Централна кооперативна банка АД Скопје вработува кандидат за работнo местo: Помлад соработник за корисничка и техничка поддршка во Дирекција за информатички технологии.
Локација: Скопје
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
Работното место воглавно ги опфаќа следните работни активности:
- Пружање на прво ниво на техничка поддршка на вработените за хардверски и софтверски проблеми;
- Инсталација, конфигурација и одржување на компјутерска опрема (компјутери, печатачи, скенери) и стандарден софтвер;
- Евидентирање, решавање и следење на корисничките барања и инциденти преку Help Desk системот;
- Асистирање при дистрибуција на софтверски надградби и безбедносни закрпи на работните станици;
- Осигурување дека антивирусниот софтвер на работните станици е ажуриран и функционален.
Поддршка за клиенти и надворешни сервиси:
- Пружање на техничка поддршка на клиентите на Банката за услугите за електронско банкарство (преку телефон, е-пошта и други канали);
- Основна техничка поддршка, инсталација и решавање на проблеми со ПОС терминали и АТМ уреди;
- Пријавување на дефекти и комуникација со надворешни партнери за одржување на опремата (АТМ, ПОС и сл.).
Оперативни и мониторинг задачи:
- Следење на статусот на клучните ИТ сервиси и мрежната комуникација и навремено известување при појава на проблеми;
- Извршување на дневни оперативни процедури, како што е размена на податоци со надворешни системи;
- Следење на системите за поддршка во Дата Центарот (климатизација, UPS, противпожарна заштита).
Кандидатите треба да располагаат со следните квалификации и познавања:
- Високо образование (Факултет од областа на информатичките технологии);
- Најмалку 1 година релевантно работно искуство од областа ќе се смета за предност;
- Познавање на современи и класични алатки за поддршка на развојот на програмската опрема;
- Познавање на системи за управување со бази на податоци;
- Познавање на интерни развојни методологии;
- Одлично познавање на англискиот јазик.
Избраниот кандидат треба да ги поседува следните компетенции и вештини:
- Способност за водење на проекти;
- Способност за поставување и одржување на позитивни работни врски и односи со внатрешни и надворешни субјекти, за постигнување на поставените цели;
- Ефективна комуникација;
- Тимска работа;
- Лојалност и одговорност.
За ова работно места е предвидена основна нето плата во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот.
Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk. Вашата апликација задолжително треба да го содржи работното место за кое аплицирате.
Огласот ќе биде активен заклучно со 30.11.2025 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308