Септември 2025

ИЗВЕСТУВАЊЕ за исплата на пензии
9/30/2025Средствата по основ на пензии за месец септември ќе бидат пренесени на сметките на корисниците на датум 01.10.2025 година.
Сите клиенти кои имаат дебитни картички, пензиите може да ги подигнат на банкоматите на ЦКБ или да ги користат средствата за плаќање во трговија почнувајќи од 01.10.2025 година.
Со почит,
Централна кооперативна банка АД Скопје

Известување за работно време филијала Центар
9/25/2025Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека во периодот од 01.10.2025 година до 31.10.2025 година, работното време со клиентите корисници на услугите на Централна кооперативна банка АД Скопје за филијалата во Скопје - Центар се определува во траење од :
- Понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот
- Сабота од 08:00 до 13:00 часот
Централна кооперативна Банка АД Скопје

Известување за неработен ден
9/5/2025Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека по повод претстојниот празник, Ден на независноста, експозитурите на Централна кооперативна Банка АД Скопје нема да работат на датум 08.09.2025 (понеделник).
Со почит,
Централна кооперативна банка АД Скопје

Намалени надоместоци за платежни услуги
9/2/2025Почитувани клиенти,
Имајќи ги предвид заложбите на Банката за овозможување поголема достапност до банкарските услуги на Централна кооперативна банка, Банката ги намали надоместоците на платежните услуги за граѓаните и правните субјекти.
Со овие измени Централна кооперативна банка значително го олеснува користењето на платежните сметки и извршување на трансфери на средства, како и стимулирање на користењето на дигиталните канали на Банката.
Намалувањето се однесува на услуги поврзани со секојдневното работење на правните и физичките лица, особено за итните и големи безготовински плаќања преку МИПС системот на Народната банка, како и плаќањата преку дигиталните канали на Банката CCBOnline и CCBMobile.
Централна кооперативна банка и понатаму ќе ги унапредува услугите за своите клиенти, овозможувајќи поефикасно, поевтино и посовремено искуство во банкарското работење, во согласност со европските стандарди и трендови во платежните услуги.
Повеќе детали за намалувањата на надоместоците кои ќе важат од 6 октомври 2025 година се достапни на следниот линк.
Со почит,
Централна кооперативна банка АД Скопје
Август 2025

ИЗВЕСТУВАЊЕ за исплата на пензии
8/29/2025Средствата по основ на пензии за месец август ќе бидат пренесени на сметките на корисниците на датум 01.09.2025 година.
Сите клиенти кои имаат дебитни картички, пензиите може да ги подигнат на банкоматите на ЦКБ или да ги користат средствата за плаќање во трговија почнувајќи од 01.09.2025 година.
Со почит,
Централна кооперативна банка АД Скопје

Известување за неработен ден
8/26/2025Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека по повод претстојниот празник “Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)”, експозитурите на Централна кооперативна банка АД Скопје нема да работат на датум 28.08.2025 (четврток).
Со почит,
Централна кооперативна банка АД Скопје

Оглас за вработување
8/18/2025Централна кооперативна банка АД Скопје вработува кандидат за работнo местo: Соработник за клиентска услуга во Експозитура во Скопје.
Работниот однос е на определено време, со можност за продолжување на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
Работното место воглавно ги опфаќа следните работни активности:
- Продажба на банкарски производи и услуги;
- Промотивни активности на новите производи;
- Обезбедување на дополнителни информации за производите и услугите;
- Привлекување и комплетна услуга на клиенти кои Банката ќе ги категоризира како ВИП;
- Ажурирање на податоци и досиеја во позадинското работење и фајловите поврзани со трансакциите;
- Прием и постапување или проследување на одредени барања од коминтентите;
- Следење на конкуренцијата;
- Решавање на поплаки на коминтенти и останати комплексни прашања;
- Вршење на благајнички работи, по потреба;
- Претставување на Банката на позитивен и професионален начин, при комуникација со клиенти;
Кандидатите треба да располагаат со следните квалификации и познавања:
- Високо образование;
- Солидно познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери.
Избраниот кандидат треба да ги поседува следните компетенции и вештини:
- Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
- Одлични комуникациски способности;
- Позитивен пристап кон работата;
- Висок степен на прецизност.
За ова работно места е предвидена основна нето плата во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот.
Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете го Вашето CV на hr@ccbank.mk. Вашата апликација задолжително треба да го содржи работното место за кое аплицирате.
Огласот ќе биде активен заклучно со 31.08.2025 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308

Оглас за вработување
8/7/2025Централна кооперативна банка АД Скопје вработува кандидат за работнo местo: Соработник - Администратор на мрежи и сигурност - Скопје
Работниот однос е на определено време 6 месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
Работното место воглавно ги опфаќа следните работни активности:
- Планирање на стратегија и архитектура на мрежна инфраструктура;
- Следење, безбедносен надзор и усогласување на работата на компјутерските системи и мрежи и предлагање на промени и подобрувања;
- Превземање на мерки за обезбедување на достапност на системските сервиси (service uptime);
- Планирање и старателство на употребата на носителите на податоци;
- Управување со системите за безбедносни копии (Backup) на мрежните конфигурации и учество во плановите за опоравување од катастрофи (Disaster Recovery);
- Изработка на анализи и следење на работата на мрежните сервиси и информатичките системи (email, web, content filtering и сл.);
- Изработка на упатства, прирачници и стандарди;
- Дефинирање на безбедносна политика и обезбедување на безбедносни механизми;
- Поврзување со добавувачи на опрема и други институции;
- Координирање, надзор и следење на работниот процес;
- Администрирање на оперативни системи (секундарни активности);
Кандидатите треба да располагаат со следните квалификации и познавања:
- Високо образование (Факултет од областа на информатичките технологии);
- Најмалку 2 години релевантно работно искуство од областа;
- Познавање на современи и класични алатки за поддршка на развојот на програмската опрема;
- Познавање на системи за управување со бази на податоци;
- Познавање на интерни развојни методологии;
- Одлично познавање на англискиот јазик.
Избраниот кандидат треба да ги поседува следните компетенции и вештини:
- Способност за водење на проекти;
- Способност за поставување и одржување на позитивни работни врски и односи со внатрешни и надворешни субјекти, за постигнување на поставените цели;
- Ефективна комуникација;
- Тимска работа;
- Лојалност и одговорност.
За ова работно места е предвидена основна нето плата во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот.
Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk. Вашата апликација задолжително треба да го содржи работното место за кое аплицирате.
Огласот ќе биде активен заклучно со 17.08.2025 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308

Оглас за вработување
8/6/2025Централна кооперативна банка АД Скопје вработува кандидат за работнo местo: Соработник за архивирање – Скопје.
Работниот однос е на определено време 6 месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
Работното место воглавно ги опфаќа следниве работни активности:
∙ Евидинтирање и заведување на примените акти во деловодник;
∙ Распоредување на актите;
∙ Прием и експедиција на целокупната пошта;
∙ Заверка и дистрибуција на поштата и навремено доставување до надлежните организациони делови;
∙ Групирање, средување и слагање на архивскиот материјал по хронолошки ред, видови материјал и шифри на организационите делови;
∙ Чување и употреба на штембилот и печатите во архивата на Банката;
∙ Заведување на внатрешни упатства и наредби во деловодниците на Банката;
∙ Стручно, навремено и квалитетно извршување на поставените задачи;
∙ Средување на работната документација;
∙ Информирање на претпоставениот за сите активности и за други значајни проблеми од областа на работењето на организационата единица;
∙ Поставување и одржување на позитивни работни врски со внатрешни и надворешни субјекти, за постигнување на целите на Банката;
∙ Учество во изготвување на политики, правилници, одлуки, упатства за работата на организационата единица;
∙ Подготовка на редовни извештаи за своето работење до Директорот на Дирекцијата за административна поддршка, Управниот одбор и другите органи и одбори;
∙ Вршење на други работи и работни задачи.
Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и познавања:
- Најмалку средно образование;
- Најмалку 1 година релевантно работно искуство од областа на архивското работење;
- Основно познавање на англискиот јазик;
- Основни познавања од работа со компјутери;
Избраниот кандидат треба да ги поседува следниве компетенции и вештини:
- Да умее да постави и одржува позитивни работни врски и односи со внатрешни и надворешни субјекти, за постигнување на поставените цели;
- Ефективна комуникација;
- Тимска работа;
- Прецизност;
- Лојалност и одговорност.
За ова работно места е предвидена основна нето плата во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот.
Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете го Вашето CV на hr@ccbank.mk. Вашата апликација задолжително треба да го содржи работното место за кое аплицирате.
Огласот ќе биде активен заклучно со 18.08.2025 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308

ИЗВЕСТУВАЊЕ за промени во Тарифата на надоместоци и Општите услови за платежни сметки и платежни услуги
8/6/2025Почитувани,
Ве известуваме дека ЦКБ АД Скопје изврши измени и дополнувања на Тарифата на надоместоци и Општите услови за склучување рамковни договори за отворање и одржување на платежни сметки и за користење на платежни услуги како составен дел на Рамковниот договор за отворање и одржување на платежни сметки и за користење на платежни услуги.
Измените во Тарифата на надоместоци се однесуваат на воведување на надоместоци на приливни и одливни трансакции во Единствената област за плаќања во евра СЕПА.
Со приклучувањето кон СЕПА, Банката ќе им овозможи на своите корисници да вршат и примаат плаќања во евра, со истата ефикасност и ниски надоместоци како и домашните трансфери.
Променетите Општи услови и Тарифа на надоместоци може да ги подигнете печатени на хартија во експозитурите на Банката, а истите се достапни и на интернет страната на Банката во делот за Платежни услуги во земјата и Платежни услуги со странство.
Промените ќе се применуваат од 06.10.2025 година.
Доколку пред датумот на примена на измените не ја известите Банката дека ги одбивате измените и не доставите барање за раскинување на Рамковниот договор, Банката ќе смета дека ги прифаќате предложените измени.
Доколку не ги прифатите предложените измени имате право да го раскинете Рамковниот договор, на било кој датум пред датумот на примена на измените без да платите надоместок за раскинувањето.
За сите дополнителни прашања и консултации, Ви стоиме на располагање.
Ви благодариме на соработката.
Со почит,
Централна Кооперативна Банка АД Скопје

Оглас за вработување
8/5/2025Централна кооперативна банка АД Скопје вработува кандидат за работнo местo: Соработник за работа на благајна во Експозитура Кратово.
Работниот однос е на определено време, со можност за продолжување на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
Работното место воглавно ги опфаќа следните работни активности:
- Извршување на готовински и безготовински денарски и девизни трансакции, вклучително и менувачко работење;
- Отворање и затворање на трансакциски сметки за физички и правни лица;
- Почитување на пропишаните лимити за готовина и одржување на минимално потребниот износ во касата;
- Усогласување и затворање на благајната со целосна одговорност за точноста на средствата;
- Ажурирање на податоци и одржување уредна евиденција и документација поврзана со трансакциите;
- Менторска поддршка за нововработени во делот на благајничкото работење;
- Претставување на Банката на позитивен и професионален начин, при комуникација со клиенти.
Кандидатите треба да располагаат со следните квалификации и познавања:
- Најмалку средно образование од областа на економските науки;
- Солидно познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери.
Избраниот кандидат треба да ги поседува следните компетенции и вештини:
- Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
- Одлични комуникациски способности;
- Позитивен пристап кон работата;
- Висок степен на прецизност.
За ова работно места е предвидена основна нето плата во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот.
Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете го Вашето CV на hr@ccbank.mk. Вашата апликација задолжително треба да го содржи работното место за кое аплицирате.
Огласот ќе биде активен заклучно со 17.08.2025 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308

Оглас за вработување
8/4/2025Централна кооперативна банка АД Скопје вработува кандидат за работнo местo: Соработник за човечки ресурси - Скопје
Работниот однос е на определено време од 6 месеци, со можност за продолжување на истиот на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
Работното место воглавно ги опфаќа следните работни активности:
- Водење на целокупниот процес на регрутација и селекција на кандидати за вработување, согласно потребите на Банката;
- Подготовка и објавување на огласи за вработување, како и пронаоѓање на кандидати преку различни канали за регрутација;
- Одржување и ажурирање на база на апликации за вработување;
- Внесување и ажурирање на податоци за вработените во софтверски апликации за човечки ресурси и уредно водење на персонални досиеја;
- Спроведување активности за воведување на нововработени во работниот процес;
- Учество во креирање и реализација на програми за обука, согласно потребите на организациските единици на Банката;
- Учество во реализација на менторската програма, во координација со релевантните организациски единици;
- Вклучување во креирање и имплементација на програми за мотивација на вработените;
- Учество во организација и реализација на настани за вработените;
- Спроведување интервјуа за задржување, како и излезни интервјуа со вработените;
- Извршување административни задачи (подготовка на договори за вработување, анекси, потврди за работен однос, обработка на боледувања и слично).
Кандидатите треба да располагаат со следните квалификации и познавања:
- Високо образование;
- Најмалку 2 години релевантно работно искуство од областа на човечките ресурси ќе се смета за предност;
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на работа со компјутери.
Избраниот кандидат треба да ги поседува следните компетенции и вештини:
- способност за тимска работа;
- самоиницијативност;
- организациски и аналитички способности;
- одговорност и лојалност;
- поставување и одржување на позитивни работни врски со вработените и надворешните соработници;
- ефективна комуникација;
- креативност и иновативност.
За ова работно места е предвидена основна нето плата во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот.
Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV на hr@ccbank.mk. Вашата апликација задолжително треба да го содржи работното место за кое аплицирате.
Огласот ќе биде активен заклучно со 17.08.2025 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308
Јули 2025

ИЗВЕСТУВАЊЕ за исплата на пензии
7/31/2025Средствата по основ на пензии за месец јули ќе бидат пренесени на сметките на корисниците на датум 01.08.2025 година.
Сите клиенти кои имаат дебитни картички, пензиите може да ги подигнат на банкоматите на ЦКБ или да ги користат средствата за плаќање во трговија почнувајќи од 01.08.2025 година.
Со почит,
Централна кооперативна банка АД Скопје

ИЗВЕСТУВАЊЕ
7/30/2025Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека во периодот од 01.08.2025 година до 30.09.2025 година, работното време со клиентите корисници на услугите на Централна кооперативна банка АД Скопје за филијалата во Скопје - Центар се определува во траење од:
- Понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот
- Сабота од 08:00 до 13:00 часот
Со почит,
Централна кооперативна Банка АД Скопје

Прифатена апликацијата на Централна кооперативна банка за шемата СЕПА кредитен трансфер од страна на Европскиот совет за плаќања
7/30/2025Со задоволство Ве информираме дека апликацијата на Централна кооперативна банка АД Скопје за СЕПА кредитен трансфер шемата е прифатена од Европскиот совет за плаќања и Банката ќе биде вклучена во Регистарот на учесници за СЕПА Кредитен трансфер на 08.08.2025 година, со оперативна спремност од 06.10.2025 година.
СЕПА е иницијатива на Европската Унија што ги поедноставува плаќањата во евра, овозможувајќи им на поединците, бизнисите и владите поедноставно управување со платежните услуги преку побрзи, поефикасни, потранспарентни и побезбедни плаќања во евра, кон и од земјите членки на СЕПА.
Со приклучувањето кон СЕПА на клиентите им се овозможува да вршат и примаат плаќања во евра низ сите земји-членки на СЕПА, со истата ефикасност како и за домашните трансфери.
Централна кооперативна банка континуирано вложува во нови технологии и усогласување со европските стандарди кои го подобруваат корисничкото искуство на секој клиент.

Известување за неработен ден
7/30/2025Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека по повод претстојниот празник “Ден на Републиката”, експозитурите на Централна кооперативна банка АД Скопје нема да работат на датум:
- 02.08.2025 година (сабота).
Со почит,
Централна кооперативна банка АД Скопје

Оглас за вработување
7/22/2025Централна кооперативна банка АД Скопје вработува кандидат за работнo местo: Соработник за картично работење - Скопје
Работниот однос е на определено време 6 месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
Работното место воглавно ги опфаќа следните работни активности:
∙ Тековно работење/издавање и опслужување на платежни картички;
∙ Комуникација со процесинг центарот и картични платежни шеми Mastercard и Visa, како и активно учество во проекти;
∙ Следење на законска регулатива и регулатива на картични платежни шеми;
∙ Изготвување редовни извештаи за своето работење, а во врска со сите работни процеси, работи и работни задачи во надлежноста на Службата.
Кандидатите треба да располагаат со следните квалификации и познавања:
- VII/1 степен - универзитетско образование;
- Одлично познавање на англискиот јазик;
- Одлична примена на компјутерските програми за обработка на текст, табели, електронска пошта и интернет;
- Најмалку 1 години релевантно работно искуство од областа на картичното работење.
Избраниот кандидат треба да ги поседува следните компетенции и вештини:
- Да умее да постави и одржува позитивни работни врски и односи со внатрешни и надворешни субјекти, за постигнување на поставените цели;
- Ефективна комуникација;
- Тимска работа;
- Прецизност;
- Лојалност и одговорност.
За ова работно места е предвидена основна нето плата во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот.
Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk. Вашата апликација задолжително треба да го содржи работното место за кое аплицирате.
Огласот ќе биде активен заклучно со 03.08.2025 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ
7/10/2025Почитувани клиенти,
Со цел подобрување на квалитетот на понудените услуги, Ве информираме дека е планирана промена во инфраструктурата на информациските системи на ЦКБ АД Скопје во периодот од 11.07.2025 18:00 часот до 13.07.2025 година (вклучително).
Услугите CCB Mobile и CCB Online нема да бидат достапни во наведениот период, а банкарските експозитури нема да работат.
Во тој период, трансакциите со дебитни и/или кредитни картички на ЦКБ АД преку банкомати и плаќања на ПОС терминали ќе се извршуваат со расположиви средства заклучно со 11.07.2025 18:00 часот.
Ви благодариме за разбирањето и се извинуваме за предизвиканата непријатност.
Со почит,
Вашата Централна кооперативна банка АД Скопје

Оглас за вработување
7/7/2025Централна кооперативна банка АД Скопје, поради понатамошен развој и зголемен обем на работа вработува лица на работно место Соработник за клиентска услуга во Скопје.
Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и познавања:
- Високо образование од областа на економските науки;
- Солидно познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери.
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
- Одлични комуникациски способности;
- Позитивен приод кон работата;
- Висок степен на прецизност.
За ова работни места предвидена е основна нето плата во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот, како и можност за дополнителни бонуси и награди во согласност со вложениот ангажман и остварените резултати. Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk.
Огласот ќе биде активен заклучно со 15.08.2025 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308

Промотивно за сите корисници на ЦКБ MASTERCARD картички!
7/4/2025Твојот Mastercard ден
Сакаш ли секој месец да започнува со прослава?
Со Mastercard од ЦКБ, тоа е возможно. Започни нова омилена традиција - сега, на првиот ден од секој месец до крајот на годината, имаш причина за славење.
Регистрирај се на www.priceless.com/Mkden
Плати со ЦКБ Mastercard картичка во ресторан, бар или за достава на храна на 1-ви во месецот
Добиј 10% поврат на средства директно на твојата сметка
И така, сè до декември 2025 година.
Омилен ден секој месец: priceless.
Откриј ги сите придобивки што ги нуди твојата Mastercard картичка на www.priceless.com/Mkden