Мобилно банкарство CCB Mobile правни лица
Мобилно банкарство – CCB Mobile
Системот за Мобилно банкарство на Централна кооперативна банка АД Скопје, е информативно-финансиски сервис на Банката кој на корисникот му овозможува 24 часа ефикасен, флексибилен и едноставен начин на пристап до информациите за состојбата на своите сметки во реално време, реализација на потребните финансиски трансакции како и праќање и прием на електронски пораки во комуникација со Банката, од својот мобилен уред или таблет, надвор од нејзините простории насекаде во светот.
Опсег на услуги
Банката во својот систем за Мобилно банкарство нуди определен опсег на услуги кои Корисникот ги прифаќа со потпишувањето на Договорот, и тоа:
1. Информативен сервис
- информација за приливите и одливите преку сметките во текот на денот;
- нотификација за добиени приливи или нереализирани одливи;
- извештаи за платежните и депозитните сметки за изминати денови;
- преглед на девизните курсеви;
- договарање на курс за купопродажба на девизни средства;
- извештај за промените и состојбата на платежните картички за одреден период;
- информација за дневните лимити, кредитниот лимит како и рокот на важност кај платежните картички;
- увид во состојбата и промени на кредитна партија на Корисникот;
- прием и праќање на електронски пораки.
2. Финансиски сервис
- платежни трансакции, односно кредитни трансфери кон сметки во рамките на Банката, како и плаќања кон иматели на сметки кај други даватели на платежни услуги преку системот на КИБС и системот на МИПС (итни плаќања);
- платежни трансакции, односно кредитни трансфери кон Трезорската сметка и сметката на Фондот за здравствено осигурување на РСМ;
- налози за купување и продажба на девизни средства, согласно важечката регулатива и правилата на Банката, вклучувајќи и договарање на курс;
- иницирање платни налози за девизни плаќања кон сметки во Банката (интерни девизни плаќања) согласно важечката регулатива и правилата на Банката; и
- иницирање платни налози за девизни плаќања кон сметки во други банки во РСМ и кон странство, преку системите на SWIFT или SEPA CT, согласно важечката регулатива и правилата на Банката.
Услови за користење на CCB Mobile
За користење на услугите на системот за Мобилно банкарство, Корисникот треба да има отворено платежна сметка (сметки) во Банката.
Банката го одобрува користењето на Мобилното банкарство врз основа на следното:
- Барање за користење на системот за електронско банкарство, и
- Договор за користење на системот за електронско банкарство.
За клиент правно лице прво е потребно регистрација на правното лице на интернет страната на Банката www.ccbank.mk каде врши првична регистрација согласно Упатството за користење на системот за електронско банкарство или преку најблиската Експозитура на Банката а потоа и регистрација на корисниците –физички лица кои ќе работат за правното лице,
За пристап на електронското банкарство за правното лице се одредени следните типови на
корисници:
1) Сопственик - со права за внес и потпишување на налози
2) Законски застапник - со права за внес и потпишување на налози
3) Корисник - со права за внес и потпишување на налози
4) Корисник - со права за внес на налози и увид на состојби по сметки
5) Корисник - со права само да внесува налози
Напомена: Само типови корисници под 1),2) и 3) може да користат CCB Mobile, додека сите може да се корисници и на CCB Online.
За користење на мобилната апликација CCBank Mobile MK, Корисникот е должен на свој трошок да обезбеди:
- мобилен уред базиран на Android оперативен систем со верзија 5.0 или понова, или за мобилен уред базиран на IOS со минимална верзија 9.0 или понова; и
- интернет пристап.
Корисникот може од Листата на продавници за мобилни апликации да ја превземат мобилната апликација и да ја инсталираат на својот мобилен уред.
Мобилната апликација CCBank Mobile MK како и сите верзии на измени и дополнувања, Банката ја поставува на следните продавници:
Лимити на износите за плаќања и ограничувања
При извршување на платежните трансакции во денари кон други банки преку мобилната апликација, максималниот износ за плаќања во текот на 24 часа Банката го определува на 1.860.000 МКД кон сите Налогопримачи. Над овој износ Корисникот може да реализира платни налози само преку CCB Online, или преку шалтерите на Банката. Во овој износ не се вклучени трансферите меѓу сопствени сметки. Лимитите се однесуваат во противвредност на сите валути, значи до противредност на 30000 ЕУР.
Корисникот може во секое време, согласно своите потреби самиот преку мобилната апликацијата CCB Mobile да го промени дневниот (24 часовен) максимален износ на лимитот за плаќања.
Услугите на електронско банкарство за купување и продажба на странски платежни средства може да бидат достапни во рамките на официјалната сесија на девизниот пазар, само за валутите прифатливи за Банката.
При извршување на трансакциите за купопродажба на девизни средства, ќе се применува последната курсна листа објавена од Банката.
Банката може во секое време да ја ограничи услугата за купопродажба на девизни средства за одредени валути или износи.
Корисникот може да изврши промена на начинот на користење, права, лимити, сметки за услугите поврзани со Мобилното банкарство во согласност со важечките акти на деловната политика на Банката.
При тоа Корисникот може и привремено да го блокира мобилниот уред од кој пристапува на апликацијата за мобилно банкарство.
Предности на Мобилното банкарство
Системот за Мобилно банкарство на Централна кооперативна банка АД Скопје овозможува сигурен и едноставен пристап до информациите за состојбата на Вашите сметки во реално време, 24 часа 7 дена неделно, реализација на финансиските трансакции како и праќање и прием на електронски пораки во комуникација со Банката, од својот мобилен уред или таблет, надвор од нејзините простории насекаде во светот.
- Сигурност – ccbmobile е систем за Мобилно банкарство каде се користи најсовремена технологија на заштита на податоците. Сите податоци кои се разменуваат се во криптирана форма и истите се достапни само на оној на кого се однесуваат.
- Намалени трошоци – вклучувањето во системот за Мобилно банкарство е без надомест, а налозите извршени преку истиот се со значително помали цени од налозите доставени на хартија во Банката.
- Заштеда на време – можноста да ги добиете потребните информации за прометот и состојбата на вашите сметки, извршување на трансакции како и праќање на електронски пораки без при тоа да доаѓате на шалтерите на Банката, значи заштеда на вашето драгоцено време и можност повеќе да се посветите на вашиот бизнис.
Склучување на Договор
Корисник на Мобилното банкарство може да стане правно лице кое во Банката има отворено денарска платежна сметка/сметки, ги прифаќа Општите услови на ЦКБ АД Скопје за склучување рамковни договори за отворање и одржување на платежни сметки и за користење на платежни услуги и е регистриран корисник на CCB Online.
Наплата на надоместоци
Корисникот е согласен надоместоците за услугите за користење на системот за Мобилно банкарство, Банката да ги наплатува автоматски од неговите сметки согласно Одлуката за Тарифата на надоместоци на Банката.
Информации на тел. 02/3249-320, 02/3249-340, 02/3249-371,
Техничка поддршка на тел. 02/3249-331
ibank@ccbank.mk