Август 2020

Известување за неработен ден
8/27/2020Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека по повод претстојниот празник “Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)”, експозитурите на Централна кооперативна банка АД Скопје нема да работат во петок (28.08.2020 година).
Со почит,
Централна кооперативна Банка АД Скопје

ИЗВЕСТУВАЊЕ за предвремена исплата на пензии
8/25/2020Во насока на намалување на ризикот и заштита на здравјето на клиентите и вработените во Банката, средствата по основ на пензии за месец август ќе бидат пренесени на сметките на корисниците на датум 26.08.2020 година.
Сите клиенти кои имаат дебитни картички, пензиите може да ги подигнат на банкоматите на ЦКБ или да ги користат средствата за плаќање во трговија почнувајќи од 26.08.2020.
Исплатата на средствата по основ на пензии на шалтерите во Банката ќе се врши врз основа на висината на пензијата во следните 4 групи:
1. До 11.000 денари 26.08.2020г. (среда) 2. 11.001-14.000 денари 27.08.2020г. (четврток) 3. 14.001-18.000 денари 31.08.2020г. (понеделник) 4. Над 18.001 денари 01.09.2020г. (вторник)
Со почит,
Централна кооперативна банка ад Скопје

СООПШТЕНИЕ ЗА КЛИЕНТИТЕ НА ЕУРОСТАНДАРД БАНКА
8/19/2020Со цел да одговори на актуелната потреба за опслужување на постоечките клиенти на Еуростандард банка, Централна кооперативна банка АД Скопје се придружува на заедничките напори на банкарскиот сектор за брзо згрижување и прифаќање на клиентите кои останаа без матична банка за прием на своите месечни примања.
Имајќи го во предвид погоренаведеното, во текот на месеците август и септември 2020 година, Централна кооперативна банка АД Скопје ќе им одобри дозволено пречекорување од две пензии или две нето плати, на сите апликанти клиенти на Еуростандард Банка, кои ќе се одлучат своите месечни примања да ги добиваат на своја сметка во Централна кооперативна банка АД Скопје. Единствен услов за одобрување на предвиденото дозволено пречекорување од две пензии или две нето плати е апликантите да имаат историја на редовни отплаќачи на кредитни изложености во последните шест месеци. На секој прифатен апликант, ќе му биде издадена и дебитна платежна картичка. На сите апликанти кои низ редовна процедура ќе ја докажат својата кредитоспособност, Банката може да им одобри и повисоки кредитни изложености во рамки на својата актуелна продуктна палета.
Дополнително, на сите нови клиенти кои своите месечни примања по основ на пензија ќе ги примаат преку сопствена сметка во Централна кооперативна банка АД Скопје ќе им биде намален месечниот надомест за одржување на трансакциска сметка за 50%, до 31.12.2020 година.
Централна кооперативна банка АД Скопје е подготвена низ брза процедура и со минимална документација да го прифати секој нов апликант примател на пензија или плата. На располагање ја ставаме нашата деловна мрежа сочинета од 26 деловни единици и 35 банкомат распоредени во градовите Скопје, Тетово, Битола, Куманово, Крива Паланка, Прилеп, Штип, Охрид, Велес, Струмица, Кавадарци, Гевгелија, Пробиштип, Кратово и Ресен.
Понудата не е ограничена на постоечки клиенти на Еуростандард Банка и важи за сите апликанти кои ќе одлучат приемот на својата пензија или плата да го прават на своја сметка во Централна кооперативна банка АД Скопје.
Со почит
Централна кооперативна Банка АД Скопје

Оглас за вработување
8/19/2020Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на едно лице на работно место Стручен соработник за администрирање на мрежи и сигурност во Дирекцијата за информатички технологии на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
За ова работно место главните задачи и одговорности воглавно се однесуваат на:
- Дизајн, инсталација и надгледување на мрежна инфраструктура
- Мониторирање на мрежна инфраструктура и мрежен сообраќај
- Конфигурирање на телекомуникациски уреди (router, switch, firewall, ips)
- Конфигурирање и администрирање на антивирус и антиспам филтри
- Конфигурирање и администрирање на пасивна мрежна инфраструктура
- Администрирање и извршување на регуларни резервни копии
- Изготвување на детална техничка документација, мрежни дијаграми, мрежна инфраструктура и слична документација
- Следење на сигурност на мрежна инфраструктура и превенција од неовластен пристап
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Мотивираност за проучување, совладување и примена на нови методологии, техники и технологии
- Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
- Одлични комуникациски способности;
- Позитивен приод кон работата;
- Висок степен на прецизност;
- Претходно работно искуство со мрежни инфраструктури ќе се смета за предност.
Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, пополнете ја апликацијата на нашата интернет страница www.ccbank.mk во делот вработување и пракса или испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk.
Огласот ќе биде активен заклучно со 28.08.2020 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308

Оглас за вработување
8/19/2020Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на едно лице на работно место Соработник за клиентска услуга во Експозитура Тетово.
Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и познавања:
- Најмалку високо образование од областа на економските науки;
- Солидно познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери.
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Работно искуство најмалку 1 година;
- Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
- Одлични комуникациски способности;
- Позитивен приод кон работата;
- Висок степен на прецизност.
За ова работни места предвидена е основна нето плата од 18.000 до 25.000 денари во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот, како и можност за дополнителни бонуси и награди во согласност со вложениот ангажман и остварените резултати. Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk.
Огласот ќе биде активен заклучно со 28.08.2020 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308

Промотивно за сите корисници на ЦКБ Visa картички!
8/10/2020Почитувани клиенти,
Со секоја сметка над 2.000 денари во dm дрогериите платена со ЦКБ Visa картичките добивате ваучер од 500 денари.
*Акцијата се однесува на првите 5.000 сметки во периодот од 10.08.2020 до истекот на залихите.
Со почит,
Централна кооперативна Банка АД Скопје
Јули 2020

Известување за неработен ден
7/31/2020Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека по повод претстојниот празник “Ден на Републиката”, експозитурите на Централна кооперативна банка АД Скопје нема да работат во понеделник (03.08.2020 година).
Со почит,
Централна кооперативна банка АД Скопје

ИЗВЕСТУВАЊЕ за исплата на средства на корисниците на парични права од социјална заштита за месец јули
7/31/2020Во насока на намалување на ризикот и заштита на здравјето на клиентите и вработените во Банката, средствата по основ на примања од социјални права за месец јули ќе бидат пренесени на сметките на корисниците на 04.08.2020 година.
Сите клиенти кои имаат дебитни картички, средствата може да ги подигнат на банкоматите на ЦКБ или да ги користат средствата за плаќање во трговија почнуваќи од 04.08.2020.
Исплатата на средствата по основ на примања од социјални права на шалтерите во Банката ќе се врши врз основа на азбучен ред од почетната буква на презимето на клиентите во следните 3 групи:
1. 04.08.2020г. (вторник) - А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; 2. 05.08.2020г. (среда) - И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О; 3. 06.08.2020г. (четврток) - П, Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
Со почит,
Централна кооперативна банка ад Скопје

ИЗВЕСТУВАЊЕ за корисниците на кредитни картички на ЦКБ
7/29/2020Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека во периодот од 30.07.2020 год. до 04.08.2020 год. подигнувањето на готовина со вашите ЦКБ кредитни картички за физички лица, на банкоматите на Банката – ќе биде без провизија!
Со почит,
Централна кооперативна Банка АД Скопје

ИЗВЕСТУВАЊЕ за предвремена исплата на пензии
7/27/2020Во насока на намалување на ризикот и заштита на здравјето на клиентите и вработените во Банката, средствата по основ на пензии за месец јули ќе бидат пренесени на сметките на корисниците на 28.07.2020 година.
Сите клиенти кои имаат дебитни картички, пензиите може да ги подигнат на банкоматите на ЦКБ или да ги користат средствата за плаќање во трговија почнувајќи од 28.07.2020.
Исплатата на средствата по основ на пензии на шалтерите во Банката ќе се врши врз основа на висината на пензијата во следните 4 групи:
1. До 11.000 денари 28.07.2020г. (вторник) 2.11.001-14.000 денари 29.07.2020г. (среда) 3. 14.001-18.000 денари 30.07.2020г. (четврток) 4. Над 18.001 денари 31.07.2020г. (петок)
Со почит,
Централна кооперативна банка ад Скопје

Известување за неработен ден
7/14/2020Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека поради одржување на пред-времените парламентарни избори, експозитурите на Банката нема да работат на датум 15.07.2020 (среда).
Со почит,
Централна кооперативна банка АД Скопје

Оглас за вработување
7/13/2020Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на едно лице заинтересирано за работно место Соработник за платен промет во земјата во Скопје.
Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.
Работното место воглавно ги опфаќа следниве активности:
ги организира и координира работите во сите организациони делови на Банката во врска со приемот и обработката на налози за плаќање поднесени од учесниците во платниот промет;
ги организира и координира работите во врска со приемот, евиденцијата и решавањето на рекламациите од извршениот платен промет за сите организациони делови на Банката примени од други носители на платен промет како и од експозитурите/филијалите на Банката за погрешно внесени податоци во при извршувањето на платниот промет;
го организира работењето во врска со масовните операции за исплата на плата и збирни налози за пренос преку клиентските сметки во Банката;
дава насоки во разрешување на евентуални проблеми настанати при приемот и обработката на налозите при секојдневното работење на сите експозитури;/филијали;
врши дневно следење на извршувањето на готовинскиот и безготовинскиот платен промет, како и дневно усогласување со книговодствените евиденции на Банката;
остварува комуникација со платните системи во РСМ (КИБС, МИПС), подготвува, праќа и прима пратки;
врши обработка на налози за плати (обр ПП53), превземени од КИБС со фолио број;
Дневно флексибилно работно време : од 07:30 до 16:30 часот од 8 часови
Неделно работно време: понеделник – петок
За ова работно место предвидена е нето плата во зависност од искуството и квалификациите на кандидатот.
Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации:
Најмалку високо образование од областа на економските науки;
Добри аналитички способности;
Висок степен на прецизност;
Креативност и способност за паралелно извршување на повеќе активности;
Способност за тимска работа и работа во динамична средина;
Способност за работа со утврдени временски рокови;
Способност за работа под притисок.
Самомотивираност и способност за самостојно работење;
Солидно познавање на англиски јазик;
Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери;
Возачка дозвола „Б“ – категорија.
Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, Вашите кратки биографии заедно со пропратно писмо испратете ги во електронска форма на e-mail: hr@ccbank.mk со назнака „За оглас – Соработник за платен промет во земјата “.
Огласот ќе биде активен заклучно со 20.07.2020 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308

ИЗВЕСТУВАЊЕ за исплата на средства на корисниците на парични права од социјална заштита за месец јуни
7/3/2020Во насока на намалување на ризикот и заштита на здравјето на клиентите и вработените во Банката, средствата по основ на примања од социјални права за месец јуни ќе бидат пренесени на сметките на корисниците на 03.07.2020 година.
Сите клиенти кои имаат дебитни картички, средствата може да ги подигнат на банкоматите на ЦКБ или да ги користат средствата за плаќање во трговија почнувајќи од 03.07.2020.
Исплатата на средствата по основ на примања од социјални права на шалтерите во Банката ќе се врши врз основа на азбучен ред од почетната буква на презимето на клиентите во следните 3 групи:
1. 06.07.2020г. (понеделник) - А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; 2. 07.07.2020г. (вторник) - И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О; 3. 08.07.2020г. (среда) - П, Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
Со почит,
Централна кооперативна банка ад Скопје
Јуни 2020

ИЗВЕСТУВАЊЕ за предвремена исплата на пензии
6/24/2020Во насока на намалување на ризикот и заштита на здравјето на клиентите и вработените во Банката, средствата по основ на пензии за месец јуни ќе бидат пренесени на сметките на корисниците на 26.06.2020 година.
Сите клиенти кои имаат дебитни картички, пензиите може да ги подигнат на банкоматите на ЦКБ или да ги користат средствата за плаќање во трговија почнуваќи од 26.06.2020.
Исплатата на средствата по основ на пензии на шалтерите во Банката ќе се врши врз основа на висината на пензијата во следните 4 групи:
1. До 11.000 денари 26.06.2020г. (петок) 2. 11.001-14.000 денари 29.06.2020г. (понеделник) 3. 14.001-18.000 денари 30.06.2020г. (вторник) 4. Над 18.001 денари 01.07.2020г. (среда)
Со почит,
Централна кооперативна банка ад Скопје

Промотивно за сите корисници на ЦКБ Visa картички!
6/23/2020Почитувани клиенти,
Искористете попуст од 100 денари за секоја нарачка на kliknijadi.mk платена со ЦКБ Visa картичка. Исто така добивате бесплатна достава, без дополнителни трошоци.
* Понудата трае до 31 август 2020 година.
Со почит,
Централна кооперативна Банка АД Скопје

ИЗВЕСТУВАЊЕ за преземање домашна картичка на корисници на финансиска подршка
6/19/2020Почитувани,
Доколку сте примател на финансиска поддршка согласно Уредбата на Владата на РСМ, а по проверката на интернет страната www.kupuvamdomasno.gov.mk, утврдите дека Банка издавач на Вашата домашна платежна картичка е Централна кооперативна банка АД Скопје, во насока на поголема заштита и избегнување на преголема посетеност во експозитурите, Ве молиме да ги следите следните инструкции и информации:
Банката ќе ги издава домашните платежни картички преку своите експозитури низ Република Северна Македонија;
Картичките ќе бидат распределени по експозитури во градовите согласно податокот за адреса на корисникот на финансиска поддршка;
Примателите на финансиска поддршка со адреса во Скопје, картичката ќе може да ја подигнат во експозитурата на Банката лоцирана кај Градски стадион;
Банката ќе Ве исконтактира кога картичката ќе биде изработена и може да ја подигнете;
Доколку Вашите податоци не се ажурирани, Ве молиме ажурирањето да го направите во експозитурата каде сте регистрирани како клиент на Банката;
На следниот линк можете да ги видите локациите и работното време на експозитурите на Банката www.ccbank.mk ;
При посета на експозитурата за превземање на картичката, задолжително со себе да носите валиден документ за идентификација (лична карта или пасош);
Доколку корисник на домашна платежна картичка е малолетно лице кое нема валиден документ за идентификација, задолжително е присуство на родител/старател кој приложува документ - извод од матична книга на родени;
Во интерес на Вашата безбеденост и безбедноста на вработените во експозитурите на Банката, Ве молиме да ги почитувате мерките за спречување на пренесување на covid-19 (задолжително носење на заштитна маска како и физичко дистанцирање)
Повеќе информации во врска со издавањето на домашните картички може да добиете на телефонскиот број 02/3249-342.
Со почит,
Централна кооперативна банка АД Скопје

ИЗВЕСТУВАЊЕ за издавање домашна картичка на корисници на финансиска подршка
6/8/2020Почитувани,
Согласно Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници преку издавање на домашна платежна картичка наменета за купување на македонски производи и услуги за време на вонредна состојба (Службен весник на РСМ бр.137 од 27.05.2020 година) и Договорот за издавање на домашна платежна картичка склучен склучен помеѓу Централна кооперативна банка АД Скопје и Владата на Република Северна Македонија, Банката ќе издава домашна платежна картичка, на чија поврзана сметка ќе се исплатува финасиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица на возраст од 16 до 29 години и здравствени работници кои учествуваат во тестирање, дијагностицирање и лекување на граѓани заболени од covid-19, а со цел поттикнување на приватната потрошувачка и купувањето македонски производи и услуги во услови на намалена економска активност условена од здравствено економската криза предизвикана од вирусот covid-19, исплатена од Буџетот на Република Северна Македонија преку Владината програма П1-Мерки за справување со covid-19 кризата.
Како примател на финансиска поддршка согласно Уредбата, Ве молиме посетете ја интернет страната www.kupuvamdomasno.gov.mk , на која со внесувањето на Вашиот матичен број (ЕМБГ), може да проверите во која банка ќе Ви биде издадена домашната платежна картичка.
Доколку по проверката, утврдите дека Банка издавач на Вашата домашна платежна картичка е Централна кооперативна банка АД Скопје, во насока на поголема заштита и избегнување на преголема посетеност во експозитурите, Ве молиме да ги следите следните инструкции и информации:
Банката ќе ги издава домашните платежни картички преку своите експозитури низ Република Северна Македонија;
Картичките ќе бидат распределени по експозитури во градовите согласно податокот за адреса на корисникот на финансиска поддршка;
Банката ќе Ве исконтактира кога картичката ќе биде изработена и може да ја подигнете;
На следниот линк можете да ги видите локациите и работното време на експозитурите на Банката www.ccbank.mk ;
При посета на експозитурата за превземање на картичката, задолжително со себе да носите валиден документ за идентификација (лична карта или пасош);
Доколку корисник на домашна платежна картичка е малолетно лице кое нема валиден документ за идентификација, задолжително е присуство на родител/старател кој приложува документ - извод од матична книга на родени;
Во интерес на Вашата безбеденост и безбедноста на вработените во експозитурите на Банката, Ве молиме да ги почитувате мерките за спречување на пренесување на covid-19 (задолжително носење на заштитна маска како и физичко дистанцирање).
Со почит,
Централна кооперативна банка АД Скопје

Известување за неработен ден
6/4/2020Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека по повод претстојниот празник Духовден, експозитурите на Централна кооперативна Банка АД Скопје нема да работат на датум 05.06.2020 (петок).
Со почит,
Централна кооперативна Банка АД Скопје

Оглас за вработување
6/3/2020Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на едно лице на работно место Соработник за клиентска услуга во Експозитура Тетово.
Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и познавања:
- Најмалку високо образование од областа на економските науки;
- Солидно познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери.
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Работно искуство најмалку 1 година;
- Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
- Одлични комуникациски способности;
- Позитивен приод кон работата;
- Висок степен на прецизност.
За ова работни места предвидена е основна нето плата од 18.000 до 25.000 денари во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот, како и можност за дополнителни бонуси и награди во согласност со вложениот ангажман и остварените резултати. Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk.
Огласот ќе биде активен заклучно со 09.06.2020 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308

ИЗВЕСТУВАЊЕ за исплата на средства на корисниците на парични права од социјална заштита за месец мај
6/1/2020
Во насока на намалување на ризикот и заштита на здравјето на клиентите и вработените во Банката, средствата по основ на примања од социјални права за месец мај ќе бидат пренесени на сметките на корисниците на 02.06.2020 година.
Сите клиенти кои имаат дебитни картички, средствата може да ги подигнат на банкоматите на ЦКБ или да ги користат средствата за плаќање во трговија почнуваќи од 02.06.2020.
Исплатата на средствата по основ на примања од социјални права на шалтерите во Банката ќе се врши врз основа на азбучен ред од почетната буква на презимето на клиентите во следните 3 групи:
1. 02.06.2020г. (вторник) - А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; 2.03.06.2020г. (среда) - И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О; 3. 04.06.2020г. (четврток) - П, Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
Со почит,
Централна кооперативна банка ад Скопје