ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД, објавува оглас бр. 696221 за вработување на едно лице за работна позиција Соработник за клиентска услуга во Експозитура Тетово на определено време од 6 месеци со можност за продолжување на работниот однос на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување, основна почетна плата од 15.000 денари во нето изнoс и можност за дополнителни бонуси и награди во согласност со вложениот ангажман и остварените резултати.
Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации:
- Најмалку високо образование од областа на економските науки;
- Солидно познавање на англиски јазик;
- Познавање на албански јазик ќе се смета за предност;
- Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери;
- Поседување возачка дозвола „Б“ категорија
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
- Одлични комуникациски способности;
- Висок степен на прецизност;
Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, Ве молиме испратете го вашето CV на следнава меил адреса: hr@ccbank.mk
Огласот трае заклучно со 30.01.2015 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации и воедно ги исполнуваат условите во огласот, ќе бидат повикани на интервју кое ќе се одржи во просториите на Централна кооперативна банка АД Скопје.
Рокот за избор на кандидати е 30 дена по истекот на рокот за пријавување.