Централна кооперативна банка АД Скопје вработува кандидат за работнo местo: Стручен соработник - проценител
Локација:Скопје
Работниот однос е на определено време, со можност за продолжување на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
Работното место ги опфаќа следните работни активности:
- изготвување на нови процени на недвижен имот;
- вршење на повторни процени на имот;
- ревизија и контрола на постојни процени на имот согласно потребите на Банката;
- увид на имот на терен;
- подготовка на извештаи, анализи и придружна документација;
- следење на пазарните движења и релевантната регулатива од областа на проценувањето;
- извршување на други сродни работни задачи согласно потребите на Банката.
Кандидатите треба да располагаат со следните квалификации и познавања:
- завршено високо образование;
- важечка лиценца за овластен проценител;
- работно искуство во областа на проценување на недвижен имот ќе се смета за предност;
- солидно познавање на англиски јазик;
- одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери;
- возачка дозвола „Б“ категорија и активно возачко искуство.
Избраниот кандидат треба да ги поседува следните компетенции и вештини:
- самостојност, одговорност и самоиницијативност;
- способност за тимска работа во динамично работно окружување;
- добри комуникациски и организациски способности;
- професионален позитивен однос кон работата;
- висок степен на прецизност;
- способност за почитување на рокови и утврдени процедури
- доверливост и професионален интегритет.
За работно место е предвидена основна нето плата, чија висина ќе биде утврдена во зависност од квалификациите и професионалното искуството на кандидатот.
Банката нуди професионална и стабилна работна средина, можност за стручно усовршување,професионaлен развој и напредување во кариерата, работа во искусен тим. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете го Вашето CV на hr@ccbank.mk. Вашата апликација задолжително треба да го содржи работното место за кое аплицирате.
Огласот ќе биде активен заклучно со 26.08.2026 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308