Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека во деловната мрежа на Централна кооперативна Банка АД Скопје почнувајќи од 16.07.2013 година сите физички лица можат без провизија да ги платат своите фактури кон ЕВН Македонија. Правните лица обврските по фактурите за електрична енергија можат да ги плаќаат на сметката на ЕВН Македонија отворена во Банката со минимален надоместок.