Мај 2022

Известување за предвремена исплата на пензии
5/27/2022Во насока на намалување на ризикот и заштита на здравјето на клиентите и вработените во Банката, средствата по основ на пензии за месец мај ќе бидат пренесени на сметките на корисниците на датум 30.05.2022 година.
Сите клиенти кои имаат дебитни картички, пензиите може да ги подигнат на банкоматите на ЦКБ или да ги користат средствата за плаќање во трговија почнувајќи од 30.05.2022.
Исплатата на средствата по основ на пензии на шалтерите во Банката ќе се врши врз основа на висината на пензијата во следните 4 групи:
1. До 11.000 денари
2.11.001-14.000 денари
3. 14.001-18.000 денари
4. Над 18.001 денари
30.05.2022г. (понеделник) 31.05.2022г. (вторник) 01.06.2022г. (среда) 02.06.2022г. (четврток)
Со почит,
Централна кооперативна банка АД Скопје

Оглас за вработување
5/26/2022Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на две лица заинтересирани за работно место Дипл. Правник - Соработник за правни работи во Дирекцијата за правни работи во Скопје.
Работниот однос е на определено време со можност за продолжување на истиот на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
За ова работно место главните задачи и одговорности воглавно се однесуваат на застапување на Банката во постапките пред надлежните судови, нотари, извршители и другите органи и институци, изработување на целокупната останата документација и извршување на работни задачи во надлежност на Дирекцијата за правни работи.
Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и познавања:
- Најмалку високо образование Дипломиран правник;
- Положен правосуден испит;
- Солидно познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери;
- Возачка дозвола „Б“ категорија со две годишно возачко искуство;
- Претходно работно искуство во банкарскиот сектор ќе се смета за предност.
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
- Одлични комуникациски способности;
- Позитивен приод кон работата;
- Висок степен на прецизност.
Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk.
Огласот ќе биде активен заклучно со 15.06.2022 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308

Известување за неработен ден
5/23/2022Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека по повод претстојниот празник, Ден на сесловенските просветители “Св. Кирил и Методиј”, експозитурите на Централна кооперативна банка АД Скопје нема да работат на датум:
- 24.05.2022 година (вторник).
Со почит
Централна кооперативна Банка АД Скопје

Промотивно за сите корисници на ЦКБ Visa картички!
5/23/2022Плати со твојата ЦКБ Visa картичка на kliknijadi.mk и добиј попуст од 100 денари на нарачката.
* Промотивниот период трае до 15.06.2022 година.
Плаќајте преку интернет со Visa картички, брзо и безбедно.
За повеќе информации за сите понуди за online плаќање со Visa, посетете го линкот: https://www.visasoutheasteurope.com/

Промотивно за сите корисници на ЦКБ Visa картички!
5/23/2022Нарачај од Paket.mk, плати со твојата зачувана ЦКБ Visa картичка и добиј 20% попуст на нарачка поголема од 1.000 мкд.
* Минималниот износ на кошничката за добивање на попустот е 1.000 мкд и не го вклучува износот на достава и надоместокот за избор на термини.
** Промотивниот период трае до 30.06.2022 или до трошење на средствата планирани за оваа промоција.
Плаќајте преку интернет со Visa картички, брзо и безбедно.
За повеќе информации за сите понуди за online плаќање со Visa, посетете го линкот: https://www.visasoutheasteurope.com/

Оглас за вработување
5/19/2022Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на две лица на работно место Соработник за клиентска услуга во Скопје.
Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и познавања:
- Најмалку високо образование од областа на економските науки;
- Солидно познавање на англиски јазик и албански јазик;
- Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери.
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
- Одлични комуникациски способности;
- Позитивен приод кон работата;
- Висок степен на прецизност.
За ова работни места предвидена е основна нето плата до 25.000 денари во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот, како и можност за дополнителни бонуси и награди во согласност со вложениот ангажман и остварените резултати. Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk.
Огласот ќе биде активен заклучно со 31.05.2022 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308

Известување за нова локација на банкомат на ЦКБ
5/18/2022Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека ЦКБ постави нов банкомат на следната локација: во просториите на Пакет маркет, ул."Маршал Тито" 140/1, Крива Паланка.
Со почит,
Централна кооперативна Банка АД Скопје

ИЗВЕСТУВАЊЕ за исплата на средства на корисниците на парични права од социјална заштита за месец април
5/3/2022Во насока на намалување на ризикот и заштита на здравјето на клиентите и вработените во Банката, средствата по основ на примања од социјални права за месец април ќе бидат пренесени на сметките на корисниците на 04.05.2022 година (среда).
Сите клиенти кои имаат дебитни картички, средствата може да ги подигнат на банкоматите на ЦКБ или да ги користат средствата за плаќање во трговија почнувајќи од 04.05.2022.
Исплатата на средствата по основ на примања од социјални права на шалтерите во Банката ќе се врши врз основа на азбучен ред од почетната буква на презимето на клиентите во следните 2 групи:
- 04.05.2022 (среда) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ;
- 05.05.2022 (четврток) – М, Н, Њ, О, П, Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
Со почит,
Централна кооперативна банка АД Скопје
Април 2022

Известување за неработен ден
4/29/2022Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека по повод празникот Ден на трудот и празникот Рамазан Бајрам, експозитурите на Централна кооперативна банка АД Скопје нема да работат на следниот датум:
- 02.05.2022 (понеделник).
Со почит,
Централна кооперативна Банка АД Скопје

Известување за неработен ден
4/21/2022Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека по повод претстојните Велигденски празници, експозитурите на Централна кооперативна банка АД Скопје нема да работат на следните датуми:
- 22.04.2022 (петок);
- 23.04.2022 (сабота) и
- 25.04.2022 (понеделник).
Со почит,
Централна кооперативна Банка АД Скопје

ИЗВЕСТУВАЊЕ за предвремена исплата на пензии
4/21/2022Во насока на намалување на ризикот и заштита на здравјето на клиентите и вработените во Банката, средствата по основ на пензии за месец април ќе бидат пренесени на сметките на корисниците на датум 26.04.2022 година.
Сите клиенти кои имаат дебитни картички, пензиите може да ги подигнат на банкоматите на ЦКБ или да ги користат средствата за плаќање во трговија почнувајќи од 26.04.2022.
Исплатата на средствата по основ на пензии на шалтерите во Банката ќе се врши врз основа на висината на пензијата во следните 4 групи:
1. До 11.000 денари
2.11.001-14.000 денари
3. 14.001-18.000 денари
4. Над 18.001 денари
26.04.2022г. (вторник) 27.04.2022г. (среда) 28.04.2022г. (четврток) 29.04.2022г. (петок)
Со почит,
Централна кооперативна банка АД Скопје

ИЗВЕСТУВАЊЕ за исплата на средства на корисниците на парични права од социјална заштита за месец март
4/1/2022Во насока на намалување на ризикот и заштита на здравјето на клиентите и вработените во Банката, средствата по основ на примања од социјални права за месец март ќе бидат пренесени на сметките на корисниците на 04.04.2022 година (понеделник).
Сите клиенти кои имаат дебитни картички, средствата може да ги подигнат на банкоматите на ЦКБ или да ги користат средствата за плаќање во трговија почнувајќи од 04.04.2022.
Исплатата на средствата по основ на примања од социјални права на шалтерите во Банката ќе се врши врз основа на азбучен ред од почетната буква на презимето на клиентите во следните 2 групи:
- 04.04.2022 (понеделник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ;
- 05.04.2022 (вторник) – М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
Со почит,
Централна кооперативна банка АД Скопје
Март 2022

ИЗВЕСТУВАЊЕ за предвремена исплата на пензии
3/28/2022Во насока на намалување на ризикот и заштита на здравјето на клиентите и вработените во Банката, средствата по основ на пензии за месец март ќе бидат пренесени на сметките на корисниците на датум 29.03.2022 година.
Сите клиенти кои имаат дебитни картички, пензиите може да ги подигнат на банкоматите на ЦКБ или да ги користат средствата за плаќање во трговија почнувајќи од 29.03.2022.
Исплатата на средствата по основ на пензии на шалтерите во Банката ќе се врши врз основа на висината на пензијата во следните 4 групи:
1. До 11.000 денари
2.11.001-14.000 денари
3. 14.001-18.000 денари
4. Над 18.001 денари
29.03.2022г. (вторник) 30.03.2022г. (среда) 31.03.2022г. (четврток) 01.04.2022г. (петок)
Со почит,
Централна кооперативна банка АД Скопје

Оглас за вработување
3/23/2022Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на три лица на работно место Соработник за клиентска услуга за Експозитури во Куманово и Пробиштип.
Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и познавања:
- Најмалку високо образование од областа на економските науки;
- Солидно познавање на англиски јазик и албански јазик;
- Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери.
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
- Одлични комуникациски способности;
- Позитивен приод кон работата;
- Висок степен на прецизност.
За ова работни места предвидена е основна нето плата до 25.000 денари во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот, како и можност за дополнителни бонуси и награди во согласност со вложениот ангажман и остварените резултати. Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk.
Огласот ќе биде активен заклучно со 01.04.2022 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308

Оглас за вработување
3/23/2022Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на две лица на работно место Соработник за клиентска услуга во Скопје.
Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и познавања:
- Најмалку високо образование од областа на економските науки;
- Солидно познавање на англиски јазик и албански јазик;
- Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери.
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
- Одлични комуникациски способности;
- Позитивен приод кон работата;
- Висок степен на прецизност.
За ова работни места предвидена е основна нето плата до 25.000 денари во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот, како и можност за дополнителни бонуси и награди во согласност со вложениот ангажман и остварените резултати. Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk.
Огласот ќе биде активен заклучно со 10.04.2022 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308

Оглас за вработување
3/23/2022Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на лицe во Дирекцијата за информатички технологии на работно место Стручен соработник – администратор на оперативни системи
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот (можна е повремена сменска работа)
Неделно работно време: понеделник – петок
Работен однос на неопределено време.
За ова работно место главните задачи и одговорности воглавно се однесуваат на:
- Администрирање на Windows сервери и пратечки сервиси (domain controller, DNS, Group policy, DHCP, Active Directory),
- Одржување и ажурирање на работни станици на Windows, Unix(AIX) и Linux оперативни системи;
- Одржување на виртуелната инфраструктура;
- Водење евиденција, набавка и грижа околу сервисирање на IT опремата;
- Инсталирање, конфигурација и одржување на оперативни системи и системски продукти;
- Имплементација, организација, оптимизација на перформанси и справување со системски проблеми, оперативни системи и системските продукти;
- Следење, безбедносен надзор и усогласување на работата на компјутерските системи и предлагање на промени и подобрувања;
- Превземање на мерки за обезбедување на достапност на системските сервиси (service uptime), работи на отстранување на проблемите и замена на делови;
- Врши надоградба на системот и софтверските пакети со нови верзии или тековните со отстранети недостатоци;
- Планирање и старателство на употребата на носителите на податоци;
- Изработка на безбедносни копии и обновување;
- Изработка на анализи и следење на работата на системските сервиси и информатичките системи;
- Координирање, следење и надзор на работните процеси на групата за хардвер и системски софвер;
- Конфигурирање и администрирање на антивирус и антиспам филтри;
- Мониторинг на работата и перформансите на серверите и ажурирање на нивната техничка документација;
- Развој, имплементација и одржување на нови и постоечки IT сервиси;
- Изработка на упатства, прирачници, процедури и стандарди;
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Универзитетско образование од областа на компјутерски/информатички науки;
- Потребно работно искуство минимум од 2 години;
- Напредно познавање на Windows server OS, Microsoft services(AD, PowerShell, Exchange, MS SQL, Oracle, DNS , DHCP, …);
- Работно искуство со технлогиите за виртуализација ( VMware, Hyper-V,…)
- Mотивираност за проучување, совладување и примена на нови методологии, техники и технологии;
- Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
- Одлични комуникациски способности;
- Позитивен приод кон работата;
- Висок степен на прецизност;
- Возачка довола;
- Познавање на англиски јазик.
За ова работнo места предвидена е основна нето плата во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот.
Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk во кое задолжително треба да наведете за кое работно место аплицирате.
Огласот ќе биде активен заклучно со 07.04.2022 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308

Известување за нова локација на банкомат на ЦКБ
3/9/2022Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека ЦКБ постави нов банкомат на следната локација: во просториите на маркетот Рептил во населба Бутел, ул. А.Урдаревски бб, кат ПР, бр.1 (во близина на Општина Бутел), Скопје.
Со почит,
Централна кооперативна Банка АД Скопје

Известување за нова локација на банкомат на ЦКБ
3/7/2022Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека ЦКБ постави нов банкомат на следната локација: во просториите на АД Осигурителна полиса во населба Тафталиџе, ул. М.Т.Гологанов бр.96, влез 1, кат ПР, бр. 1 (во близина на маркетот Веро Тафталиџе), Скопје.
Со почит,
Централна кооперативна Банка АД Скопје

Оглас за вработување
3/7/2022Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на две лица на работно место Соработник за клиентска услуга во Скопје.
Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и познавања:
- Најмалку високо образование од областа на економските науки;
- Солидно познавање на англиски јазик и албански јазик;
- Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери.
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
- Одлични комуникациски способности;
- Позитивен приод кон работата;
- Висок степен на прецизност.
За ова работни места предвидена е основна нето плата до 25.000 денари во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот, како и можност за дополнителни бонуси и награди во согласност со вложениот ангажман и остварените резултати. Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk.
Огласот ќе биде активен заклучно со 19.03.2022 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308

ИЗВЕСТУВАЊЕ за исплата на средства на корисниците на парични права од социјална заштита за месец февруари
3/2/2022Во насока на намалување на ризикот и заштита на здравјето на клиентите и вработените во Банката, средствата по основ на примања од социјални права за месец февруари ќе бидат пренесени на сметките на корисниците на 03.03.2022 година (четврток).
Сите клиенти кои имаат дебитни картички, средствата може да ги подигнат на банкоматите на ЦКБ или да ги користат средствата за плаќање во трговија почнувајќи од 03.03.2022.
Исплатата на средствата по основ на примања од социјални права на шалтерите во Банката ќе се врши врз основа на азбучен ред од почетната буква на презимето на клиентите во следните 2 групи:
- 03.03.2022 (четврток) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ;
- 04.03.2022 (петок) – М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
Со почит,
Централна кооперативна банка АД Скопје