Заштита на лични податоци
Право за заштита на личните податоци
Правото за заштита на личните податоци, како основно право на човекот и граѓанинот е загарантирано со Уставот на Република Македонија со кој се гарантира сигурноста и тајноста на личните податоци
Заштита на обработката на личните податоци во Централна кооперативна Банка АД Скопје
Централна кооперативна банка АД Скопје (во понатамошниот текст – Банката) во рамките на својот делокруг на работење а со цел извршување на услуги на клиентите, врши собирање, чување и обработка на лични податоци.
Од аспект на заштита на обработката на личните податоци, Банката е Контролор на лични податоци а Клиентот е Субјект на лични податоци.
Права на Субјекот на лични податоци
Информираност на Субјектот на личните податоци
Кога податоците се прибираат од Субјектот на личните податоци тој мора да биде информиран за :
- идентитетот на контролорот и неговиот претставник во РМ, ако го има
- целите на обработката
- корисниците или категории на корисници на личните податоци
- задолжителноста на давања на одговори на прашањата
- можни последици ако не даде одговор
- постоење право на пристап и исправка на неговите податоци
Барање на информации од страна на Субјектот
Субјектот на лични податоци може да побара од Банката да го информира:
- дали се врши обработка на неговите лични податоци;
- за целите и правната основа на обработката на личните податоци и корисниците или категориите на корисници на кои им се откриваат личните податоци;
- за личните податоци во врска со субјектот на личните податоци и изворот на податоци и
- за логиката на автоматизирана обработка, во случај на одлука донесена врз автоматска обработка, која има влијание врз субјектот на лични податоци.
За таа цел во Банката има посебен образец, Барање за достава на информации за обработка на личните податоци.
Субјектот на лични податоци може да го достави Барањето во секоја експозитура или ОЕ на Банката.
Банката е должна да одговори на субјектот на лични податоци од ставот 1 на овој член, во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето.
Кога Банката одговорила на барањето на субјектот на лични податоци од ставот 1 на овој член, нема обврска повторно да одговори на исто или слично барање на тој субјект, ако во меѓувреме нема промени во неговите лични податоци, освен ако изминале шест месеца од денот на доставувањето на претходното барање до новото барање.
Запирање на обработката на личните податоци
Субјектот на личните податоци има право во секое време, бесплатно и со користење на едноставни средства да ја повлече согласноста за обработка на неговите лични податоци за цели на директен маркетинг.
За таа цел во Банката има посебен образец, Барање за запирање на обработката на личните податоци.
Субјектот на лични податоци може да го достави Барањето во секоја експозитура или ОЕ на Банката
Копија од лична карта
Правењето копии на лични карти е регулирано во Законот за спречување на перење пари и други приноси од казниво дело и финансирање на тероризам.
На барање на сопственикот на личната карта контролорот, односно обработувачот е должен да издаде потврда за направената копија на личната карта во која задолжително се наведува целта за која е направена копијата и рокот на нејзиното чување.
Видео надзор
Банката врши видео надзор само на просторот кој е доволен за исполнување на целите за кои е поставен, и тоа:
- дел од коридорот пред влезовите на објектите на Банката
- внатрешниот простор на објектите на Банката каде што се одвиваат службени дејствија
- коридорот пред и околу банкоматите
Во сите простории на Банката каде што се врши видео надзор има истакнато Известување во облик на налепница на влезот во просториите.
Известувањето содржи информација:
- дека се врши видео надзор
- кој го врши видео надзорот и
- за начинот на кој може да се добијат информации за тоа каде и колку време се чуваат снимките од системот за видео надзор.
Банката врши видео надзор само на просторот кој е доволен за исполнување на целите за кои е поставен, и тоа:
- дел од коридорот пред влезовите на објектите на Банката
- внатрешниот простор на објектите на Банката каде што се одвиваат службени дејствија
- коридорот пред и околу банкоматите
За да поднесе соодветна тужба, субјектот на лични податоци мора да докаже дека му била нанесена материјална или нематеријална штета и дека за тоа се случило како последица на кршењето на ЗЗЛП.