СМС Известување
Централна кооперативна банка АД Скопје на своите клиенти им нуди можност по пат на СМС порака да добиваат известување за секоја поединечна трансакција со платежните картички на ЦКБ, веднаш по нејзиното авторизирање.
Предности:
- Потврда за извршена трансакција;
- Проверка на износот на извршената трансакција;
- Заштита од повеќекратно реализирање на иста трансакција;
- Заштита од злоупотреба на картичката.
За услугата СМС известување можете да аплицирате во која било експозитура на Централна кооперативна банка АД Скопје.
Напомена: Месечниот надомест за користење на услугата СМС известување изнесува 50 МКД по картичка.