Јули 2016
Експозитура во Кавадарци на нова локација
7/22/2016Почитувани клиенти,
Со задоволство Ве известуваме дека од петок 22.07.2016 година експозитурата на Централна кооперативна банка АД Скопје во Кавадарци започнува со работа во нови простории на улица 7-ми Септември бр.35.
Банката и понатаму ќе вложува во унапредувањето на професионалноста и ефикасноста во пласирањето на банкарските производи и услуги со цел да биде чекор поблиску до своите клиенти
Централна кооперативна Банка АД Скопје
Известување за неработен ден (05.07.2016)
7/4/2016ИЗВЕСТУВАЊЕ
Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека согласно законот за празници на РМ, утре, 05.07.2016 е Државен празник – Рамазан Бајрам. Воедно Ве известуваме дека експозитурите на Централна кооперативна банка АД Скопје нема да работат во вторник (05.07.2016) година.
Централна кооперативна Банка АД Скопје
Јуни 2016
Оглас за вработување
6/16/2016Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на квалитетни и високо мотивирани лица заинтересирани за работа за работно место Соработник за клиентска услуга и тоа:
Филијала Скопје – 2 лица
Експозитура Тетово – 1 лице
Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
За ова работно место предвидена е основна почетна нето плата од 15.000 денари како и можност за високи дополнителни бонуси и награди во согласност со вложениот ангажман и остварените резултати.
Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и познавања:
- Најмалку високо образование од областа на економските науки;
- Солидно познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери.
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
- Одлични комуникациски способности;
- Позитивен приод кон работата;
- Висок степен на прецизност.
Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, пополнете ја апликацијата на нашата интернет страница www.ccbank.mk во делот вработување и пракса.
Огласот ќе биде активен заклучно со 22.06.2016 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308
Известување за неработен ден
6/16/2016Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека согласно Законот за празници на РМ, на 17 Јуни 2016 година (петок), Духовден, експозитурите на Централна кооперативна Банка АД Скопје нема да работат.
Во Сабота – 18.06.2016 година експозитурите ќе работат со редовно работно време.
Со почит,
Централна кооперативна Банка АД Скопје