Системот за Мобилно банкарство на Централна кооперативна банка АД Скопје, е информативно-финансиски сервис на Банката кој на корисникот му овозможува 24 часа ефикасен, флексибилен и едноставен начин на пристап до информациите за состојбата на своите сметки во реално време, реализација на потребните финансиски трансакции како и праќање и прием на електронски пораки во комуникација со Банката, од својот мобилен уред или таблет, надвор од нејзините простории насекаде во светот.
За користење на услугите на системот за Мобилно банкарство, Корисникот треба да има отворено сметка (сметки) во Банката.
Банката го одобрува користењето на Мобилното банкарство врз основа на следното:
-Барање за користење на системот за електронско банкарство, и
-Договор за користење на системот за електронско банкарство.
Пред да го достави пополнетото барање за користење на Мобилното банкарство до Банката, Корисникот сам се најавува на интернет страната на Банката www.ccbank.mk и врши првична регистрација согласно Упатството за користење на системот за електронско банкарство достапно на интернет адресата на Банката во делот за електронско банкарство .
Со првичната регистрација, Корисикот сам го определува корисничкото име и лозинка.
Корисникот или лицето овластено од негова страна можат од Листата на продавници за мобилни апликации да ја превземат мобилната апликација и да ја инсталираат на својот мобилен уред.
Повеќе инфо на: https://cutt.ly/unGtg3B
Информации на тел: 02/3249-361, 02/3249-340,
Техничка поддршка на тел: 02/3249-331
ibank@ccbank.mk