Автомобилски кредит во соработка со М Кар и Стар Моторс дооел Скопје
НАМЕНА И ПАРАМЕТРИ НА КРЕДИТОТ
Кредитот е наменет за физички лица со постојано место на живеење во Р.Македонија, чија што возраст до датумот на доспевање на кредитот не надминува 65 години. Кредитобарателите мора да остваруваат редовни месечни приходи од работен однос и да имаат чиста кредитна историја во кредитниот регистер на НБРМ, најмалку 3 месеци пред аплицирање за кредитот.
Максимален износ на кредитот - До 5 546 756 МКД (90 000 ЕУР во денарска противвредност) но не повеќе од 50 нето месечни приходи
Рок на искористување - До 90 месеци
Учество:
- Минимум 10% од вредноста на автомобилот што се купува, за автомобили со цена до 15 000 ЕУР;
- Минимум 15% од вредноста на автомобилот што се купува, за автомобили со цена од 15 000 ЕУР до 20 000 ЕУР;
- Минимум 20% од вредноста на автомобилот што се купува, за автомобили со цена од 20 000 ЕУР до 25 000 ЕУР;
- Минимум 25% учество при купување на автомобили со цена од 25 000 до 50 000 ЕУР и рок до 36 месеци, односно минимум 30% учество за сите други рокови над 36 месеци
- Минимум 35% учество при купување на автомобили со цена над 50 000 ЕУР, освен кога кредитот се отплаќа на 2 или 3 годишни ануитети во кој случај е дозволено учество од 33%.
РЕДОВНИ КАМАТНИ СТАПКИ
Камата која важи за сите марки на автомобили кои се продаваат од М Кар и Стар Моторс дооел Скопје, без оглед на тоа дали кредитобарателите платата ја примаат или не ја примаат преку сметка во Банката
|
Опција 1
- 3,30% фиксна каматна стапка на три еднакви годишни рати, за одобрени денарски кредити;
Опција 2
- 3,30% фиксна каматна стапка за првите три години, за одобрени денарски кредити;
- 5,00% променлива каматна стапка по истек на периодот со фиксна каматна стапка (референтна каматна стапка од 1,12% + 3,88% фиксен дел,важечка од 01.01.2023)
|
* Преглед на референтни каматни стапки
ПРОВИЗИИ И НАДОМЕСТОЦИ
- БЕЗ ТРОШОЦИ за барање на кредит;
- БЕЗ ПРОВИЗИЈА за обработка на кредит и
- БЕЗ ТРОШОЦИ за проценка на автомобилот.
(Важи за сите марки на автомобили кои се продаваат од М Кар дооел Скопје и Мазда автомобили кои се продаваат од Стар Моторс дооел Скопје)
СТАПКА НА ВКУПНИ ТРОШОЦИ
3,96% - за кредит во износ од 1 537 500 МКД (25 000 ЕУР), со рок на враќање од 90 месеци со фиксна каматна стапка од 3,30% за првите три години, а потоа 5,00% променлива каматна стапка.
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ И ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА
Обезбедување:
- Договор за невладетелски залог од прв ред на автомобилот што е купен со кредитот;
- Меница потпишана од кредитобарателот и авалирана од сопруг/сопруга;
- Каско-осигурување на возилото со 200 ЕУР франшиза до четвртата година од кредитот и 500 ЕУР во останатите години со важност и за Р.Бугарија;
- Банката си го задржува правото да побара дополнително обезбедување.
Потребни документи:
- Барање за кредит;
- Потврда од работодавач за редовен работен однос во последните 6 месеци,
- образец М1 и М2
- административна забрана од плата;
- фотокопија од лична карта на кредитокорисниците и жирантите;
- извод од трансакциска сметка на која се прима платата за последните 6 месеци
Дополнителни продукти - Одобрена златна картичка со лимит од 300 000 МКД, за сите кредитобаратели кои имаат месечни приходи над 40 000 МКД или вкупни семејни приходи над 50 000 МКД.
ЕКСПОЗИТУРИ