Централна кооперативна банка АД Скопје вработува кандидат за работнo местo: Помлад соработник - администратор на оперативни системи во Дирекција за информатички технологии.
Локација: Скопје
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
Работното место воглавно ги опфаќа следните работни активности:
- Инсталација, конфигурација и редовно одржување на серверски оперативни системи (на пр. Windows Server, Linux);
- Континуирано следење (мониторинг) на здравјето, перформансите и искористеноста на ресурсите на серверите;
- Редовно инсталирање на безбедносни закрпи (patching) и надградби на оперативните системи и апликациите согласно дефиниран план;
- Администрација на кориснички сметки, групи и права на пристап на ниво на оперативен систем (на пр. Active Directory);
- Спроведување на дневни процедури за правење на сигурносни копии (backup) на серверите и проверка на нивниот статус;
- Решавање на основни системски проблеми и ескалација на посложени инциденти до постар администратор;
- Основно дијагностицирање на хардверски проблеми и асистенција при замена на компоненти;
- Вршење на редовни физички проверки во Дата Центарот (проверка на температура, напојување, статус на опрема);
- Водење и ажурирање на техничка документација за серверската инфраструктура;
- Пружање на техничка поддршка на вработените за прашања поврзани со серверите и системските сервиси.
Кандидатите треба да располагаат со следните квалификации и познавања:
- Високо образование (Факултет од областа на информатичките технологии);
- Најмалку 1 година релевантно работно искуство од областа ќе се смета за предност;
- Познавање на современи и класични алатки за поддршка на развојот на програмската опрема;
- Познавање на системи за управување со бази на податоци;
- Познавање на интерни развојни методологии;
- Одлично познавање на англискиот јазик.
Избраниот кандидат треба да ги поседува следните компетенции и вештини:
- Способност за водење на проекти;
- Способност за поставување и одржување на позитивни работни врски и односи со внатрешни и надворешни субјекти, за постигнување на поставените цели;
- Ефективна комуникација;
- Тимска работа;
- Лојалност и одговорност.
За ова работно места е предвидена основна нето плата во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот.
Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk. Вашата апликација задолжително треба да го содржи работното место за кое аплицирате.
Огласот ќе биде активен заклучно со 30.11.2025 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308