Бизнис кредит - Експорт
Кредитниот производ ЦКБ Бизнис-кредит „Експорт“ е наменет за претпријатија класифицирани како НЕТО-ИЗВОЗНИЦИ (нефинансиски друштва коишто во претходните дванаесет месеци оствариле поголем девизен прилив врз основа на остварен извоз, од девизен одлив врз основа на остварен увоз). Претпријатија кои работат успешно и имаат позитивни финансиски резултати во претходната и во тековната финансиска година, за финансирање плаќања поврзани со основната дејност (купување суровини, материјали, стоки, други краткорочни активи, плаќање тековни трошоци).
Вид на кредитот
|
Стандарден кредит со амортизациски план.
|
Намена на кредитот
|
Обртни средства потребни за тековното работење на друштвото.
|
Износ на кредитот
|
До 500.000 ЕУР (противвредност во МКД), во зависност од реализираните приходи од продажба на стоки/услуги од основната дејност во последната финансиска година.
|
Рок на кредитот
|
Рокот на кредитот е до 36 месеци (3 години).
|
Грејс-период
|
Грејс-периодот за главнината по кредитот е од 3 месеци до 9 месеци во зависност од рокот на кредитот.
|
Годишна каматна стапка
|
- од 4,00% до 6,00% променлива на годишно ниво
Каматната стапка зависи од рокот на кредит, кредитоспособноста и бонитетот на клиентот, редовноста во сервисирањето на обврските кон Банката и видот и квалитетот на понуденото обезбедување.
* Каматната стапка за кредити во денари се дефинира како збир на каматна стапка на денарски депозити без валутна клаузула, зголемена за фиксен додаток, но истата да не изнесува помалку од дефинираната согласно продуктот на годишно ниво.
*Каматната стапка за кредити во денари со девизна клаузула се дефинира како збир на шест месечен EURIBOR, зголемена за фиксен додаток, но истата да не изнесува помалку од дефинираната согласно продуктот на годишно ниво.
|
Провизии и надоместоци
|
Провизиите и надоместоците се одредени во согласност со Одлуката за тарифи на Банката.
|
Обезбедување
|
За обезбедување на кредитот се користи комбинација од инструменти за обезбедување во согласност со интерните правила на Банката, и тоа: хипотека на недвижен имот од прв ред, залог на подвижен имот, гаранции од првокласни банки, депозити (денарски или девизни), меница во форма на нотарски акт, меница од фирмата (меница) авалирана од сопственикот/сопствениците на фирмата и други инструменти за обезбедување прифатливи за Банката.
|
За подетални информации обратете се во: Дирекција за банкарски услуги на правни лица, во Филијалата во Скопје-Центар, на улица „Даме Груев“ бр.28, веднаш до Министерството за труд и социјална политика наспроти полициската станица БЕКО“ или во најблиската експозитура до Вас.
* Преглед на референтни каматни стапки