Октомври 2023
ИЗВЕСТУВАЊЕ за исплата на пензии
10/31/2023Средствата по основ на пензии за месец октомври ќе бидат пренесени на сметките на корисниците на датум 01.11.2023 година.
Сите клиенти кои имаат дебитни картички, пензиите може да ги подигнат на банкоматите на ЦКБ или да ги користат средствата за плаќање во трговија почнувајќи од 01.11.2023 година.
Со почит,
Централна кооперативна банка АД Скопје
Известување за неработен ден
10/20/2023Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека по повод претстојниот празник, Ден на македонската револуционерна борба, експозитурите на Централна кооперативна банка АД Скопје нема да работат на датум:
- 23.10.2023 година (понеделник).
Со почит,
Централна кооперативна Банка ад Скопје
Известување за неработен ден
10/10/2023Почитувани,
Ве известуваме дека по повод претстојниот празник, Ден на народното востание, експозитурите на Централна кооперативна Банка АД Скопје нема да работат на датум:
- 11.10.2023г. (среда).
Со почит,
Централна кооперативна Банка АД Скопје
Оглас за вработување
10/10/2023Централна кооперативна банка АД Скопје, вработува лица на работно место Соработник за клиентска услуга во Скопје.
Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и познавања:
- Најмалку високо образование од областа на економските науки;
- Солидно познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери.
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
- Одлични комуникациски способности;
- Позитивен приод кон работата;
- Висок степен на прецизност.
За ова работни места предвидена е основна нето плата во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот, како и можност за дополнителни бонуси и награди во согласност со вложениот ангажман и остварените резултати. Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk.
Огласот ќе биде активен заклучно со 18.10.2023 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308
ИЗВЕСТУВАЊЕ за исплата на средства на корисниците на парични права од социјална заштита за месец септември
10/4/2023Средствата по основ на примања од социјални права за месец септември ќе бидат пренесени на сметките на корисниците на датум 05.10.2023 година (четврток).
Сите клиенти кои имаат дебитни картички, средствата може да ги подигнат на банкоматите на ЦКБ или да ги користат средствата за плаќање во трговија почнувајќи од 05.10.2023.
Исплатата на средствата по основ на примања од социјални права на шалтерите во Банката ќе се врши врз основа на азбучен ред од почетната буква на презимето на клиентите во следните 2 групи:
- 05.10.2023 (четврток) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ;
- 06.10.2023 (петок) – М, Н, Њ, О, П, Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
Со почит,
Централна кооперативна банка АД Скопје
Септември 2023
ИЗВЕСТУВАЊЕ за исплата на пензии
9/29/2023Средствата по основ на пензии за месец септември ќе бидат пренесени на сметките на корисниците на датум 02.10.2023 година.
Сите клиенти кои имаат дебитни картички, пензиите може да ги подигнат на банкоматите на ЦКБ или да ги користат средствата за плаќање во трговија почнувајќи од 02.10.2023 година.
Со почит,
Централна кооперативна банка АД Скопје
Оглас за вработување
9/29/2023Централна кооперативна банка АД Скопје, вработува едно лице за работно место Корпоративен секретар на Надзорен одбор во Дирекцијата за правни работи во Скопје.
Работниот однос е на определено време со можност за продолжување на истиот на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
За ова работно место главните задачи и одговорности воглавно се однесуваат на:
- Обезбедување организациска и професионална поддршка на Надзорниот одбор и неговиот Претседател и на комисиите;
- Да присуствува и да води записник на состаноците на Надзорниот одбор и на комисиите и да учествува во изготвување на целокупна документација (предлог одлуки, одлуки, материјали и други останати документи) потребна за одржување на седниците на Надзорниот одбор на Банката и на другите органи на Банката , кога е потребно или по налог ;
- Да организира собрание на акционери и да обезбеди постоење на јасна комуникација со акционерите и да учествува во изготвување на целокупна документација (предлог одлуки, одлуки, материјали и други останати документи) потребна за одржување на седниците на Собранијата на акционерите на Банката;
- Да му помага на Надзорниот одбор и доколку се побара да помага и на Управниот одбор со цел да се подобри ефикасноста и квалитетот на работата ;
- Се грижи и одговара за уредно водење на целокупната евиденција и го организира чувањето на документација од Надзорниот одбор на Банката, Одборот за ревизија, Собранијата на акционери др. органи на Банката кога е потребно или по налог;
- Да обезбеди правилно спроведување на постапките во деловодникот за работа на Надзорниот одбор;
- Да извршува други административни задачи поврзани со корпоративното управување на Банката
Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации, вештини и способности:
- Високо стручно образование од областа на правни, филолошки и други општествени или економски науки;
- Претходно работно искуство на слична позиција ќе се смета за предност:
- Одлично познавање и работа на MS Office;
- Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност;
- Високо ниво на професионалност и дискретност;
- Самоиницијативност лојалност и одговорност во извршувањето на работните задачи;
- Способност за работа ефективно самостојно и како дел од тим, со одржување на добри меѓучовечки односи ;
- Одлични комуникациски и организациски вештини.
За ова работнo места предвидена е основна нето плата во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот.
Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308
Оглас за вработување
9/29/2023Централна кооперативна банка АД Скопје, вработува лица на работно место Соработник за клиентска услуга во Велес.
Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и познавања:
- Најмалку високо образование од областа на економските науки;
- Солидно познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери.
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
- Одлични комуникациски способности;
- Позитивен приод кон работата;
- Висок степен на прецизност.
За ова работни места предвидена е основна нето плата во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот, како и можност за дополнителни бонуси и награди во согласност со вложениот ангажман и остварените резултати. Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk.
Огласот ќе биде активен заклучно со 10.10.2023 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308
Оглас за вработување
9/26/2023Централна кооперативна банка АД Скопје има потреба од вработување на 1 лицe за работно место Помлад ревизор во Служба за внатрешна ревизија во Скопје.
Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
Работното место воглавно ги содржи следниве активности:
- Како дел од тимот на внатрешна ревизија, учествува во фазите од ревизорскиот процес и извршување на активностите поврзани со внатрешната ревизија преку давање на независно и објективно уверување и консултантски активности со цел додавање на вредност и подобрување на работењето на Банката.
- Врши следење на почитувањето на регулативната рамка, политиките и процедурите на Банката, етички принципи и прифатените професионални стандарди за вршење на ревизија, како и имплементацијата на политики и процедури за спроведување на ревизорските процеси и други редовни операции во внатрешната ревизија.
- Врши ревизорски тестови и врши подготовка на работна документација како поддршка за извршување на ревизорскиот ангажма, документи, тестови и резултати.
- Следење и почитување на регулативата како и документи и информации добиени од претпоставен во врска работењето на банката.
- Подготвување и презентација на извештаи за утврдени наоди од ревидираната област до Раководителот на Службата за внатрешна ревизија, периодичен мониторинг на спроведувањето на препораките за издадените наоди и следење на корективни акции.
- Врши други релевантни активности дадени од претпоставените.
Кандидатите треба да располагаат со високо образование од областа на економските науки, а избраниот кандидат треба да поседува:
- со најмалку 2 години работно искуство;
- oдлично познавање на работа со компјутери;
- познавање на англиски јазик;
- способност за тимска работа;
- самоиницијативност;
- одговорност;
- лојалност
Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, Вашите кратки биографии заедно со пропратно писмо испратете ги во електронска форма на e-mail: hr@ccbank.mk со назнака „за оглас“. Вашата апликација задолжително треба да го содржи работното место за кое аплицирате.
Огласот ќе биде активен заклучно со 04.10.2023 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации ќе бидат повикани на интервјуа кои ќе се одржат во просториите на Централна кооперативна банка АД Скопје.
Рокот за избор на кандидати е до 45 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308
Оглас за вработување
9/12/2023Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на две лица на работно место Соработник за клиентска услуга во Експозитура Тетово.
Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и познавања:
- Најмалку високо образование од областа на економските науки;
- Солидно познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на македонски и албански јазик;
- Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери.
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Работно искуство најмалку 1 година;
- Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
- Одлични комуникациски способности;
- Позитивен приод кон работата;
- Висок степен на прецизност.
За ова работни места предвидена е основна нето плата во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот, како и можност за дополнителни бонуси и награди во согласност со вложениот ангажман и остварените резултати. Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk.
Огласот ќе биде активен заклучно со 22.09.2023 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308
Известување за неработен ден
9/7/2023Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека по повод претстојниот празник, Ден на независноста, експозитурите на Централна кооперативна Банка АД Скопје нема да работат на датум 08.09.2023 (петок).
Со почит,
Централна кооперативна Банка АД Скопје
ИЗВЕСТУВАЊЕ за исплата на средства на корисниците на парични права од социјална заштита за месец август
9/4/2023Средствата по основ на примања од социјални права за месец август ќе бидат пренесени на сметките на корисниците на 05.09.2023 година (вторник).
Сите клиенти кои имаат дебитни картички, средствата може да ги подигнат на банкоматите на ЦКБ или да ги користат средствата за плаќање во трговија почнувајќи од 05.09.2023.
Исплатата на средствата по основ на примања од социјални права на шалтерите во Банката ќе се врши врз основа на азбучен ред од почетната буква на презимето на клиентите во следните 2 групи:
- 05.09.2023 (вторник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ;
- 06.09.2023 (среда) – М, Н, Њ, О, П, Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
Со почит,
Централна кооперативна банка АД Скопје
Промотивно за сите корисници на ЦКБ Visa картички!
9/4/2023Среда е омилениот ден за кино, а со Cineplexx и ЦКБ Visa картичките уживањето во филмовите е двапати поголемо!
Избери филм од актуелниот Cineplexx репертоар, плати ја картата со ЦКБ Visa картичката и втората ја добиваш како подарок.
*Понудата важи до 31.12.2023 год. или до истекување на средствата предвидени за промоцијата.
За повеќе информации посетете го линкот: The promotions in North Macedonia | Visa (visasoutheasteurope.com)
Август 2023
ИЗВЕСТУВАЊЕ за исплата на пензии
8/31/2023Средствата по основ на пензии за месец август ќе бидат пренесени на сметките на корисниците на датум 01.09.2023 година.
Сите клиенти кои имаат дебитни картички, пензиите може да ги подигнат на банкоматите на ЦКБ или да ги користат средствата за плаќање во трговија почнувајќи од 01.09.2023 година.
Исплатата на средствата по основ на пензии на шалтерите во Банката ќе се врши врз основа на висината на пензијата во следните 2 групи:
1. До 14.000 денари
2. Над 14.001 денари
01.09.2023г. (петок); 04.09.2023г. (понеделник).
Со почит,
Централна кооперативна банка АД Скопје
Известување за неработен ден
8/25/2023Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека по повод претстојниот празник “Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)”, експозитурите на Централна кооперативна банка АД Скопје нема да работат на датум 28.08.2023 (понеделник).
Со почит,
Централна кооперативна Банка АД Скопје
Оглас за вработување
8/8/2023Централна кооперативна банка АД Скопје, вработува лица на работно место Соработник за клиентска услуга во Скопје.
Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.
Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот
Неделно работно време: понеделник – петок
Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и познавања:
- Најмалку високо образование од областа на економските науки;
- Солидно познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери.
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;
- Одлични комуникациски способности;
- Позитивен приод кон работата;
- Висок степен на прецизност.
За ова работни места предвидена е основна нето плата во зависност од квалификациите и искуството на кандидатот, како и можност за дополнителни бонуси и награди во согласност со вложениот ангажман и остварените резултати. Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk.
Огласот ќе биде активен заклучно со 18.08.2023 година.
Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање, односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.
Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Централна кооперативна банка АД Скопје
Ул. 1732 бр. 2
1000 Скопје Р. Македонија
Email: hr@ccbank.mk
Тел. (02) 3 249 308
Известување за исплата на средства на корисниците на парични права од социјална заштита за месец јули
8/3/2023Средствата по основ на примања од социјални права за месец јули ќе бидат пренесени на сметките на корисниците на 04.08.2023 година (петок).
Сите клиенти кои имаат дебитни картички, средствата може да ги подигнат на банкоматите на ЦКБ или да ги користат средствата за плаќање во трговија почнувајќи од 04.08.2023.
Исплатата на средствата по основ на примања од социјални права на шалтерите во Банката ќе се врши врз основа на азбучен ред од почетната буква на презимето на клиентите во следните 2 групи:
- 04.08.2023 (петок) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ;
- 07.08.2023 (понеделник) – М, Н, Њ, О, П, Р, С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
Со почит,
Централна кооперативна банка АД Скопје
Известување за неработен ден
8/1/2023Почитувани клиенти,
Ве известуваме дека по повод претстојниот празник “Ден на Републиката”, експозитурите на Централна кооперативна банка АД Скопје нема да работат на датум:
02.08.2023 година (среда).
Со почит,
Централна кооперативна Банка АД Скопје