Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на едно лице на работно место Стручен соработник за администрирање на бази на податоци во Дирекцијата за информатички технологии на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
За ова работно место главните задачи и одговорности воглавно се однесуваат на:
- Инсталација и одржување на Oracle база на податоци
- Планирање и изработка на backup процедури
- Оптимизација и унапредување на перформанси на системот на Банката
- Воведување на нови алатки за релациони бази на податоци при развојот на апликациите
- Проактивен мониторинг на базата на податоци
Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и познавања:
- Минимум 2 години работно искуство во Oracle околина;
- Искуство во работа со големи бази на податоци;
- Искуство во пишување на PL/SQL процедури, функции, пакети и тригери;
- Искуство во набљудување и подобрување на перформансите на процедури, функции, пакети и тригери;
- Искуство во користење и одржување на Апликациски сервери (Red Hat Debian ...);
- Искуство во креирање, користење и одржување на Web сервиси;
- Искуство во пишување и одржување на Linux OS скрипти;
- Најмалку високо образование од областа на информатички технологии;
- Солидно познавање на англиски јазик.
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Мотивираност за проучување, совладување и примена на нови методологии, техники, технологии и околини за развој на софтвер
- Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
- Одлични комуникациски способности;
- Позитивен приод кон работата;
- Висок степен на прецизност.
Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, пополнете ја апликацијата на нашата интернет страница www.ccbank.mk во делот вработување и пракса или испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk.
Огласот ќе биде активен заклучно со 27.11.2016 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308