Western Union
WESTERN UNION
Почнувајќи од 2009 година, Централна кооперативна банка АД Скопје во соработка со Унија Финансиска Скопје ја нуди услугата на брз трансфер на пари преку глобалниот систем на Western Union.
Western Union е услуга за брз трансфер на пари која овозможува на многу брз и едноставен начин примање и испраќање на пари низ целиот свет, без да е потребно отворање на банкарска сметка. Секое лице кое има потреба да испрати или прими пари во готово може да користи Western Union Money Transfer. Глобалната мрежа на Western Union Money Transfer најчесто ја користат:
- Иселеници кои им помагаат на своите најблиски;
- Родители кои им помагаат на своите деца кои студираат во странство;
- Туристи и патници на кои итно им се потребни пари; и
- Деловни луѓе при патувања во странство.
Карактеристики
Сигурност
Секој трансфер се следи преку единствен контролен број за трансфер на пари, со што се гарантира дека Вашите пари се подготвени за исплата брзо и тоа само на примачот.
Брзина
Парите се спремни да се подигнат само неколку минути* одкако се пратени. Western Union користи напредна технологија и уникатна компјутерска мрежа насекаде во светот, што овозможува плаќањето да се изврши веднаш.
Достапност
Постојат повеќе од 300.000** локации насекаде во светот каде што испраќачите и примачите можат да ги испратат или подигнат своите пари. Не е неопходно да имате сметка во банка. Повеќето агенти насекаде во светот се достапни да Ве услужат преку целиот ден, преку целата недела и преку целата година.
* Подлежи на времето на работење и различните временски зони.
** Во некои земји услугата на испорака на пари не е достапна, така што клиентите можат само да подигаат пари.
Испорака на пари
- Дојдете во најблиската експозитура на Централна кооперативна банка АД Скопје. Нашите службеници ќе го пополнат формуларот за Вас.
- Пополнетиот формулар за испраќање на пари потпишан од Ваша страна заедно со парите што ги праќате, провизијата и документот за идентификација предадете ги на службеникот на Банката.
- За секоја испорака на пари ќе добиете потврда со контролен број (MTCN).
- Известете го примачот за трансферот на пари и соопштете му го контролниот број и износот што сте го испратиле.
- Месечниот лимит за испраќање на парични средства изнесува до 2.500,00 ЕУР.
- Испраќачот на средствата плаќа провизија определена од Western union.
Примање на пари
- Испраќачот потребно е да Ве извести за контролниот број на трансферот, кога Ви се испратени пари преку агент на WesternUnionMoneyTransfer и на кој износ.
- Пополнетиот формулар за примање на пари со наведени податоци за земјата од каде Ви ги испраќаат парите, името на испраќачот и износот кој го очекувате, потпишан од Ваша страна заедно документот за идентификација предадете ги на службеникот на Банката.
- По проверка на контролниот број и вашите лични податоци, парите ќе ви бидат исплатени.
- Дневното ограничување за прием на пари изнесува до 5.000,00 ЕУР.
- Примачот не плаќа провизија за пристигнатите средства.
За испраќање и/или подигање на пари потребен Ви е важечки документ за идентификација - лична карта или пасош.
Трансакциите може да се реализираат само во две валути - евра или долари.
Услугата за брз трансфер на пари – Western union се врши согласно законските одредби со кои се регулира примањето и испраќањето на средства на резиденти и нерезиденти во РМ, согласно Упатствата дадени од Western Union на Агентот, Упатствата дадени од Агентот и Тарифата за надоместоци на Western Union.
Доколку трансферите преку Western Union ги извршите надвор од локациите на банката, Централна кооперативна банка АД Скопје не сноси никаква одговорност ниту пак прима каква и да е рекламација за тој трансфер.
Тарифа
Провизијата за услугата за брз трансфер на пари се наплатува во денарска противвредност според курсна листа определена од Western Union.
Провизијата за испорака на пари ја плаќа само испраќачот. Примателот на парите не подлежи на никакви трошоци.
Провизијата за испорака на пари се наплатува во денари.
Дополнителни информации може да се добијат во сите Експозитури на Банката.
Лица за контакт:
Сашо Лазаревски,
Телефон: +389 2 324 9371
Факс: +389 2 324 9377
e-mail: saso.lazarevski@ccbank.mk
Бобан Јанев,
Телефон: (02) 3249-340
e-mail: boban.janev@ccbank.mk