Централна кооперативна банка АД Скопје вработува кандидат за работнo местo: Помлад соработник - администратор на база на податоци во Дирекција за информатички технологии.
Локација: Скопје
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
Работното место воглавно ги опфаќа следните работни активности:
- Секојдневно следење (мониторинг) на перформансите и достапноста на базите на податоци;
- Администрација на кориснички пристапи и привилегии во базите на податоци согласно дефинирани процедури и политики;
- Извршување на редовни процедури за правење на сигурносни копии (backup) и учество во тестирање на процесот за обновување на податоци (recovery);
- Инсталација, конфигурација и основно одржување на системи за управување со бази на податоци (DBMS) под надзор на постар администратор;
- Асистирање при надоградба (upgrade) и инсталирање на закрпи (patching) на системите за бази на податоци;
- Решавање на основни технички проблеми и ескалација на посложени инциденти до повисоко ниво на поддршка;
- Пружање поддршка на тимовите за развој на софтвер, особено во делот на извршување на SQL скрипти и основни оптимизации;
- Учество во имплементацијата на воспоставени безбедносни процедури и политики за заштита на податоците;
- Водење на техничка документација за извршените задачи и конфигурации;
- Пружање на основна техничка поддршка на вработените поврзана со базите на податоци.
Кандидатите треба да располагаат со следните квалификации и познавања:
- Високо образование (Факултет од областа на информатичките технологии);
- Најмалку 1 година релевантно работно искуство од областа ќе се смета за предност;
- Познавање на современи и класични алатки за поддршка на развојот на програмската опрема;
- Познавање на системи за управување со бази на податоци;
- Познавање на интерни развојни методологии;
- Одлично познавање на англискиот јазик.
Избраниот кандидат треба да ги поседува следните компетенции и вештини:
- Способност за водење на проекти;
- Способност за поставување и одржување на позитивни работни врски и односи со внатрешни и надворешни субјекти, за постигнување на поставените цели;
- Ефективна комуникација;
- Тимска работа;
- Лојалност и одговорност.
За ова работно места е предвидена основна нето плата во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот.
Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk. Вашата апликација задолжително треба да го содржи работното место за кое аплицирате.
Огласот ќе биде активен заклучно со 30.11.2025 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308