Централна кооперативна банка АД Скопје вработува кандидат за работнo местo: Соработник за картично работење - Скопје
Работниот однос е на определено време 6 месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
Работното место воглавно ги опфаќа следните работни активности:
∙ Тековно работење/издавање и опслужување на платежни картички;
∙ Комуникација со процесинг центарот и картични платежни шеми Mastercard и Visa, како и активно учество во проекти;
∙ Следење на законска регулатива и регулатива на картични платежни шеми;
∙ Изготвување редовни извештаи за своето работење, а во врска со сите работни процеси, работи и работни задачи во надлежноста на Службата.
Кандидатите треба да располагаат со следните квалификации и познавања:
- VII/1 степен - универзитетско образование;
- Одлично познавање на англискиот јазик;
- Одлична примена на компјутерските програми за обработка на текст, табели, електронска пошта и интернет;
- Најмалку 1 години релевантно работно искуство од областа на картичното работење.
Избраниот кандидат треба да ги поседува следните компетенции и вештини:
- Да умее да постави и одржува позитивни работни врски и односи со внатрешни и надворешни субјекти, за постигнување на поставените цели;
- Ефективна комуникација;
- Тимска работа;
- Прецизност;
- Лојалност и одговорност.
За ова работно места е предвидена основна нето плата во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот.
Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk. Вашата апликација задолжително треба да го содржи работното место за кое аплицирате.
Огласот ќе биде активен заклучно со 03.08.2025 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308