ќе Ви одговара.
Дополнителни информации може да се добијат во сите експозитури на Банката.
Лица за контакт:
Елена Аврамовска,
Телефон: (02) 3249-340
e-mail: elena.avramovska@ccbank.mk