Согласно Предлог Одлуката на Управен Одбор и Одлуката на Надзорен Одбор на Централна Кооперативна Банка АД Скопје бр. 0204-93 од 21.06.2013 година, како и Решение на Комисија за хартии од вредност број УП1 08-111 од 02.07.2013 година, Одлуката за престанување на статусот членка на Берзата на членката Централна коопративна банка АД Скопје издадена од Македонска берза на хартии од вредност АД Скопје бр. 02-1342/1 од 03.07.2013 година и Одлука за престанок на членството на членката Централна кооперативна банка АД Скопје издадена од Централен Депозитар за хартии од вредност бр. 02-3833/1 од 05.07.2013 година, престанува со работа Службата за работа со хартии од вредност на Централна кооперативна Банка АД Скопје.