ЦКБ Промотивен ПАКЕТ –ПЛАТА/ПЕНЗИЈА БЕЗ ПРОВИЗИИ!
За сите нови клиенти на Банката кои за прв пат отвораат сметка во месец ноември и декември 2026 година и кои ќе потпишат Изјава за пристапување кон промотивниот пакет „Плата/пензија без провизии”, добиваат повеќе поволности и помали трошоци за банкарски услуги во следните 12 месеци, односно заклучно со 31.12.2027 година.
- 0 денари – месечен надомест за одржување на платежна сметка.
- 0 денари – месечен надомест за користење на мобилната апликација.
- 0 денари – годишен надомест за управување со дебитна картичка во првата година.
- 0 денари – месечен надомест за користење на услугата СМС известување.
Како да ги искористиш поволностите?
- Отвори платежна сметка во Банката најдоцна до 31.12.2026 година.
- Потпиши Изјава за пристапување кон промотивниот пакет „Плата/пензија без провизии”.
- Пренасочи ја платата/пензијата на новоотворената сметка во рок од 3 месеци.
*Понудата важи за физички лица кои за првпат отвораат платежна сметка во Банката.
Посети ја најблиската експозитура и дознај повеќе!
Централна Кооперативна Банка АД Скопје