Во насока на намалување на ризикот и заштита на здравјето на клиентите и вработените во Банката, средствата по основ на пензии за месец октомври ќе бидат пренесени на сметките на корисниците на датум 27.10.2020 година.
Сите клиенти кои имаат дебитни картички, пензиите може да ги подигнат на банкоматите на ЦКБ или да ги користат средствата за плаќање во трговија почнувајќи од 27.10.2020.
Исплатата на средствата по основ на пензии на шалтерите во Банката ќе се врши врз основа на висината на пензијата во следните 4 групи:
1. До 11.000 денари 27.10.2020г. (вторник)
2. 11.001-14.000 денари 28.10.2020г. (среда)
3. 14.001-18.000 денари 29.10.2020г. (четврток)
4. Над 18.001 денари 30.10.2020г. (петок)
Со почит,
Централна кооперативна банка ад Скопје