Кредитен пакет „Доверба - Македонски Полициски Синдикат МПС“
ПРОМОТИВНО ЈУНИ 2026
КРЕДИТ БЕЗ ЖИРАНТИ И ДО 2 500 000 МКД, НА РОК ДО 120 МЕСЕЦИ
НИСКА КАМАТНА СТАПКА ВЕЌЕ ОД 4,30% ВО ЦЕЛИОТ РОК НА КРЕДИТОТ
АПЛИЦИРАЈ ЗА КРЕДИТ
*4,30% фиксна за првите 2 години, променлива каматна стапка по истек на фиксниот период изнесува 4,30%
* Промотивните услови важат за клиенти приматели на плата во Банката, кои ќе го пренасочат приемот на платата преку Банката, користат дозволено пречекорување и мобилно банкарство, најголем дел од изложеноста им е во Банката и ќе винкулираат ризико полиса која покрива 100% од кредитот.
* При неисполнување на билo кој наведен услов, променливата каматна стапка ќе биде поставена на 5,40% по истек на првите две години или било кога во натамошниот рок на кредитот. За сите други клиенти, кои не ги исполнуваат горе наведените услови, но имаат ризико полиса која покрива најмалку 50% од кредитот, Банката нуди промотивни фиксна каматна стапка од 4,80% за првите две години и 5,40% за периодот по втората година.
- 30% попуст на административен надомест за утврдување бонитет и контрола на документација односно 70% при винкулирање ризико полиса. Во случај кредитот да се затвори предвреме во периодот со фиксна каматна стапка, Банката го задржува правото да го наплати и преостанатиот дел до утврдениот редовен административен надомест
- Без жиранти за кредити со износ од 2 000 000 мкд до 2 500 000 мкд при показател ДСТИ понизок и еднаков на 30% и винкулирана ризико полиса која покрива најмалку 50% од кредитот
- Без жиранти за кредити со износ од 1 700 000 мкд до 2 000 000 мкд при показател ДСТИ понизок и еднаков на 40% и винкулирана ризико полиса која покрива најмалку 50% од кредитот
- Без жиранти за кредити со износ до 1 600 000 мкд за показател ДСТИ понизок и еднаков на 50%, со или без винкулирана ризико полиса која покрива најмалку 50% од кредитот
НАМЕНА И ПАРАМЕТРИ НА КРЕДИТОТ
Овој пакет е наменет за членовите на Македонскиот полициски синдикат (МПС).
Пакетот вклучува ненаменски потрошувачки кредит, дозволено пречекорување на трансакциска сметка и кредитна картичка. Максималниот одобрен износ на средства на пакетот не може да биде повисок од 2 000 000 МКД, но не повеќе од 50 нето плати вкупно за пакетот „Доверба“, од кои најмногу до 10 нето плати како лимити за картични производи.
Износ на кредитот - Максимален износ до 2 500 000 МКД, но не повеќе од 50 нето плати вкупно за пакетот „Доверба“, од кои најмногу до 10 нето плати како лимити за картични производи.
Рок на кредитот - Максимален рок до 120 месеци
Грејс период - Грејс период до 6 месеци
Услови за кредитобарателот:
- Редовен работен однос на неопределено време најмалку 6 месеци пред аплицирањето или
- Работен однос на определено работно време најмалку 12 месеци во континуитет пред аплицирањето
- Пензионери членови на Македонскиот Полициски Синдикат, со возраст до 62 години (кои користеле бенефициран работен стаж)
РЕДОВНИ КАМАТНИ СТАПКИ
За кредитобаратели коишто имаат редовни месечни приливи на сметка во Банката и на коишто истовремено ќе им биде одобрено дозволено пречекорување:
- 5,60%фиксна каматна стапка на годишно ниво за првите две годинии
- 6,00%,и не пониска од 6,00% променлива каматна стапка (референтна каматна стапка од 2,70% + 3,30% фиксен дел) за периодот потоа, при коешто се дозволени подолу наведените отстапки, и тоа:
Дополнителни намалувања на горенаведената фиксна каматна стапка, во следните случаи:
- минус 0,20 п.п.за апликации со обезбеден жирант/авалист/кобарател; при рефинансирање изложености во други банки или штедилници со минимум половина од кредитот ; доколку рокот на кредитот е до 95 месеци
- минус 0,40 п.п. за апликанти со месечни приходи над 45 000 мкд или за апликанти коишто ќе винкулираат ризикополиса во корист на Банката
За кредитобаратели кои платата не ја примаат на сметка во Банката
- 7,50% (референтна каматна стапка од 2,70% + 4,80% фиксен дел) променлива каматна стапка на годишно ниво за цел период.
Сите погоренаведени каматни стапки се дадени во апсолутен износ, а нивната структура се формира согласно усвоената методологија на банката.
* Преглед на референтни каматни стапки
РЕДОВНИ ПРОВИЗИИ И НАДОМЕСТОЦИ
- 1.500 мкд - надомест за документација
- Административен надомест за утврдување бонитет и контрола на документација - согласно тарифник
- Трошоци за нотар – при солемнизација
- Административен надомест за утврдување бонитет и контрола на документација
-
|
Надомест
|
до изложеност/и до
|
Надомест
|
до изложеност/и до
|
|
0,00 МКД
|
400.000 МКД
|
24.000 МКД
|
3.000.000 МКД
|
|
4.800 МКД
|
600.000 МКД
|
29.600 МКД
|
3.700.000 МКД
|
|
7.200 МКД
|
900.000 МКД
|
36.800 МКД
|
4.600.000 МКД
|
|
9.600 МКД
|
1.200.000 МКД
|
44.800 МКД
|
5.600.000 МКД
|
|
12.800 МКД
|
1.600.000 МКД
|
56.000 МКД
|
7.000.000.МКД
|
|
16.000 МКД
|
2.000.000 МКД
|
68.000 МКД
|
8.500.000 МКД
|
|
20.000 МКД
|
2.500.000 МКД
|
85.000 МКД
|
над 8.500.000 МКД
|
-
СТАПКА НА ВКУПНИ ТРОШОЦИ
СВТ при промотивни услови:
4,50% - при кредит од 900 000 мкд на 95 месеци, за корисник на пречекорување и мобилно банкарство, со цела изложеност во Банката и винкулирана ризико полиса, каматата ќе изнесува 4,3% во целиот период, фиксна за првите 2 години. Вкупниот трошок за камата и провизии ќе изнесува 167 118 мкд
* За добивање на кредит со промотивни услови, клиентот е должен да го пренасочи приемот на платата преку Банката и да обезбеди винкулирана ризико полиса во корист на Банката.
СВТ при редовни услови:
6,25% - за кредит во износ од 600 000 МКД, со рок на враќање од 95 месеци со фиксна каматна стапка од 5,20% за првите 2 години, а потоа 6,30% променлива каматна стапка. Вкупните трошоци ќе изнесуваат 156.793 мкд.
*Примерот се однесува за апликации со обезбеден жирант/авалист или при рефинансирање во други банки или штедилници со најмалку 50% од кредитот и во случај на апликанти со месечни приходи над 44 000 мкд
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ И ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА
Обезбедување:
- Без жиранти за кредити со износ до 1 500 000 мкд со солемнизација на договорот за кредит - само за клиенти кои ќе докажат дека лично поседуваат имот или ќе понудат солидарен должник (сопруг / сопруга / брат / сестра / татко / мајка / деца) кој ќе докаже дека поседува имот.
- Без жиранти за сите клиенти кои аплицираат за кредити со износ до 1 500 000 МКД , но не повеќе од 37 месечни примања, во случаи кога вкупните месечни обврски по ануитети не надминуваат 40% од месечните приходи на барателот.
- Без жиранти до 1 275 000 мкд за сите случаи каде месечните приходи на кредитобарателот се над 24 000 мкд и пресметаниот ДСТИ е под 55%
- За клиенти со месечни приходи под 24 000 МКД максималниот дозволен пресметан ДСТИ изнесува 40%.
- Дополнителни услови: Издавање на златни кредитни картички Мaster Card со минимален износ на лимит од 300 000 мкд, но да не надминува повеќе од 400 000 мкд, за одобрени кредити од кредитен пакет „Доверба“, на кредитокорисници со месечен приход над 50 000 мкд или вкупен месечен семеен приход над 90 000 мкд.
ЕКСПОЗИТУРИ