Април 2019
Известување за неработен ден
4/25/2019Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека по повод претстојните Велигденски и Првомајски празници, експозитурите на Централна кооперативна банка АД Скопје нема да работат во петок (26.04.2019), сабота (27.04.2019), понеделник (29.04.2019) и среда (01.05.2019) година.
Со почит,
Централна кооперативна Банка АД Скопје
ПРОМОТИВЕН ПЕРИОД
4/25/2019Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека во периодот од 25.04.2019 до 07.05.2019 година, подигнувањето на готовина на банкоматите на банката - со Вашите кредитни картички издадени од ЦКБ АД Скопје, ќе биде БЕЗ ПРОВИЗИЈА.
*Поволноста се однесува само за кредитни картички на физички лица.
Со почит,
Централна кооперативна банка АД Скопје
СРЕЌНА СРЕДА ВО CINEPLEXX ЗАЕДНО СО ЦКБ MASTERCARD!
4/5/2019Почитувани корисници на MasterCard картички издадени од Централна Кооперативна Банка: Секоја втора среда, почнувајќи од 20. Март 2019год., во месеците: март, април, мај, јуни, октомври, ноември и декември, со купување на билет со вашата бесконтактна ЦКБ MasterCard картичка во киното Cineplexx добивате уште еден билет гратис!
Оваа промоција ќе биде организирана во два промотивни периоди во 2019 година, од 20 март до 15 јуни и од октомври до декември, секоја втора среда за времетраење на промотивниот период и тоа:
• март: 20.• април: 3. и 17.• мај: 1., 15. и 29.• јуни: 12.• октомври: 23.• ноември: 6. и 20.• декември: 4. и 18.
Повеќе инфо на следниот линк:https://www.cineplexx.mk/Content.Node/mk/nastani/_items/specijalni_nastani/Srekjna_sreda_vo_Cineplexx_Mastercard_2019.mk.php
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
4/3/2019Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на едно лице на работно место Соработник за работа во благајна во Експозитура Кратово.
Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и познавања:
- Високо образование од областа на економските науки;
- Солидно познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери.
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Одлични комуникациски способности;
- Позитивен приод кон работата;
- Висок степен на прецизност во работењето.
За ова работно место предвидена е основна почетна нето плата од 17.000 денари, како и можност за дополнителни бонуси и награди во согласност со вложениот ангажман и остварените резултати. Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk..
Огласот ќе биде активен заклучно со 07.04.2019 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308
Март 2019
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
3/19/2019Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на четири лица на работно место Соработник за клиентска услуга во дел од експозитурите во Скопје.
Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и познавања:
- Најмалку високо образование од областа на економските науки;
- Солидно познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери.
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
- Одлични комуникациски способности;
- Позитивен приод кон работата;
- Висок степен на прецизност.
За ова работни места предвидена е основна нето плата од 18.000 до 25.000 денари во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот, како и можност за дополнителни бонуси и награди во согласност со вложениот ангажман и остварените резултати. Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk.
Огласот ќе биде активен заклучно со 24.03.2019 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308
Јануари 2019
Известување за неработен ден
1/18/2019Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека по повод претстојниот празник Богојавление (Водици), експозитурите на Централна Кооперативна Банка АД Скопје нема да работат на 19.01.2019 (Сабота).
Со почит,
Централна кооперативна Банка АД Скопје
Известување за неработен ден
1/4/2019Почитувани клиенти,
Ве информираме дека по повод Божиќните празници, експозитурите на ЦКБ АД Скопје нема да работат на 07.01.2019 година (понеделник).
На сите припадници на православна вероисповест им го честитаме Божиќ со желби за многу среќа, здравје и успеси!
Централна кооперативна Банка АД Скопје